fbpx
Таг: димитар богов

таг: димитар богов

СДСМ: Богов ги потврди катастрофалните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

„Денеска, дури и гувернерот на Народна банка, Димитар Богов кој во досегашниот мандат молчеливо се однесуваше кон политиките на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, со ревидирањето на стапката на економски пораст на 2,5 проценти ги потврди катастрофалните економски пoтези на досегашната власт кои што ја уништуваат економијата“, се вели во соопштението на СДСМ по повод намалување на проекцијата за економски...

Финансиското описменување на младите ќе се врши и во училиштата

Гувернерот Димитар Богов и директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ, потпишаа меморандум за соработка во областа на финансиската писменост и во други области во образованието. - Двете институции ќе остварат соработка на полето на финансиската едукација преку подготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигнување на јавната свест и за промоција на финансиската едукација и...

Богов: Инвестициите потфрлија, БДП ќе се зголеми за 2,3 проценти

Годинава инвестициите потфрлија, што влијаеше на проекцијата на порастот на домашниот бруто-производ на 2,3 проценти за 2016 година, изјави денеска гувернерот Димитар Богов, на презентацијата на октомвриските макроекономски проекции. - Потфрлија сите вкупни инвестиции: јавни, приватни, странски и домашни. Општиот амбиент поради политичката криза не беше најсоодветен и влијаеше врз довербата на инвеститорите. Зголемувањето на нивото на инвестициите не е...

Финансиски образовано население – поефикасна економија, смета Богов

„Финансиското образование е од големо значење за поединците и за целото општество. Доколку поединците се финансиски описменети, тогаш можат да носат оптимални економски одлуки и ефикасно да управуваат со личните финансии. Финансиски образовано население придонесува за поефикасно функционирање на севкупната економија“, истакна денеска гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, на промоцијата на двата едукативно-документарни филмови по повод одбележувањето на...

Богов: За предлог-буџетот за 2017 година најдобро си знае Владата

За предлог-буџетот за 2017 година најдобро знае Владата, ние како Народна банка ќе ја прилагодиме монетарната политика за да се оствари монетарна и стабилност на банкарскиот сектор, одговори гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, на новинарско прашање за предлог-буџетот за 2017 година. Во однос на остварливоста на проектираниот пораст и дефицит од 3 проценти, Богов додаде дека Народна банка почнува со...

СДСМ: Богов призна дека јавниот долг достигнал 50 отсто од БДП

Опозициската партија СДСМ денеска излезе со соопштение во кое се наведува дека гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, во синоќешното интервју за телевизијата „Алфа“ ги потврдил нивните тврдења дека со издавањето на еврообврзницата јавниот долг на Македонија изнесува 50 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). „Признанието на Богов е директна потврда на тврдењата на СДСМ. Со ова Богов ги разобличи манипулациите...

Народна банка: И покрај кризата, македонскиот финансиски систем е стабилен

Во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност. Ова бил заклучокот на денешната редовна средба во Народната банка меѓу високите претставници од институциите што се надлежни за регулирање и за надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија, информираат од кабинетот на гувернерот на Народната банка, Димитар Богов. На средбата учестувале претставници на...

СДСМ: Богов ја префрли одговорноста на Миноски, но што барал гувернерот на конференциската врска

„Гувернерот Димитар Богов не може да ја избегне одговорноста од огромното 450 милионско задолжување на граѓаните на Македонија што е еднакво на финансиско злосторство. Богов денеска се обиде да се брани дека за издавањето на еврообврзницата одлучувало Министерството за финансии“, се вели во соопштението на СДСМ, по повод одговорот на гувернерот Богов дека одлуката за издавањето на еврообврзницата е на...

Миноски не одговори дали и без обврзницата во буџетот има пари за плати и за пензии

Министерот за финансии Кирил Миноски, по завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност, не одговори на новинарско прашање дали и без парите од еврообврзницата во буџетот има доволно средства за плати и за пензии. Тој истакна дека парите од еврообврзницата ќе се користат за буџетските потреби за оваа и за следната година и дека имало потреба од нејзино издавање. -...

Миноски и Богов ги повикаа банките да го одврзат ќесето за компаниите

Банките да ги ослободат средствата и да инвестираат во корпоративниот сектор, порачаа денеска министерот за финансии, Кирил Миноски, и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, по завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност. - Политичката криза имаше ефект кој резултираше со порестриктивна политика од страна на банките, па тие се воздржуваа од инвестиици во корпоративниот...

Гувернерот Богов смета дека Брексит нема да се одрази на девизниот курс

Курсот на денарот е стабилен, нема дилеми за инфлација, гарантираме дека нема да има потреси за извозниците - оцени гувернерот на Народна банка, Димитар Богов по повод излегувањето на Велика Британија од Европска Унија и можните реперкусии врз македонската економија. Според него, Македонија не може да влијае на глобалните движења, но она низ што ќе поминува економијата на Европската Унија ќе...

Законски измени за одговорност за шпекулантите со економски информации

Гувернерот Димитар Богов најави дека Народна банка ќе побара измени во законската регулатива за одговорност на лицата и на медиумите кои шират шпекулаци кои можат да го загрозат банкарскиот сектор и да предизвикаат негативни економски последици. Богов ова денеска го истакна на Комисијата за финансирање и буџет, а поводот се априлските шпекулации за наводна девалвација на денарот и вештачки создадената криза на менувачкиот...

СДСМ: На аукцијата на државни записи мал одзив од банките

„Министерството за финансии, на чело со новиот министер Кирил Миноски и со согласност од гувернерот Димитар Богов, го спроведе денешното задолжување на домашниот пазар, без да одговори со чиј потпис се задолжени граѓаните. Според информациите, постои резервираност на банките на денешната аукција на државни хартии од вредност“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека Министерството за финансии...

Богов: Повлекувањето на депозити речиси целосно запре

Повлекувањето на депозитите речиси целосно запре и во изминатите две недели имаме стабилизирање на ситуацијата, изјави гувернерот Димитар Богов во интервју за „Ројтерс“. - Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено - истакна Богов. Имено, во април граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките, што е 1,6 отсто од вкупните...

Митровски: Засега нема зголемување на каматите на кредитите на граѓаните

Банките во овој момент нема да ги зголемат каматите на кредитите на граѓаните, иако анализата на состојбата сè уште трае. Ова денеска го истакна претседателот на Здружението на банкарството при Стопанска комора на Македонија, Коста Митровски, на редовната средба на банкарите со гувернерот Димитар Богов. - Во овој момент анализите сè уште траат и нема да има зголемување на каматните стапки,...

СДСМ: Дали ниската цена за „Алфа банка“ е поради консултантот на Владата?

„Гувернерот Богов дозволи нетранспарентна продажба на „Алфа банка“ - АД Скопје за 1,2 милиони евра. Секторот за супервизија, банкарска регулатива и за финансиска стабилност при Народна банка и гувернерот Богов треба да одговорат дали свесно дозволија раководството на банката да го ’стопи’ основниот капитал на ова ниско ниво?“, се вели во соопштението на СДСМ до јавноста. Од партијата прашуваат дали намерно и свесно е...

СДСМ: Зошто Богов на нетранспарентен начин дозволи продажба на „Алфа банка“?

„Гувернерот Богов на крајно нетранспарентен начин даде дозвола да се продаде „Алфа банка“ за 1,2 милиони евра на швајцарски фонд, чиј претседател на управен oдбор се јавува и како основач на компанија што соработувала со Владата предводена од Никола Груевски“, обвинуваат од опозицискиот СДСМ. Оттаму потсетуваат дека пред само 30 дена, од кабинетот на гувернерот Богов беше кажано дека „нема поднесено барање...

Наумов: Земјата е во лоша состојба бидејќи постојано се задолжува за плати и за пензии

„Не ги оспорувам аукциите на државни хартии од вредност како законски и вообичаен инструмент за финансирање на временската разлика помеѓу приходите и расходите во буџетот. Но, истовремено, не можам да се согласам преку овој инструмент да се овозможува реализација на дефицитот на буџетската сметка со забрзана динамика, односно повторно да бидеме сведоци на „истурање на средства“ во предизборниот период,...

Намалени инвестиции, извоз и потрошувачка предвидува НБРМ поради кризата

Зголемена недоверба кај населението и кај инвеститорите, повлекување на депозити, намалена приватна потрошувачка, пониски странски инвестиции и забавена кредитна активност предвидува алтернативното макроекономско сценарио на Народна банка, во кое се претпоставува продолжување на тековната политичка криза до крајот на годината. Ова сценарио предвидува и пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 1,6 отсто за оваа година, што е понизок пораст на БДП за околу...

Богов ќе информира за економските проекции, но и за зголемувањето на каматната стапка

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, денеска, во 13 часот, ќе одржи прес-конференција во врска со редовната ревизија на макроекономските проекции. Меѓу другото, се очекува тој да одговори и за последната одлука на Народна банка за зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, од 3,25 на 4 проценти, односно за 0,75 процентни поени. Во вчерашното соопштение, меѓу другото,...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...