fbpx
Таг: ДКСК

таг: ДКСК

Според Џафери, Владата немала надлежност по одлуките на ДКСК?!

Талат Џафери, премиер на техничката влада, по однос на специфично прашање за лицето Дрин Ахмети и генерално за неспроведување на заклучоци и други акти од Антикорупциската комисија, даде невистинита изјава дека Владата немала таква надлежност. Законите, сепак, велат поинаку, а во крајна линија, Владата има и посебен вицепремиер за добро владеење, во чија надлежност се и антикорупциските и прашањата...

(АНАЛИЗА): Депонии, градинки, локални патишта – владините и партиските функционери на терен, ДКСК потсетува да нема злоупотреби

Официјално, изборната кампања за претседателските и за парламентарните избори не е почната. Неофицијално, партиските лидери и актуелни функционери во техничката влада веќе се „растрчани“ на терен – неретко во друштво на сопартијци – градоначалници, министри со ист партиски „дрес“, директори и пратеници, пишува Порталб.мк. Државната комисија за спречување на корупцијата ги постави правилата на „игра“ за изборната кампања. На хартија...

Ганиу, Касами и Меџити на листата на Антикорупциска поради недоставување документи

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, министерот за здравство Фатмир Меџити, првиот човек на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски, се дел од функционерите кои ги платиле казните од Државната комисија за спречување на корупцијата изречени поради недоставување на документацијата за предметите што ги отворила оваа институција. Тие и по плаќањето на казните...

За пет години нема епилог од ниту една иницијатива на Антикорупциската

Завршува петгодишниот мандат на Антикорупциската комисија. Иако актуелниот состав на ДКСК редовно добиваше позитивни оценки за својата работа во извештаите на Европската комисија, поднесе 59 иницијативи за разрешување и 56 иницијативи за кривично гонење, но за ниту една од нив нема разрешница. Оттаму, легитимно се поставува прашањето чуму постои оваа институција доколку не постои слух кај истражните органи да...

Жените кои не молчат пред корупцијата: Ристоска, Дамева, Ивановска, Адеми, Трповска

За да се разбере најдобро степенот и напредокот во борбата против корупцијата во годината што измина, доволно е да се прочита втората реченица од Извештајот на Европската комисија во делот на борбата против корупцијата која буквално кажува сè - „не е постигнат никаков напредок“. Корупцијата како најверен, долгогодишен „пријател“ на земјава, си го задржа својот статус во речиси секоја пора...

Антикорупциска пред Уставниот суд ќе го оспори балансерот за вработувањата по националност

Државната комисија за спречување на корупцијата пред Уставниот суд ќе поднесе иницијатива за преиспитување на алатката балансер, која овозможува вработувања во државните и јавни институции според етничка припадност. Антикорупционерите изготвиле анализа во однос на тоа колку ваквиот вид вработувања носат можни ризици за корупција и ризици за трговија со влијанија, а при изготвувањето на анализата, Министерството за политички систем и...

ДКСК со корупциска афера на крајот на годината – злоупотреби со набавката на мазут за пораст на цената на струјата

Антикорупциската комисија на денешната седница поднесе иницијатива до Обвинителството, Владата, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Регулаторната комисија за енергетика, финансиската полиција и до УЈП поради сериозни сомнежи за монополско и непријателско здружување на пазарот на мазут во земјава, со цел предизвикување пораст на неговата цена и пораст на цената на електричната енергија на штета на домашното стопанство, граѓаните и...

Собранието го избра новиот состав на Антикорупциската комисија

Со 97 гласа „ЗА“, Собранието на РСМ денеска го избра новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). За претседателка на Антикорупциската комисија е избрана Татјана Димитровска. Во новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе бидат вклучени Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски....

Државата глува на наодите за корупција од ревизорите и од антикорупционерите

Државниот завод за ревизија до Јавното обвинителство за 2022 година доставил 22 извештаи за 20 институции, од кои досега повратна информација имаат добиено само за пет конечни ревизорски извештаи. Ова денеска го изјави Максим Ацевски, главниот државен ревизор, посочувајќи дека не е задоволен од начинот на постапување на надлежните институции по конечните објавени ревизорски извештаи. „Досега повратна информација имаме за...

Новите антикорупционери го поминаа филтерот пред собраниската комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја утврди листата за избор на претседател и членови на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. Седумте најдобро рангирани кандидати за членови на ДКСК добија поддршка од членовите на собраниската Комисија. Претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Марија Георгиевска информира дека листата со утврдените кандидати...

Осуда од Платформата за борба против корупција за партизацијата при изборот на нови членови на ДКСК

Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро ги осудува, како што велат, партизацијата и изигрувањето на процесот на избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Платформата изрази поддршка на Снежана Камиловска Трповска, која како член на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на новиот состав на ДКСК вчера објави изрази издвоено...

Необјективно и оркестрирано гласање при изборот на новата Антикорупциска комисија

антикорупциска комисија
Снежана Камиловска Трповска, член на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска објави издвоено мислење по однос на утврдената ранг-листа на кандидатите за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како претставник на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од областа...

Познат новиот состав на Антикорупциска – доминираат ревизори и вработени во ДКСК

антикорупциска комисија
Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски се членовите на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), дознава Мета.мк. Во текот на вчерашниот ден составот на комисијата вршеше бодување на пријавените 42 кандидати, и дури доцна вечерта, беше утврдено дека овие седум кандидати добиле највисоки оценки. Татјана...

Јавен избор со тајни биографии на новите кандидати за Антикорупциска

Биографиите на кандидатите за членови на Антикорупциската комисија се тајни за јавноста. До денеска вечер комисијата треба да го изврши бодувањето на 42 кандидати кои се пријавија за кандидати или за претседател на новиот состав на ДКСК, но нивните биографии останаа скриени од очите на граѓаните. Во хард-копи биографиите ги добија само членовите на комисијата која одлучува за нивниот...

Разрешени и актуелни судии, адвокати и вработени во државни институции влегуваат во трка за нови антикорупциoнери

антикорупциска комисија
Од утре, па до сабота ќе трае административната проверка, односно интервјуата на 42 лица кои се пријавија на огласот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. На списокот пријавени, како што анализираше Мета, се наоѓаат две разрешени судијки и две актуелни судијки, адвокати, вработени во јавни и државни институции, но и голем број луѓе кои не...

Антикорупциска бара Судскиот совет да ја разгледа пресудата против ИРЛ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска го повика Судскиот совет Македонија во рамки на законските надлежности што ги има да го разгледа случајот со судската одлука донесена од судијката Јованка Спировска Панева против со ИРЛ и новинарката Сашка Цветковска. Антикорупционерите укажуваат на неопходноста да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот како темели на демократијата, а...

„Еуровиа“ подизведува и за „Бехтел-Енка“, за опозицијата шокантен податок, за власта нема ништо спорно

Градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Кичево вчера почнаа кај гостиварското село Горна Бањица од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Порталот А1он.мк деновиве објави дека фирмите „Еуровиа“, „АК Инвест“ и „Стентон градба“ се фирмите што се избрани за подизведувачи, додека вицепремиерот Артан Груби на вчерашната свеченост воопшто не го демантираше изборот на подизведувачи. „Целосната надлежност за подизведувачите е во рацете...

Антикорупциска: ДУИ го прекршила Законот за финансирање на политичките партии

антикорупциска комисија
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница утврди дека ДУИ го прекршила Законот за финансирање на политичките партии бидејќи во 2022 година примила донации кои биле поголеми од законски дозволените суми, а вишокот средства не ги вратила веднаш или во рок од 15 дена по приемот, туку дури во јули 2023 година. Членот на Државната комисија за...

МНР ги поднесе документите за тендерот од 1,8 милиони евра до обвинителството и до антикорупциската

Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја доставило тендерската документација за уредување на салата „Борис Трајковски“, за потребите на конференцијата на ОБСЕ од 1,8 милиони евра, што ја доби фирмата „Еуровиа“ од Желино. Причината за ова е што во јавноста беше обеледонето дека...

Антикорупциска ќе бара распуштање на Советот на општина Карпош поради ДУП-от за „Пуцко Петрол“

Антикорупциската комисија ќе достави до Министерството за локална самоуправа претставка за понатамошно постапување за распуштање на Советот на општина Карпош во согласност со членот 75, став 1, точка 1 од Законот за локална самоуправа поради тоа што во два навратa го донеле Деталниот урбанистички план за градската четврт 3 04, а истиот бил поништен од Уставниот суд. Во спорниот ДУП...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...