fbpx
Таг: Дмитриј Песков

таг: Дмитриј Песков

Кремљ за прв пат „специјалната воена операција“ во Украина ја нарече војна

Русија сега вели дека е во „војна“ со Украина поради наводно мешање на Западот во она што Москва претходно го нарекуваше „специјална воена операција“. Ваква изјава даде портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за медиумот „Аргументи и факти“, кој е во сопственост на општинската влада во Москва, пренесе Радио Слободна Европа. „Ние сме во војна. Навистина, таа започна како специјална воена...

Нема никакво спојување на Русија и Белорусија

Постот пренесува лажна изјава на Песков врз основа на која дезинформира дека ќе има некакво спојување на Русија и Белорусија. Нашата проверка покажа дека, ниту Песков дал изјава, дека со настапот на Путин на 26 јуни ќе биде одредена судбината на Русија, ниту пак, Путин во обраќањето објави некакво спојување со Белорусија. Тој во својот говор се осврна на...

Украинските контранапади ја забавуваат руската офанзива на исток, се очекува евакуацијата на граѓаните на Мариупол

Руските трупи ја продолжуваат офанзивта во источниот регион Донбас во обид целосно да го заземат индустриското срце на Украина, но постигнаа мал напредок бидејќи жестоките украински контранапади ги забавија нивните напори, изјавија во саботата украинските и британските власти, пренесе Асошиетед Прес. Русија продолжува да се бори за целосна контрола на областите Доњецк и Луганск кои го сочинуваат Донбас и се...

Њузвик: Русија конечно ја отфрли употребата на нуклеарно оружје во војната во Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков порача дека Русија не размислува да прибегне кон употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина и го повтори ставот на официјална Москва дека употребата на такви средства би уследила само по „закана по постоењето“, пренесува Њузвик. Во интервјуто за американската непрофитна медиумска мрежа ПБС, Песков беше запрашан да ги појасни коментарите од поранешниот претседател...

Новинарката која ја разоткри руската пропаганда среде вести на државната руска телевизија, е пријавена за исчезната

Марина Овсинјакова, новинарката и уредничка на руската државна телевизија „Канал 1“ која вчера протестираше против војната во Украина и пропагандата на Кремљ, е пријавена за исчезната, јави Би-Би-Си. Вчера, среде вестите во живо на државната телевизија, таа се појави зад водителката и извика „Запрете ја војната“  држејќи транспарент на кој пишуваше: „Не за војната, прекинете ја војната, не верувајте во...

Кремљ: Членството на Македонија во НАТО е нејзино суверено право

Приклучувањето на Македонија во НАТО е суверено право на земјата. Москва негува добри односи со Скопје, но се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Тоа е суверена одлука на самата Македонија. Ние ги цениме и одржуваме добри односи со Македонија. Се разбира, заинтересирани сме за развој на билатералната соработка....

Песков: САД мора да покаже политичка волја за да се поправат односите со Русија

Вашингтон мора да покаже „политичка волја“ за да се поправат руско-американските односи, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Портпаролот на Кремљ рече дека за обновување на односите потребно е САД да се ослободат од „политичката шизофренија“ и да се воздржат од „диктатот со санкции“. Русија, додаде тој, останува заинтересирана за конструктивна соработка со САД. Американскиот Сенат во петокот освои закон...

Нападот на САД во Сирија е агресија врз суверена држава, оцени Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го осуди американскиот напад на Сирија и рече дека тоа е агресија врз една суверена држава и кршење на меѓународното право, соопшти денеска Кремљ. Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, рече дека Путин смета дека нападот е обид да се сврти вниманието на меѓународната заедница од големиот број цивилни жртви во операциите на коалицијата предвидена...

Не сакаме НАТО да се шири кон истокот на Европа, порача Москва

Русија негативно се однесува кон можното понатамошно ширење на НАТО кон истокот на Европа, изјави прес-секретарот на претстедателот на Русија, Дмитриј Песков. - Во секој случај, ако се изведе заклучок од некои медиумски соопштенија и изјави, односот на Руската Федерација кон експанзијата на НАТО кон Исток е добро познат. Ние сме против тоа - рече Песков. Тој додаде дека не сака да ги...

Песков: Се надевам дека проруските сили на истокот на Украина имаат доволно муниција

Се надевам дека проруските сили на истокот на Украина имаат доволно муниција да одговорат на агресивните акции на украинската војска, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој истакна дека е најважно да се убеди Киев да престане со таквите непромислени акции кои можат да го поткопаат мировниот процес од Минск. Властите на Украина и проруските сили вчера се обвинуваа едни со...

Западните санкции кон Русија нема наскоро да бидат укинати, смета Медведев

Русија не би требало да се залажува дека западните санкции кон земјата наскоро ќе бидат укинати, изјавил денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев, јавуваат светските агенции. „Очигледно е дека сето ова ќе трае уште долго. Да не се потпираме на нечиј избор, на нови странски лидери“, рекол Медведев на состанокот на владејачката партија Единствена Русија. Коментирајќи го неодамнешното интервју на новиот претседател...

Песков: Уривањето на рускиот авион е сериозен инцидент

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, рече дека соборувањето на рускиот воен авион „су-24“ во Сирија претставува сериозен инцидент, но додаде дека е рано да се донесуваат заклучоци. - Невозможно е да се каже што било без да се имаат целосни информации - рече Песков. Анкара соопшти дека рускиот авион е соборен во близина на сириската граница, откако, и покрај...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...