fbpx
Таг: Дмитриј Медведев

таг: Дмитриј Медведев

Смртта на Навални ги засени дезинформациите од Москва за воениот поход во Украина

Иако во февруари се одбележуваат две години страдање од руската агресија на Украина, илјадници загинати и безмерно уривање на сè што е важно за Украина и за Украинците, дезинформациите од Москва за овој нејзин воен поход и натаму упорно се пласираат во светот. Тие беа поттикнати лично од Путин во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон, но потоа беа...

Сопрена американската помош за Украина

Помошта од САД за Украина е привремено блокирана, соопшти Белата куќа денеска, откако Конгресот не успеа да ги одобри дополнителните пари за Украина што американскиот претседател Џо Бајден ги побара на крајот на минатата година. Гласањето беше одложено, а републиканските конгресмени го условија одобрувањето на помошта за Украина и неколку други земји од 106 милијарди долари со засилување на обезбедувањето...

Потерницата од Хаг за Путин – главен мотор на новите руски дезинформации и закани

Март во македонскиот медиумски простор беше одбележан со еден главен и нов дезинформациски наратив од Москва, кој беше разработен кратко време по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за права на децата Марија Лвова Белева. Два дена по објавената „потерница“ по Путин, од Москва стигнаа закани дека...

„Луди нацистистички наркомани“ – како се смени реториката на Медведев од либерална кон анти-западна?

Од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, во февруари годинава, реториката на рускиот екс-претседател Димитри Медведев стана сè пожестока, особено за човек кој претходно не се експонирал премногу во јавноста, а своевремено се сметал за либерален модернизатор. Тој на социјалните мрежи за ЕУ, НАТО и за Украина употребува зборови како „наркомани“, „нацисти“, „им тече плунка од дегенерација“,...

Урсула фон дер Лајен не купувала вакцини од компанијата на сопругот

Постот неточно тврди дека Фон дер Лајен купила вакцини од компанијата на нејзиниот сопруг, Хајко Ехтер фон дер Лајен. Тој е германски лекар и од септември 2020 година е медицински директор на американската биотехнолошка компанија Orgenesis, која е специјализирана за клеточни и генски терапии, а не за вакцини против ковид-19. Самата изјава на поранешниот руски претседател Димитри Медведев, којашто...

Обединетото Кралство со санкции кон руски банки и олигарси по вчерашниот потег на Москва

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска информираше дека Обединетото Кралство воведува санкции против пет руски банки и тројца олигарси, јавува Индипендент. Целиот имот што го имаат во Обединетото Кралство ќе биде замрзнат, додека на поединци ќе им биде забранет нивниот влез. Станува збор за банките Росија, ИС Банк, Џенерал Банк, Промсвјазбанк и Црноморска банка за трговија и развој, додека под санкции...

Иранскиот претседател во посета на Москва

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а глвна тема на разговорите, според најавите, треба да бидат војната во Сирија и економската соработка, јавуваат светските агенции. Рохани, кој во својата прва посета на Москва пристигна вчеравечер, веќе имаше средба со рускиот премиер, Дмитриј Медведев. По состанокот тој изразил надеж дека неговата...

Западните санкции кон Русија нема наскоро да бидат укинати, смета Медведев

Русија не би требало да се залажува дека западните санкции кон земјата наскоро ќе бидат укинати, изјавил денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев, јавуваат светските агенции. „Очигледно е дека сето ова ќе трае уште долго. Да не се потпираме на нечиј избор, на нови странски лидери“, рекол Медведев на состанокот на владејачката партија Единствена Русија. Коментирајќи го неодамнешното интервју на новиот претседател...

Јилдирим – Медведев: Турција и Русија имаат важна улога во борбата против тероризмот

Русија и Турција имаат важна улога во борбата против тероризмот, оценија денеска турскиот и рускиот премиер, Бинали Јилдирим и Дмитриј Медведев, на средбата во Москва. - Турција и Русија имаат големо значење не само во смисла на односите помеѓу двете земји, туку и во борбата против тероризмот и во гарантирањето на мирот – изјави Јилдирим при посетата на Русија. Медведев истакна дека...

Медведев итно евакуиран поради пожар во Москва

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, и другите учесници на форумот во рускиот Научно-истражувачки центар се евакуирани откако е забележан чад во зградата. Во Научно-истражувачкиот центар „Сколково“ во Москва се активирале противпожарните аларми, по што учесниците на форумот се извлечени од зградата. Како што пренесува „Раша тудеј“, учесниците на собирот, меѓу кои бил и премиерот Дмитриј Медведев, се замолени од безбедносни причини...

Руски земјоделци бараат средба со Путин и ќе го блокираат Кремљ

Трактори, земјоделска механизација и автомобили тргнаа на пат од Црно Море кон Кремљ. Руските земјоделсци се незадоволни бидјеќи, како што велат, владата ги игнорира нивните проблеми, па решиле да побараат состанок со претседателот Владимир Путин. Тие, од областа Краснодар тргнале на пат долг 1.300 километри до Москва, каде што нивниот водач, Василиј Мељниченко, ќе бара лично да се сретне со Путин. https://twitter.com/melnichenko_va/status/767293344678543360 Земјоделците се незадоволни...

Русија е подготвена да разговара со Турција

Русија е подготвена да разговара со турските власти на секое ниво, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, а пренесува „Спутник“. Според него, на Русите треба да им се овозможи да летуваат во Турција уште оваа сезона, но неопходно е да се реши прашањето поврзано со безбедноста. - Станува збор за тоа да им се помогне на нашите луѓе кои сакаат да летуваат...

Медведев: Ќе се вратиме на тригодишно планирање на буџетот

Русија ќе се врати на тригодишно планирање на буџетот, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев. - Ќе се вратиме на тригодишно планирање на буџетот. Тоа ни пружа појасна визија за перпективите – изјави Медведев во обраќањето пред државна Дума. Тој, исто така, истакна дека Русија не планира да печати нови банкноти со кои ќе се финансира буџетскиот дефицит, како и тоа дека...

Медведев: Операциите во Сирија не се товар за буџетот на Русија

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека операциите на воздушните сили во Сирија, кои почнаа на 30 септември, не се товар за буџетот на Русија. Медведев истакна дека руското министерство за одбрана не потрошило повеќе пари од планираниот износ од буџетот. Тој посочи дека руската војска не побарала од владата дополнителни средства за кампањата во Сирија. Руската економија минува низ тежок период...

Медведев: Анкара ја брани Исламска држава поради финансиски интереси

Некои турски претставници имаат „директен финансиски интерес“ од трговијата со нафта со терористичката група Исламска држава, изјави рускиот премиер, Дмитриј Медведев, говорејќи за можните руски контрамерки против Турција поради уривањето на рускиот авион во Сирија. - Дејствата на Турција се де факто заштита на Исламска држава. Тоа не изненадува, имајќи ги предвид информациите што ги поседуваме за директниот финансиски интерес на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...