fbpx
Таг: ДивоНасеље

таг: ДивоНасеље

Битолскиот затвор, во кој има притвореници од Диво Насеље, под засилено полициско обезбедување

Директорот на битолскиот затвор „Црн мост“, Славко Гацовски, и началничката на секторот за односи со јавноста и за протокол на МВР, Наталија Спирова-Кордиќ, за „Мета“ потврдија дека има засилено обезбедување на затворот и дека се зголемени мерките на безбедност со редовни полициски службеници, но не и со специјалци. Гацовски потврдува дека во „Црн мост“ се дел од терористите од Диво Насеље, но...

Поднесено обвинение против терористичката група од Диво Насеље

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 29 осомничени за настаните во кумановско Диво Насеље, кои се случија на 9 и на 10 мај годинава, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, осомничените се товарат за терористичка организација и за тероризам. „Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и од 10...

Партијата на Села бара да запре апсењето Албанци во Куманово

Од Движењето за реформи на ДПА, денеска на прес-конференција, побараа да запрат полициските апсења во Куманово. Според партијата, крајната цел на апсењата е да се затскријат неуспешните преговори на политичките партии, поврзани со Договорот од Пржино. - ДУИ, како дел од Владата, заедно со МВР да објасни зошто се случуваат вакви акции во албанските средини. Секогаш кога доцнат спогодбите, како онаа...

Обвинителство: Истрага за уште тројца за настаните во Диво Насеље

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција почнало истрага против уште три лица, македонски државјани, осомничени за поврзаност со криминално - терористичката група од Диво Насеље и настаните од 9 и 10 мај, оваа година, соопшти Jавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ја прошири истрагата за настаните во „Диво Насеље“. Врз...

Нова акција на МВР: Се вршеа претреси и се бараа лица поврзани со групата од Диво Насеље

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово спровеле акција за пронаоѓање лица поврзани со терористичката група од Диво Насеље, во рамките на која биле извршени претреси на повеќе локации во Скопско и во Кумановско. Од МВР за „Мета“ ја потврдуваат акцијата и велат дека таа била спроведена по наредба на судија на претходна постапка за лоцирање лица кои се...

Притвор за петмина од уапсените во полициската акција „Молња“

Судија на претходна постапка на петмина од вкупно седуммината осомничени што денеска беа уапсени во полициската акција „Молња“, им одредил притвор од 30 дена, а на другите двајца - мерка куќен притвор, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Осомничените се товарат за помагање терористичка организација и тероризам, а еден од нив и за недозволено изработување, држење и тргување со распрскувачки материи. „Судијата...

Комисијата за надзор и АР се брифираа за безбедносната состојба во земјава

Претседателот на парламентарната Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) и пратеник од СДСМ, Хари Локвенец, заедно со членови на Комисијата, денеска беа на средба со директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, на која тема на разговор биле безбедносните закани и ризици со кои се соочува земјата. По средбата,...

Еден од уапсените во акцијата „Молња“ планирал напади во Скопје

Еден од седуммината уапсени во денешната полициска акција со оперативно име „Молња“, според сознанијата на МВР, додека се пукало во Диво Насеље на 9 мај, планирал да мобилизира група и да изврши напади на повеќе локации во Скопје, изјави помошникот-министер за внатрешни работи Иво Котевски на денешната прес-конференција. Како што информираше Котевски, акцијата била спроведена во селата Отља, Брест, Арачиново...

Обвинителството бара притвор за седуммина уапсени во денешната полициска акција

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повело истрага против нови седум лица, осомничени за инволвираност во настаните од 9 и од 10 мај годинава, во кумановско Диво Насеље, соопшти Јавното обвинителство. Во писменото соопштение од обвинителство не е наведено дали станува збор за уапсените во денешната акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), но најверојатно се работи за истите...

Диво Насеље: Бројки и факти

Утринава имаше полициска акција во околината на Скопје и на Куманово за апсење соработници и јатаци на терористичката група што беше разбиена во Диво Насеље. Акцијата во кумановската населба почна утрото на 9 мај, денот кога првично требаше да се одржи конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, но од партиски извори дознавме дека е одложен „поради безбедносни и оперативни цели“ и конгресот се одржа на...

Хисни Шаќири: Власта организира полициски акции за да ги покрие аферите

Поранешниот пратеник Хисни Шаќири вели дека денешната акција на МВР, поврзана со помагачите на терористите од Диво Насеље, не им оди во прилог на меѓуетничките односи. - Власта секогаш, за да ги покрие коруптивните афери, организираниот криминал и слично, организира полициски акции. Само, не ми е јасно, зошто секогаш жртви се Албанците. Треба да сме свесни да не паднеме на провокации...

Котевски: Приведени се неколку јатаци и изведени на суд

Голема полициска акција се одвива утрово за пронаоѓање соработници и поддржувачи на терористичката група инволвирана во случувањата во кумановско Диво Насеље. МВР акцијата ја спроведува во повеќе кумановски села, а ја проширува и во некои скопски, при што вклучени се големи полициски сили, како и хеликоптери. - Утринава почна обемна акција за пронаоѓање и за лишување од слобода лица, соработници и логистичари...

Полициска акција во Диво Насеље, се апсат соработници на терористите

Утрово се одвива голема полициска акција за пронаоѓање соработници и поддржувачи на терористичката група инволвирана во случувањата во кумановско Диво Насеље. МВР акцијата ја спроведува во повеќе кумановски села, а ја проширува и во некои скопски, при што вклучени се големи полициски сили, како и хеликоптери. Според првичните информации, биле приведени неколку лица и во согласност со надлежниот обвинител за гонење организиран криминал, уапсените веднаш...

Обвинителство: Сослушувањето на кумановската група е во финална фаза

Сослушувањето на осомничените од кумановските настани од 9 мај годинава, е во финална фаза, а неколкумина од нив треба да бидат сослушани од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција во текот на оваа недела, соопштија за „Мета“ од Јавното обвинителство. Од Обвинителството велат дека по комплетирањето на доказите, тие ќе им бидат дадени на...

Дел од осомничените за случувањата во Куманово, одбиле да дадат исказ

Шестмина од осомничените за случувањата во Куманово кои се наоѓаат во притвор во Шутка, денеска пред јавниот обвинител одбиле да дадат исказ, пишува „24 Вести“. Осомничените не сакале да проговорат бидејќи не им биле презентирани доказите со кои располага обвинителството и на тој начин се прекршува постапката, тврди нивниот адвокат Насер Рауфи . Одбраната и досега реагираше зошто толку е...

Познат идентитетот на убиениот во Диво Насеље

Познат е идентитетот на убиениот 71-годишен маж во инцидентот што  претпладнево, околу 11.20 часот, се случи на улицата Тоде Мендол во кумановско Диво Насеље, пишува „Прес24“ . Според порталот, убиен е 71-годишниот Риза Р., а во пукањето тешко повреден е неговиот 30-годишен син Аднан. За убиството осомничен е косовскиот државјанин Бекир Н. Според информациите, Бекир Н. со огнено оружје стрелал во Риза и...

Куманово, два месеци по шокот: Траумата помина, неспокојот остана

И по два месеци јавноста е сè уште обременета од мистеријата и чека од надлежните институции да одговорат на прашањето што точно се случи на 9 и на 10 мај во Куманово и кој е одговорен за тоа. Од МВР за „Мета“ велат дека истрагата е сè уште во тек, а одговорите на бројните прашања, меѓу кои и тие за мотивите...

Еден месец по „Куманово“: Факти, контрадикции, шпекулации и неми институции…

Денеска е точно еден месец од крвавиот судир на полицијата и на терористичката група во кумановското Диво Насеље, во која осум специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа, а 37 беа ранети. Пред четири недели Македонија доживеа колективен шок од кој сè уште закрепнува, што поради сериозноста на заканата, што поради фактот дека сè уште има многу неодговорени прашања,...

За странците, терористите станаа – наводни!

Дваесет и четири часа по акцијата на полицијата во кумановското Диво Насеље, амбасадорите на САД, земјите од Европската унија и западните медиуми, за групата што МВР ја оквалификува како терористичка, почнаа да зборуваат и да пишуваат во наводници или да го употребуваат изразот „наводни терористи“. Амбасадорот на САД во земјата, Џес Бејли, кој заедно со амбасадорите на Европската унија, Велика Британија, Германија, Франција...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...