fbpx
Таг: дивоградба

таг: дивоградба

Срушена дивоградбата на паркингот во урбаниот блок 37 во Тетово [фото]

Општинскиот инспекторат од Тетово денеска интервенираше за уривање на објектот изграден без дозвола во просторот на урбаниот блок 37, јавна површина која е наменета за паркинг. Процедурата за уривање на овој објект беше комплицирана и траеше околу девет месеци, при што до денеска помина низ неколку фази за на крај да биде финализирана со рушење на објектот, пишува Порталб.мк. Просторот...

Порталб: Општина Тетово го загрозува процесот на гасификација, не реагира за објект без дозвола во близина на гасоводот

Процесот на гасификација во Тетово веќе неколку месеци се попречува од нелегален објект кој се наоѓа на само три метри блиску гасоводот, што со закон е забрането. Од Дирекцијата за енергетски ресурси побарале од Општина Тетово уривање на овој објект за да не се попречува процесот на гасификација, сепак, не добиле одговор. Освен тоа, од општината не одговараат ни...

Обвинителството поднесе обвинение за инвеститорот на дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик, во врска со дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“. „Обвинетиот М.А., во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред трговскиот центар „Мавровка“, а притоа немал...

Обвинителство поведе истрага за дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие...

Почна рушењето на дивоградбата кај „Мавровка“ (галерија)

По вчерашната владина одлука со која Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионалните патишта беше задолжено да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“, денеска започнаа работите на терен за отстранување на бесправно изградениот објект. Екипи на ова јавно претпријатие со механизација го започнаа уривањето на бетонските столбови на дивоизградената карабина. На терен има и полициски службеници што...

МВР поднесе кривична пријава за бесправно градење пред ДТЦ Мавровка

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булевар Гоце Делчев, на платото пред ДТЦ Мавровка. „Од страна на СВР Скопје - Единица за економски и...

Ниту една компанија не е заинтересирана да ја урне дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

Уривањето на дивоградбата што започна да се гради пред трговскиот центар „Мавровка“ нема да се одвива едноставно и брзо како што се очекуваше, пишува „Порталб.мк“. На постапката за избор на економски оператор што ќе ја руши дивоградбата не се јави ниту една компанија. Поради ова, рушењето на објектот без одобрение за градење ќе биде одложено уште повеќе, бидејќи треба...

Не е познато кој ја гради дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, одлуката за уривање ќе помине неколку постапки

Одлуката за уривање на објектот без градежна дозвола „Фонтана“ кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје, сé уште не стапила во сила, бидејќи не е утврдено кој ја реализира изградбата. Во објектот се работи интензивно и работите се при крај. По извршените проверки од страна на инспекторите, констатирано е дека градежните активности се вршат незаконски, но сепак од Општина Чаир велат...

Општина Охрид го руши нелегално изградениот ѕид на плажата во Градиште

Општина Охрид го започна рушењето на нелегално изградениот ѕид на една од плажите во авто-кампот „Градиште“. Охридскиот градоначалник Константин Георгиески информира дека градежен, комунален и инспектор за животна средина утрово извршиле увид, по што било констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување на изградениот ѕид. „Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид“, информира...

Нападнатиот професор Илјази бара борба против неказнивоста и незаконитоста во Охрид

Универзитетскиот професор Илjаз Илjази, кој неодамна беше физички нападнат од страна на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, порача дека мора да се стори нешто против неказнивоста и незаконитоста во Охрид. Усеини го нападнал професорот Илјази пред зградата во која живее на улицата „Сатеска“ поради спор околу незконско приклучување на водоводната мрежа. Професорот Илјази е претседател...

Изјавата на Заев за хотелот во Лагадин ги револтира охридските екологисти

Изјавите на премиерот Зоран Заев на трибината во Охрид во саботата во врска со градењето на хотелски објект во населбата Лагадин, предизивикаа остра реакција на граѓанската иницијатива Охрид СОС од каде бараат, незаконскиот чир од градба итно да добие решение за отстранување , а Општината веднаш да пристапи кон спроведување“. Екологистите предупредуваат дека не смее да се злоупотребува Собранието и...

Таравари негира дека во Гостивар се гради без документација

По денешните обвинувања од огранокот на ДУИ во Гостивар дека градоначалникот Арбен Таравари гради без документација куќа на простор предвиден за спортски терен во Осмата зона во Гостивар, Таравари рече дека во општината се работи по прописите, а тоа што фирма на негов роднина ја гради куќата не значи дека станува збор за кршење на законите. - За тој објект...

ДУИ: Таравари и негов роднина градат куќа на простор предвиден за спортски терен

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој од една страна симулира акции за рушење на дивоизградени објекти, додека во реалноста го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти, и тој и негов роднина на место предвидено за спортски терен градат куќа кршејќи ги прописите, обвини ДУИ. Како што рече Башким Хасани, потпретседател на огранокот на ДУИ во Гостивар на прес-конференција,...

Изградбата на џамијата на Попова Шапка продолжува, иако нема дозвола за градба

На Попова Шапка деновиве повторно продолжија градежни активности за изградба на џамија која нема дозвола за градба. Инвеститорот не се откажува од изградбата на џамијата дивоградба, иако тетовскиот општински инспекторат во изминативе две недели, двапати бил на местото каде што се гради и му наложил да го запре градење. Иако и двете забрани беа испочитувани неколку дена, ископите за поставување на...

Без дозвола за градба, се подготвува теренот за изградба на џамија на Попова Шапка

Без дозвола за градба, во туристичкиот центар Попова Шапка, се вршат градежни активности за изградба на џамија, потврдуваат од секторот за урбанизам при Општина Тетово. - Викенд-населбата на Попова Шапка е под надлежност на Општина Тетово. За оваа викенд-населба сè уште не е изработен детален урбанистички план и секоја нова градба што се гради е дивоградба. За парцелата каде што...

Градел хотел на диво, на земјиште на МПЦ

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (56) од струшкото село Биџево, за кого, според полицијата, постои основан сомнеж дека бесправно градел. Пријавениот, без одобрение за градење, продолжил со градба на туристичко-угостителски објект во местото Еленско, во близина на хотелот „Макпетрол“ на струшкото крајбрежје. Се работи за доградба на 11 единични објекти, исто така бесправно почнати со градба во 1993 година....

Дивоградба во центар на Тетово на само два метри од станбени објекти

Станари од зградата 25 на булеварот Маршал Тито во Тетово, реагираа на неажурноста на институциите, кои изминатите пет месеци дозволиле до нивните тераси и прозорци да се изгради дивоградба. Една од сопствениците на становите, Гордана Младеновска, вели дека тетовскиот инспекторат во февруари годинава е информиран дека почнала градба на нелегален објект. Но, инспекторатот не презел никакви мерки. Дури во јуни институциите...

Продолжен рокот за легализација на дивоградбите

Рокот за достава на елаборатите за легализација на дивоизградени објекти се пролонгира до 31 март 2016 година. Граѓаните што поднеле барање може да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година. Ова денеска го соопштија министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпевски. Според надлежните, пролонгираниот рок е во интерес на граѓаните, со...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...