!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Цената на горивата се намалува за половина денар


Скопје, 16 октомври, 2017 - 15:27 (META) 

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“, на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство, од вечер на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулатрната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 63 денари за еден литар, на „еуродизел“ – 51 денар, а „еуросупер БС-98“ останува со цена од 65 денари за еден литар.

Намалувањето се должи на пониската просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар, како и на намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.


Извозот во првите осум месеци поголем за 13,2 проценти во однос на лани


Скопје, 4 октомври, 2017 - 14:33 (META) 

Во периодот од јануари до август 2017 година, извозот изнесувал 3.530.976.000 долари и бележи пораст од 13,2 проценти во однос на истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.777.516.000 долари, што е за 8,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во првите осум месеци изнесува 1.246.540.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Бугарија.


Дизел-горивото поскапува, а цената на бензинот останува иста


Скопје, 2 октомври, 2017 - 16:36 (META) 

Од ноќеска на полноќ дизел-горивото поскапува за два денари по литар, а цената на бензинот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“останува 63,5денари, односно 65 денари за еден литар. Дизел-горивото ќе се продава за 51,5 денари за еден литар.

Како причина за зголемувањето на цената на дизел-горивото од РКЕ ги посочуваат за 5,19 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.


Во Европа, 4.500 луѓе годишно умираат од издувни гасови


Брисел, 18 септември, 2017 - 11:21 (META) 

Истражувачите соопштија дека годишно во Европа, прерано умираат повеќе од 4.500 лица, затоа што автомобилите на дизел-горива емитуваат повеќе штетни гасови отколку што производителите тврдат, пишуваат светските медиуми.

Студијата е објавена две години откако „Фолксваген“ призна дека лажел на тестовите за емисија на штетни гасови со вградување нелегален софтвер во милиони свои возила на дизел-мотори.

Се проценува дека ситните честички од автомобилските гасови кои се опасни по човековото здравје предизвикуваат вкупно 425.000 прерани смртни случаи во ЕУ, Норвешка и во Швајцарија.

Научниците пресметале дека прекумерната емисија на дизел-горивата кон тоа придонесува со 4.560 случаи секоја година.

Ризикот е најголем каде што е голема концентрација на автомобили на дизел-горива како на северот на Италија, наведуваат истражувачите на Меѓународниот институт за примена на системски анализи од Австрија и од Норвешка.


Бензинот поскапува, дизел-горивото со иста цена


Скопје, 4 септември, 2017 - 13:37 (META) 

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, „еуросупер БС-98“ ќе поскапи за половина денар, додека цената на „еуродизел“ останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 63 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 64,50 денари, а еден литар „еуродизел“ и во наредните две недели ќе чини 48 денари.


Бензинот „еуросупер БС – 98“ поскапува минимално


Скопје, 21 август, 2017 - 14:45 (META) 

Цените на бензинот „еуросупер БС – 95“ и на дизелот остануваат исти, а цената на „еуросупер БС – 98“ се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новата одлука, цената на „еуросупер БС – 95“ ќе биде 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на „еуросупер БС – 98“ ќе изнесува 64 денари за литар.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар, изминатите две недели била за 0,33 проценти повисока од претходниот период, а курсот на денарот бил понизок во однос на доларот.


Горивата поскапуваат за еден денар по литар


Скопје, 7 август, 2017 - 14:47 (META) 

Бензинот и дизел-горивото од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 62 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 63,5 денари, а еден литар „еуродизел“ ќе чини 48 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 6,89 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,97 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.


Бензинот „еуросупер БС-95“ поскапува за половина денар


Скопје, 24 јули, 2017 - 13:20 (META) 

Бензинот „еуросупер БС-95“ од полноќ поскапува за половина денар за еден литар, а цените на „еуросупер БС-98“ и на дизел-горивата остануваат исти, одлучи денеска Регулаторнста комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 61 денар за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 62,50 денари, а „еуродизелот“ за 47 денари.


Дизел-горивото поскапува, бензинот останува со иста цена


Скопје, 10 јули, 2017 - 14:48 (META) 

Регулаторната комисија за енергетика со најновата одлука за цените на горивата, определи поскапување само на дизел-горивото, додека бензинот останува со истата цена како во последниве две недели.

Со поскапувањето од половина денар, новата цена на дизел-горивото ќе изнесува 47 денари за еден литар, додека бензинот „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ и во следните две недели ќе се продаваат по 60,5, односно 62,5 денари за еден литар.

Новите цени стапуваат на сила ноќеска од полноќ и ќе важат следните две седмици.


Бензинот поевтинува за два денари, дизелот за денар и пол


Скопје, 27 јуни, 2017 - 13:13 (META) 

Регулаторната комисија за енергетика денеска ја објави својата најнова одлука за цените на горивата, со кои бензинот во следните две седмици ќе се продава за два денари помалку од денешните цени, а дизелот ќе поевтини еден и пол денар.

Така, цените на „еуросупер-95“ и на „еуросупер-98“ ќе изнесуваат 60,5 денари, односно 62,5 денари. Цената на „еуродизел“ се намалува за еден и пол денар и еден литар дизел-гориво од вечерва ќе чини 46,5 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.