fbpx
Таг: ДИЖС

таг: ДИЖС

Оловниот отпад од акумулатори сè уште стои на отворено во Ѓорче Петров, се бара компанија што ќе го транспортира

Компанијата „Рецикл Еко Старт“ сè уште не го исчистила опасниот отпад од преработка на стари акумулатори од плацот во селото Орман во Ѓорче Петров. Компанијата, која доби кривична пријава од Државниот инспекторат за животна средина заради тоа што незаконски и без дозвола собирала и преработувала отпад што содржи олово, не може да најде компанија која ќе го спакува и...

ДИЖС ќе го испитува отпадот од акумулатори во Ѓорче Петров, ќе следи кривична пријава и казна

Државниот инспекторат за животна средина ќе испитува каков отпад е фрлен на приватна парцела во селото Орман во близина на реката Лепенец, што беше откриен пред десетина дена. Инспектори од ДИЖС, заедно со колегите од Општината Ѓорче Петров и овластена лабораторија денеска на две места ќе земат примероци од отпадот, на локацијата каде што е создадена депонијата, но и...

ДИЖС откри опасен отпад расфрлан на нива кај скопското село Орман

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека откриле околу 500 до 600 тони опасен отпад расфрлан наземјиште во скопското село Орман на територијата на Општина Ѓорче Петров, соопшти Джравниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), пренесува Радио Слободна Европа на македонски јазик. „При редовна обиколка од страна на овластениот инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров на ден 10.10.2023...

Депонијата „Дрисла“ може да ја казнат до 120.000 евра за загадувањето на Маркова Река

Од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) објавија дека против депонијата „Дрисла“ ќе добие прекршочна санкција поради загадувањето на водите на Маркова Река. Ова е епилогот на вонредниот инспекциски надзор направен на 4 септември годинава на барање на здружението „Младите од Батинци“, коишто веќе протестираа пред скопската депонија. Од ДИЖС визуелно утврдиле дека има загадување на Маркова Река со темно-кафеава...

Два дела од малата депонија со линдан во ОХИС се целосно исчистени, извезени се 960 тони отпад

Два дела од малата депонија со линдан во ОХИС се целосно исчистени, а 960 тони отпад се веќе извезени во Франција. Спакувана е и контаминираната почва извадена од исчистениот дел од депонијата во седум метални контејнери. Од нив три се веќе извезени во Германија заради деконтаминација, а останатите четири чекаат да се извезат исто така во Германија. Според информациите од...

ДИЖС: Државата треба да обезбеди средства за решавање на арсенот во Лојане и отпадниот гипс во Згрополци

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) врши инспекциски надзори и од извршените контроли на старите еколошки загадувања само го известува Министерството за животна средина, но нема други обврски поврзани со санирањето на жешките еколошки точки во земјава. „Министерството треба да обезбеди средства овие локации да бидат прописно заградени и означени, како и да обезбеди средства и за нивна ремедијација. Инспекторатот...

„Шорткат“ денеска со репортажа од Португалија, бевме во најстарата банка за храна

Екипата на „Шорткат“ летово беше во посета на Португалија, од каде што за најновата епизода што ќе се емитува денеска носиме репортажа за најстарата банка за храна во оваа земја, која што се бори против фрлањето на храна во отпад и за спречување на гладта меѓу луѓето. Во „Шорткат“ ќе може да се информирате и за онлајн дебатата „Младите и...

Статус кво со изградбата на регионалната депонија во Свети Николе, постојните депонии се палат

Наместо меѓународен тендер за избор на компанија што ќе ја гради модерната регионална депонија кај овчеполското село Мечкуевци, источниот дел на Македонија се соочува со палење на постојните депонии и енормно загадување на воздухот во летните месеци. Откако Општина Свети Николе на почетокот од годинава се изјасни дека е против изградбата на регионалната депонија на нејзина територија пред самото распишување...

Огромни 85,8 отсто од отпадните индустриски води се испуштаат непрочистени во природата [инфографик]

Испуштените води од индустријата во земјава во огромно мнозинство се вливаат како непречистени во македонските реки, езера и акумулации. Овој алармантен податок го објави Државниот завод за статистика и за 2021 година. Од вкупно испуштените води од индустријата, само 14,2 отсто лани биле пречистени. Преостанатите 85,8 отсто од индустриските води биле испуштени како непречистени во природата, се наведува во...

Криминалистичката полиција ефикасно да ги открива случаите на еколошки криминал

Загадување на воздухот, водата, почвата, деградација на дивиот свет, намалување на биодиверзитетот и нарушување на еколошката рамнотежа. Секојдневно живееме многу аспекти на еколошкиот криминал. Експертите посочуваат дека ќе има вистинска борба со еколошкиот криминал, само ако криминалистичката полиција ефикасно ги открива делата и собира доволно докази, за да може на основа на тоа да поднесе кривична пријава до јавното...

Kонтролите на инспекторите за животна средина што ги прават кај загадувачите ќе бидат јавни преку нова дигитална платформа

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска го промовираше Дигиталниот регистар за субјекти на инспекциски надзор и инспекциски извештаи, во кој се содржани сите податоци за компаниите кои имаат А и Б-интегрирани дозволи и елаборати и инспекциските надзори кои се извршени кај нив. Регистарот, кој е изработен во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамките на кампањата „Разбистри...

ДИЖС лани бил во Јегуновце, неправилности со прочистување на шестовалентниот хром не утврдил

Пред една година, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за последен пат бил во инспекциски надзор на пречистителната станица за отпадни води во фабриката „Југохром“ во Јегуновце. На барање на Мета.мк, од ДИЖС добивме информација дека на 24 март 2021 година бил извршен редовен инспекциски надзор, при што не биле утврдени неправилности во работењето при прочистувањето на шестовалентниот хром...

Во „Дрисла“ не се селектира и рециклира отпад, иако Скопскиот регион создава најмногу ѓубре

Скопската депонија „Дрисла“ е најголема локација каде што се одлага отпадот на национално ниво, но која што до денешен ден не поседува секундарен центар за селекција на отпад и постројки за рециклирање на отпадот. Пред три недели беше пуштен во употреба модерен стерилизатор за третман на медицинскиот отпад (автоклав), но другите видови на отпад се носат директно на одлагање...

„Разбистри сè“ реагира на изјавата на Морачанин, тврдат дека соработката со Петровска и ДИЖС била на високо ниво

Алијансата „Разбистри сè“, во која членуваат 29 граѓански организации, денеска реагираше на образложението на претседателката на партијата ДОМ, Маја Морачанин околу причините за разрешувањето на директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска. Од Разбистри сè“, во соопштение до јавноста посочуваат дека Морачанин ги злоупотребува наодите на Алијансата за работата на Државниот инспекторат за животна средина и информираат...

ДИЖС: 3.000 евра казна за запалена депонија во Велес

На 29 јули, државен инспектор за животна средина изврши надзор на запалена депонија во Велес, од која беше загаден и воздухот во градот, информираат од Државен инспекторат за животна средина. „По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови (дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор), согласно...

ДИЖС со 20.000 евра казна за компанија што испуштила мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско. Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви. „За правното лице е изречена казна од 20.000...

ДИЖС по проверките за загадената вода во канали за наводнување во Кочанско нема да ја затвори „Пејпер Мил“

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека, по пријавување за загадување на водите во Кочанско, спроведен е надзор на посочени локации на западниот и на источниот дел на градот. Во западната зона немало основа за постапување на инспектор, бидејќи белата течност што била забележана покрај патот потекнува од излевање на шахта на колекторот поради обилните дождови, соопштија од ДИЖС. „Дезинформација...

ДИЖС: „Пејпар Мил“ мора да го контролира испуштањето на отпадните води согласно наредбата на инспекторот

По рестартирањето на „Пејпар Мил“, обоени отпадни води се испуштаат во отворен канал што потоа се влива во Оризарска Река, а водата од реката, заедно со водите од хидроакумулациите Калиманци и Градче, се користи за наводнување на оризовите полиња, информираат од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). „Државен инспектор за животна средина на 26 април излезе на терен и утврди...

ДИЖС најави кривична пријава за палењето трски во Струшко

По извршениот надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина и инспектори од Одделението за внатрешни работи од Струга на опожареното земјиште на потегот од плажите Версус, Аквариус и ресторанот Аполонија, во насока кон селото Калишта, Струшко, ќе биде спроведена истрага за откривање на сторителот, против кого ќе се поднесе кривична пријава, информираат од ДИЖС. „Опожарени се трски и...

ДИЖС и амбасадата на САД го одбележаа Светскиот ден на планетата Земја со посета на жариштето ОХИС

фото : ДИЖС
Оваа година Светскиот ден на планетата Земја (22 април) се одбележува под мотото „Да ја обновиме Земјата”, а една од темите што глобално се обработуваат е „Чистење и многу повеќе”. По тој повод, директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ана Петровска, заедно со претставници на амбасадата на САД, Ендру Мофат и Розита Мреноски, пред два дена го...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...