fbpx
Таг: дневен ред

таг: дневен ред

Во новиот закон за јавни набавки, исклучоци само за одбраната и безбедноста

Осум исклучоци во кои законот нема да се применува за јавни набавки во одбраната и безбедноста се предвидени во новиот закон за јавни набавки, кој е на дневен ред на денешната, 81-ва, седница на Собранието. Во новиот текст се опфатени само исклучоците, затоа што до крајот на март треба да биде завршен нацртот на сосема нов закон за јавни...

Тунтев поднесе оставка, Рубин Земон доаѓа на неговото место

Томислав Тунтев си поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Овој чекор уследи по најавите дека тој ќе биде именуван за директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Иако засега не е на дневен ред, според најавите од Собранието, точката за констатирање на неговата оставка ќе биде додадена на дневниот ред на денешната 75-та седница, на која ќе...

Шилегов ја повлече одлуката за поскапа вода, одлуката на РКЕ била „политикантска“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната петта седница на Советот на Град Скопје, ги повлече од дневен ред предлог-одлуките со кои беше предвидена промена на цената на водата во Скопје, информираат од таму. - По извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на ЈП „Водовод и канализација“, имајќи предвид дека се политикантски мотивите на Регулаторната комисија, имајќи предвид...

Планот „3-6-9“ и статистиката за истрагите за корупција од лани, денеска на седница на Влада

Владата денеска ќе ја одржи 30. редовна седница, на која, меѓу другото, ќе биде разгледана динамиката и напредокот во исполнувањето на обврските од реформскиот план „3-6-9“, соопшти владината прес-служба. Министрите, како што е најавено, ќе ја разгледаат и информацијата за статистичките податоци за кривичните предмети од областа на корупцијата за 2016 година. На дневен ред ќе биде и информацијата за подобрување...

Собранието на 4 септември ќе решава за огласот за нов државен јавен обвинител

Предлогот на Владата за распишување на оглас за именување на нов државен јавен обвинител е ставен на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, закажана за 4 септември. Како што може да се види од најавата за седницата, на интернет страницата на Собранието, предлогот е 11. точка од дневниот ред на седницата. Според постапката предвидена со Законот за јавни обвинители,...

На дневен ред на седницата на Владата ги нема Србија и изборот на нов Јавен обвинител

Владата на денешната 24. седница по ред ќе расправа по вкупно 66 точки, колку што се наведени во најавата објавена на нејзината официјална интернет-страница. Меѓу темите на дневен ред се предлогот за измени на Законот за внатрешни работи, предлог закон за ратификација на Договорот од Париз за климатските промени и годишни извештаи на државни институции. На седницата ќе биде разгледана и...

Владата останува на својот став и нема да расправа за случајот со Србија на седница

Владата на денешната седница нема да расправа за дипломатскиот инцидент со Србија, која пред два дена го повлече целокупниот персонал од својата амбасада во Скопје, на консултации во Белград, поради, како што изјавија од српското раковдство „офанзивните разузнавачки активности во Македонија против Србија“. Од Владата за „Мета“ велат дека случувањата со Србија не се на дневен ред на денешната седница,...

Собранието денеска паузира, откако вчера го разреши Зврлевски

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе одмораат, откако вчера помина гласањето за разрешување на, сега веќе, поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски. Според келендарот на интернет-страницата на Собранието, „за денеска нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“. Вчера на дневен ред беа преостанатите точки од петтата, шестата и осмата седница, но, пратениците одработија само околу половина час,...

Џафери: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата со 30 реплики за отсутниот Артан Груби

Во двете продолженија по блокадата на собраниската говорница околу пладне, дебатата за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски мина  во посмирен дух. И во двете продолженија Илија Димовски процедурално реагираше да се прекине расправата додека не се добие мислењето од Комисијата за спречување на корупцијата дали може да продолжи постапката за разрешувањето на Зврлевски во период...

Продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието на Република Македонија денеска работат две комисии. Комисијата за финансирање и буџет седми ден расправа за ребалансот на буџетот за 2017 година, а на дневниот ред на нејзината седница е и предлог-закон за дополнување на Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка. Комисијата за труд и социјална политика, пак, расправа за...

Уставниот суд в среда ќе расправа за продолжување на мандатот на градоначалниците

Уставниот суд на Република Македонија в среда, на 10 мај, сепак, ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори. Имено, судот денеска соопшти дека со две нови иницијативи ја проширува агендата за...

Пратениците поделени околу членовите на Комисијата за избори и за именувања

На денешното трето продолжение на конститутивната седница на Собранието, пратениците малку дебатираа за единствените точки на дневниот ред - избор на членовите и на претседателот на Комисијата за избори и за именувања. Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ „делат лекции кој треба да биде избран за член на комисијата, а не дебатират што 10 години поддржуваат...

Со половина час доцнење, почна второто продолжение на конститутивната седница

Со половина час доцнење, почна второто продолжение на конститутивната седница на Собранието, на која прва точка на дневен ред е изборот на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за избори и за именувања, а втора точка е изборот на претседател на Собранието. Вчера претседавачот Трајко Вељаноски ја прекина седницата во 18 часот, иако пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, побара...

Талески да се откаже од снимањето на филмот или да си го плати од свој џеб, бара битолската опозиција

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да се откаже од снимањето на филмот за „глорификација на неговата работа во изминатите три градоначалнички мандати“, побара денеска опозицијата на почетокот на седницата на Советот на Општина Битола. Бидејќи вчера заврши огласот за прибирање понуди за снимање документарен филм за развојот на Битола во периодот 2005-2017 г., во вредност од 508.474 денари (околу 8.000...

Денеска ќе се конституира деветтиот собраниски состав

Собранието на Република Македонија денеска во 13 часот ќе ја одржи конститутивната седница на новиот состав, на која треба да бидат верифицирани мандатите на новоизбраните пратеници и да биде избран новиот претседател на законодавниот дом. Конститутивната седница во средата ја свика претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, веднаш откако Државната изборна комисија (ДИК) им ги врачи уверенијата на кандидатите...

Наместо денеска, Уставниот суд ќе одржи седница в понеделник да се прости со Гошева

Наместо во вообичаениот термин (секоја среда во 9 часот), Уставниот суд ја закажа следната седница за разгледување на иницијативи за понеделник, 31 октомври. Официјално не е познато зошто е оваа рокада во термините, но извесно е дека седницата е закажана за понеделник, на последниот ден од мандатот на актуелната претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева. Веќе од 1 ноември, на претседателското...

За иницијативите за распуштање на Собранието, пратениците ќе расправаат в понеделник

Двете предлог-одлуки за распуштање на Собранието, кои утринава ги поднесоа СДСМ и Демократскиот сојуз, веќе се ставени на дневен ред на пленарна седница. Двете точки, од кои право е барањето на Павле Трајанов од ДС, се ставени на дневен ред на седницата која е закажана за понеделник во 12 часот, веднаш по точката за донесување на буџетот за 2017 година. Претходно,...

Вељаноски има дури 10 дена да ја стави иницијативата за распуштање на дневен ред

Десет работни дена има претседателот Трајко Вељаноски за да свика седница и да го стави на дневен ред барањето за распуштање на Собранието. Утринава пратеничката група на СДСМ и пратеникот Павле Трајанов поднесоа барања за распуштање на Собранието. Координаторот на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека во интерес на решавање на политичката криза, нивната партија сака да покаже дека останува на...

Крстот во Бутел, наместо законот за СЈО, на дневен ред на Уставниот суд в среда

Иницијативата за оценка на уставноста на законот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), чие разгледување е едно од клучните барања на „Шарената револуција“, не е на дневен ниту на следната седница на Уставниот суд, закажана за 22 јуни. На агендата за следната седница на Уставниот суд, објавена денеска, на дневен ред повторно ќе биде иницијативата за оценка на уставноста и на...

Одбројувањето не го премислува Уставниот суд за СЈО

Уставните судии речиси со сигурност на утрешната седница нема да ја разгледуваат иницијативата за уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство, што е едно од клучните барања на граѓаните, организирани околу граѓанската иницијатива „Протестирам“ и „Шарената револуција“. Од Уставниот суд за „Мета“ велат дека нема да има промена на дневниот ред на седницата закажана за утре, во 9 часот, објавен минатата...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...