fbpx
Таг: Диво Насеље

таг: Диво Насеље

Судењето за „Диво Насеље“ повторно одложено

Судското рочиште за настаните во кумановската населба Диво Насеље кое требаше да продолжи денеска во 10 часот ќе биде повторно одложено, велат за „Мета“ од Кривичниот суд. Неофицијално дознаваме дека причина за одложувањето на рочиштето е отсуство на судијата кој го води предметот. Но, сепак причините за одложувањето официјално судот ќе ги соопшти во 10 часот. Денешното рочиште требаше да се...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ злоупотребува трагични настани во политичка конотација

Граѓаните не ни очекуваат ништо повеќе од СДСМ, кој ниту лани, ниту годинава не собра храброст да изрази достојна почит кон македонските бранители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ. „Заев и Спасовски неколку часа откако во Диво Насеље гинеа македонските бранители, додека цела Македонија беше во црно, побрзаа да се смешкаат и да позираат како недоветни, сликајќи...

СДСМ: Груевски и неговите соработници ќе поднесат сметка за Диво Насеље

Никола Груевски и неговата власт ќе им поднесат сметка на семејствата на загинатите полицајци, на луѓето чии домови се разурнати, на граѓаните на Куманово и на Македонија за тоа што се случи на 9 мај во Диво Насеље, обвинуваат од СДСМ. „Чие дело е ужасниот инцидент во кумановско Диво Насеље? Зошто Владата на Груевски не ја спречила терористичко-криминалната група, бидејќи...

„Диво Насеље“: Горчина од неодговорени прашања и почит кон жртвите

Денеска е точно една година од крвавиот судир на полицијата и на терористичката група во кумановското Диво Насеље, во која осум специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа, а 37 беа ранети. Министерството за внатрешни работи, по завршувањето на борбите, на 10 мај излезе со изјави и со соопштенија дека е ликвидирана „една од најопасните терористички групи на Балканот“,...

Делегации од МВР ќе им оддадат почит на полицајците загинати во Диво Насеље

Делегации од Министерството за внатрешни работи, предводени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и од директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски, денеска и утре ќе присуствуваат на помен и ќе им оддадат почит на припадниците на МВР што загинаа за време на настаните во Диво Насеље. Како што е најавено, во делегациите од МВР кои ќе им оддадат...

Иванов постхумно ги одликуваше полицајците што загинаа во настаните во Диво Насеље

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска со „Орден за воени заслуги“ ги одликува Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи (МВР), а со „Медал за храброст“ постхумно ги одликува осумтемина припадници на МВР кои загинаа во настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година. Иванов, во својот...

Мај – месец на важни и на тажни датуми, искушенија и на тешки моменти

Mај минатата година беше месец на голем број настани, искушенија и на тешки моменти. Во тие триесетина дена се случија конфликтот во Диво Насеље, оставките на тројца високи функционери на владејачката партија, протестите за Мартин Нешковски, три лидерски средби, средба во Стразбур, големиот протест на опозицијата и на граѓанските организации по што се формираше „Кампот на слободата“ и масовниот собир...

Пред Основниот суд Скопје 1 денеска биле уапсени пет лица

Во 14.30 часот пред Основниот суд Скопје 1  приведени биле пет лица од кои двајца биле државјани на Шведска, двајца државјани на Србија и еден македонски државјанин, потврдија од МВР. Кај едното лице биле пронајдени пиротехнички средства  и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава според Законот за заштита од експлозивни материјали. По разговорите со приведените, тие ќе бидат пуштени. Во времето...

Рочиштето за „Диво Насеље“ затворено за јавноста, искази ќе даваат заштитени сведоци

Денеска во 10 часот во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, за кои се обвинети 29 лица и кои се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација. Денешното рочиште, како што информираат од судот, ќе биде затворено за јавноста бидејќи искази ќе даваат заштитени...

Денеска продолжува судењето за „Диво Насеље“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. За сведоци денеска се пријавени петмина кумановци на барање на Јавното обвинителство. Во овој процес им се суди на 29 лица обвинети за тероризам.

„Диво Насеље“: На распит обвинет полицаец

На денешното рочиште од судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, до овој момент искази дадоа четворица од вкупно седум сведоци на обвинителството. Меѓу нив беше и полицаецот Зоран Станојковски, тогаш командир на полициската станица за граничен надзор Пелинце и претпоставен на полицаецот Арсим Бајрами, обвинет во случајот. Станојковски пред судот објасни...

Кривичниот суд бара просторија надвор од судот за рочиштето за „Диво Насеље“

Кривичниот суд попладнево преку соопштение ги демантираше тврдењата на дел од адвокатите на обвинетите во случајот „Диво Насеље“, дека судот не обезбедил услови за водење на постапката, поради што дел од нив го напуштија денешното рочиште. Оттаму велат дека поради неможноста да ја користат салата на Врховниот суд, главната расправа за предметот се одржува во големата сала на Основниот суд...

Одложено рочиштето за „Диво Насеље“, адвокатите се жалат на тесна судница

Судското рочиште за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, закажано за денеска, е одложено откако адвокатите на обвинетите реагираа до судот дека не се обезбедени услови за фер судење и дел од нив ја напуштија судницата. Прв судењето го напушти адвокатот Насер Рауфи, кој застапува осум обвинети. Тој пред судот образложи дека салата во...

Денеска во исто време треба да продолжат судењата за „Пуч“ и за „Диво Насеље“

Денеска во Основниот суд Скопје 1, во исто време, во 10 часот, се закажани рочиштата од судењата за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година и за случајот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Специјалното јавно обвинителство, како што пренесоа дел од медиумите, најверојанто ќе бара одложување на...

Сведок во „Диво Насеље“: Полицијата бараше злато и дрога

На денешото рочиште од судењето за настаните од Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, пред судот искази дадоа тројца сведоци, предложени од обвинителството. Двајца од нив беа ќерката и сопругата на обвинетиот Фадиљ Фејзулаи, кој, според обвинителниот акт, им ја издал куќата на членовите на вооружената група. Ќерката, Артизана Фејзулаи, на прашања од обвинителите, рече дека утрото...

Продолжува судењето за „Диво Насеље“, искази треба да дадат сведоци на одбраната

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 продолжува судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште, според најавите, искази пред судот треба да даваат сведоци предложени од одбраната на обвинетите, кои се товарат за тероризам и за терористичка организација. На рочиштето што се одржа во...

АИ за Македонија: Докази за корупција во власта, таен надзор и напади врз новинари

Објавувањето на аудиоснимките не само што откри докази за корупција на владата, туку покажа дека постои широко распространет таен надзор, стои во годишниот извештај 2015/2016 на „Амнести интернешенал“ (АИ) за Македонија. Според извештајот, аудиоснимките објавени од опозицијата откриваат владина корупција, злоупотреба на службената положба, изборна измама и недостиг од почитување на човековите права и на владеењето на правото, како и мешање...

Полицајците од Гошинце сведочеа за нападот на караулата на 21 април минатата година

На денешното рочиште од судењето за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, искази дале петмина сведоци на Обвинителството, четворица полицајци од караулата Гошинце и роднина на еден од обвинетите. Полицајците, како што пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на информации од официјални претставници на судот, раскажале дека биле нападнати од две групи, кои ги...

Кривичниот суд им се извини на новинарите

Основниот суд Скопје 1 попладнево преку соопштение им се извини на новинарите кои денеска сакаа, но поради немање соодветни услови не можеа да го следат судскиот процес за настаните од Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. Поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата во Кривичниот суд, во која имаше место само за четири-пет новинари, претставниците на...

Новинарите го бојкотираа рочиштето за „Диво Насеље“

На новинарите денеска им беше оневозможено, односно не им беа обезбедени соодветни услови за следење на рочиштето од судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. Од судот велат дека поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата, во неа има место само за четири-пет новинари. Претходните две рочишта се одржаа во големата сала...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...