fbpx
Таг: дизел-гориво

таг: дизел-гориво

Дизелот од полноќ поевтинува за два денара по литар

Дизел горивото поевтинува за два денари, а цената на бензините останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ). Со последната нивна одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто. „Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 2 денари за литар, а малопродажните цени на бензините...

ЕСМ ќе купува гас за шест месеци за да работи скопското парно, дизелот засега е алтернатива

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) утре очекува да пристигнат повеќе понуди од заинтересирани компании за набавка на природен гас за производство на топлинска енергија во Скопје. Ќе се набавува гас за работењето на топланите „Исток“, „Запад“ и „Север“, но се чекаат понуди за гас и за функционирањето на комбинираната електрана ТЕ-ТО. За ова денеска информираше директорот на АД ЕСМ...

Ковидот лани ја намали потрошувачката на дизел кај возилата, потребата од мерки против нечистиот воздух останува [инфографик]

Заедно со заладувањето на времето и порастот на деновите со загаден воздух во македонските градови, повторно се отвора прашањето за изворите на емисии на штетни гасови кои го создаваат овој проблем. И најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека патниот сообраќај е најголем консумент на нафтените деривати во земјава, особено на дизелот, при што само за деценија...

Наместо еколошка такса, постојаното менување на законите доведе до намалување на цената на дизелот

Збрка од предложени и применети законски решенија за цената на нафтените деривати, за само еден месец. Наместо од почетокот на јули да се воведе еколошката такса од 3,5 денари за горивата како што најавија од Владата, најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, предвидува намалување на акцизата за 2 денара за литар Еуродизел (Д-Е V) поради...

За деценија и пол, потрошувачката на дизел горивото во транспортот во земјава тројно зголемена [инфографик]

Македонија за само 15 години успеала за повеќе од три пати да ја зголеми потрошувачката на дизел горивото во патниот сообраќај, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Автомобилите, камионите, автобусите и другите моторни возила во земјава се насочиле кон употребата на дизелот, иако развиените европски земји веќе определуваат конкретни датуми за забрана на продажбата на нови возила на...

Крајна дестинација за старите машини: Лани увезени 29.052 автомобили, над 80 отсто од нив половни [инфографик]

Ниту корона кризата, ниту аерозагадувањето во градовите, ниту новиот данок на половни возила не успеаја да направат промени кај увозот на автомобили во Македонија. Како и во изминатите години, и во 2020 година над 80 отсто од увезените автомобили биле половни, кои претходно биле набавени на старо од европските земји. А токму развиените земји, од година во година воведуваат...

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Цените на бензините и дизел-горивото се зголемуваат од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ). Бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за два денари, додека цените на „еуросупер БС-98“ и дизелот се зголемуваат за 1,50 денари. Новите повисоки цени на бензините следуваат поради повисоката цена на нафтата на светскиот пазар изминатите две недели.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...