fbpx
Таг: Дитмир Бушати

таг: Дитмир Бушати

Бушати ги повика Албанците кои живеат во Македонија да го поддржат референдумот

Апелирам на сите граѓани на вашата земја, особено на Албанците кои живеат тука да дадат поддршка на историскиот Преспански договор, затоа што тој има исклучително значење за демократската стабилност на регионот, изјави денеска шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на прес-конференцијата со неговиот македонски колега Никола Димитров. – Сите се согласуваме дека Албанците кои живеат во Македонија ќе бидат огромни...

Могерини, Мичел и Бушати денеска во Скопје

Високата претставничка за недворешни работи на ЕУ Федерика Могерини, помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел и министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, денеска ќе престојуваат во работна посета на Македонија. Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот на државата Ѓорге Иванов, а ќе се сретне и со лидерот на...

Бушати: САД клучни за спроведувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција

Ангажманот на САД на Балканот е од клучно значење со цел да се обезбеди дека нема да има какви било назадувања во однос на напорите на Грција и на Република Македонија за нормализирање на односите кои ќе ѝ го отворат патот за членство во НАТО, вели албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати. - Сега кога двете земји ја поминуваат...

Рама, Бушати: Голем ден за Албанија, за Македонија, но и за ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, во првата куса изјава околу одлуката за почнување преговoри на Албанија и на Македонија во јуни 2019 година, оценува дека тоа е голем успех на владите на двете земји. – По 72 часа помеѓу внатрешните бранови на ЕУ, Албанија успеа да добие датум за влез во пристаништето на обединета Европа. Резултатите од нашите реформи ги натераа...

Рама: Двајца прогресивни лидери испишаа историја, Балканот сега е подобро место

Двајца прогресивни лидери на соседните земји денеска испишаа историја и им покажаа на ЕУ и на светот како волјата и подготвеноста да се надмине минатото може да пронајде простор за иднината кога изгледа дека таков простор нема, напиша албанскиот премиер Еди Рама вчера на својот Твитер-профил, честитајќи им на македонскиот и на грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за...

Мета и Бушати: Законот за јазиците – значаен историски акт и знак за зрелост

Официјална Тирана го поздрави донесувањето на законот за јазиците од страна на Собранието на Македонија. Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека законот за јазиците претставува значаен историски акт. -Овој акт е од големо значење не само за Албанците во Македонија туку претставува и европско достигнување на Македонија - рече Мета. Албанската влада преку Министерството за надворешни работи исто така го поздрави...

Османи од Тирана: Проширувањето на ЕУ нема да биде кредибилно без Македонија и Албанија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Албанија се сретна со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати со кого разговарал за развојот на билатералните односи меѓу двете земји. - Сакаме јасно да истакнеме дека не постои кредибилност на процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, без...

Димитров и Бушати разговараа за изградба на Коридорот 8

Интензивирање и зајакнување на политичката, економската и особено на инфраструктурната и на енергетската соработка, беше тема на денешната средба во Тирана, меѓу министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, соопштија од македонското МНР. Министрите разговарале за заедничкиот интерес за унапредување на состојбите во регионот и на регионалната соработка, во духот на европските и евроатлантските вредности. „Се...

Бушати и Димитров договорија заедничка владина седница наесен

Албанија и Македонија немаат отворени прашања, истакнаа на заедничката прес-конференција во Тирана министрите за надворешни работи на двете земји, Дитмир Бушати и Никола Димитров, и додадоа дека ќе работат на подобрување на соработката, која е клучна за евроатлантските интеграции. Бушати и Димитров најавија дека наесен во Подградец ќе се одржи заедничка седница на двете влади, на која ќе се разговара...

Димитров утре во Тирана на средби со Бушати, Рама и со Мета

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, утре во Тирана ќе има официјална средба со албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, по што соговорниците ќе имаат и заедничка прес-конференција, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. За време на посетата, која е на покана на Бушати, Димитров ќе се сретне и со албанскиот премиер, Еди Рама, како и со претседателот на...

Бушати до Димитров: Aлбанија ќе остане најдобар сосед на Македонија

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, му го честита изборот на Никола Димитров за министер за надворешни работи на Македонија. „Честитки до Никола Димитров. Албанија ќе остане најдобар сосед на Македонија. Се радувам на заедничката работа“, напиша Бушати на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“. https://twitter.com/ditmirbushati/status/870323149489020930 Димитров, веднаш по свечената заклетва, изјави дека неговата прва посета ќе биде во земјите во регионот,...

Бушати: Се надеваме дека нема да дојде до етничка криза во Македонија

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, во емисијата „Топ стори“ на албанската телевизија „Топ ченел“, изјави дека, за среќа, ситуацијата во Македонија не резултирала во внатрешно-етничка криза, јавувата дописничката на „Мета“ од Тирана. - Ние ја поддржавме платформата на албанскиот политички фактор во Македонија како напор за имплементација на неспроведениот Охридски рамковен договор, за отворање на евроатлантскиот пат...

Бушати: Имаше договор со Груевски кој беше одбиен од причини неповрзани со Албанија

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, кој престојува во Вашингтон, негира дека постои „тиранска платформа“ и дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија. Бушати, кој беше гостин на тинк-тенкот „Германски Маршалов фонд“, одби да одговори на прашањето од американските експерти што значи изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за единство на Косово и Албанија, пренесе „Македонската радио-телевизија“. – Не...

Бушати се сретна со Габриел и со Кундерс во Тирана

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, денеска се сретнал со министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, како и со министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. На заедничка прес-конференција Кундерс ја истакнал важноста од спроведување на реформи во судството. „Сметам дека е важно да се има дијалог, слобода, слободни и фер...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев за лична амнестија е решен да го промени името на државата по грчки терк

„Криминалецот Заев за својата лична амнестија за криминалите што ги сторил е решен Македонија да ја направи двојазична, да ги прогласи за геноцидни сопствениот народ и држава, да го промени името на државата по грчки терк и во крајна фаза да ја федерализира Македонија“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „криминалецот Заев сето ова...

МНР го повика албанскиот амбасадор: Изјавите на Рама и на Бушати се сериозна провокација

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река вчера бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи на земјава, по повод зачестените навредливи изјави и коментари на официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија, соопшти денеска МНР. „На средбата беше потенцирано дека изјавите на претседателот на владата (Еди Рама н.з.) и Министерот за надворешни работи на Република Албанија...

Ѓорчев: Изјавите на Бушати и на Рама задираат во нашиот суверенитет

„Јавноста во Македонија секој ден е сведок на негаторски изјави кои задираат во внатрешните прашања и во суверенитетот на земјава. Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, препорачува тиранската платформа да била инкорпорирана, вклучена и составен дел од Уставот на Република Македонија, а албанскиот премиер Еди Рама, без попис лицитира со бројки од 35 отсто албанско население во Македонија“, реагираа...

Бушати: Влегувањето на албанската платформа во Уставот ќе има позитивни ефекти

Во Македонија постои длабока криза на демократијата, а Никола Груевски и неговата политичка партија се обидуваат да ја трансформираат демократската криза во меѓуетничка, изјави шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, во интервју за „Еуроактив“. - Не постои тиранска платформа, постои документ напишан од три од четирите албански партии кои се застапени во сегашниот парламент и кои ние ги поддржавме затоа...

Бушати: Русија се обидува да ја блокира евроатлантската интеграција на Балканот

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, во интервју за „Атлантик канал“, изјави дека Балканскиот Регион се соочува со неколку безбедносни предизвици. - Од клучно значење е САД да ја продлабочат својата посветеност на Балканот, регион кој се соочува со терористички закани и со обидот на Русија за го прошири својето влијание – рече Бучати. Тој, говорејќи за обидите на Москва да...

Бушати: Исплашени се тие што мислат дека со Македонија може да се владее без Албанците

Дитмир Бушати, министерот за надворешни работи на Албанија, на својот твитер-профил објави коментар за новиот развој на ситуацијата во Македонија, избегнувајќи притоа да ја спомене вчера соопштената одлука на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, да не го додели мандатот правдајќи се со „платформата составена во Тирана“. Шефот на албанската дипломатија порача дека само луѓе исплашени од вистинските вредности може да помислат...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...