fbpx
Таг: диме спасов

таг: диме спасов

Кривична за поранешниот директор на АВРМ за злоупотреба на службената положба

Владимир Поповски, поранешниот директор на Агенцијата за вработување (АВРМ) доби кривична пријава од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Се товари за злоупотреба на службената положба и овластување за три работи, меѓу кои и тоа што на своја рака, без одлука на Управниот одбор на АВРМ дал четири возила на користење на Министерството на труд...

Кривични пријави за екс министерот Спасов и прилепскиот градоначалник Ристески

Заради сомневање дека извршиле злоупотреба на службената положба и овластување, како и несовесно работење во службата“, денеска во Основното јавно обвинителство Прилеп  адвокатот Жарко Стеваноски поднесе кривична пријава против поранешниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, поранешниот директор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ Дарко Рибароски, директорката на...

Диме Спасов како дух во министерството: Едни го гледаат, други – не

Вработени во Министерството за труд и социјална политика тврдат дека Диме Спасов не доаѓа на своето работно место, а не го виделе ниту неговиот автомобил од денот кога тој направи неколку сообраќајни прекршоци (28 октомври 2016 г.). Но, Марјан Гиевски, портпарол на Спасов, пак, тврди дека тоа не е вистина. На прашањето на „Мета“ дали дополнителниот министер за труд и социјална...

Брисел: Политичарите да не напаѓаат дипломати, туку да се фокусираат на изборите

Македонските политичари да се воздржат од напади кон дипломати, амбасадори и кон други политичари и да се однесуваат професионално, порачуваат дипломатите од Брисел. Од Брисел им порачуваат на Владата и на сите политички фактори во земјава да се фокусират на тоа изборите да бидат фер и демократски и во изборната кампања политичарите да не водат валкани игри и да не упатуваат...

Герила-акција во Штип: „Внимавајте, Диме Спасов на патот“

Изминатиот викенд на фреквентните улици од Штип се појавија импривизирани сообраќајни знаци со содржина „Внимавајте, Диме Спасов на патот“. Знаците се дел од герила-акција, a кој стои зад неа, остана непознато. Знаците се поставени во строгиот центар на градот, покрај реката Отиња, покрај пешачката патека во коритото на реката Брегалница и во паркот во населбата 8 Ноември, кој е претворен во големо градилиште. Пред...

Како дефокусираат и како ги „убиваат вестите“: Ти мене на прес, јас тебе во ударен термин

Како што се приближува датумот на изборите, така се разгорува битката за медиумска присутност, а почна и крадењето термини и покривањето на прес-конференции со прес-конференции. Еве само три примери: 3 ноември 2016 г. Оливер Спасовски најавува прес-конференција за сообраќајката на Диме Спасов; Диме Спасов дава ТВ-интервју токму пред прес-конференцијата на Спасовски во „ниедно“ време, во 14 часот, а една телевизија „добива“ снимка од настанот; Сашо...

Зошто камерите го снимија Спасов, но не и „Монструм“, Младенов и Нешковски?

Истрагата за случувањата од вечерта минатиот петок освен што го ставија на тапет дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ја расветлија енигмата дали функционираат камерите на скопските сообраќајници од проектот наречен „Безбеден град“. Денешната прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а и „ексклузивните снимки“ што ги објави „Сител“, покажуваат дека камерите на скопските сообраќајници се...

МВР ќе поднесе прекршочни пријави против Диме Спасов

МВР ќе поднесе прекршочни пријави против дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов за напуштање на местото на сообраќајна незгода, непостапување по барањата на полициските службеници и за неприспособување на брзината на возилото на условите во сообраќајот, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Како што изјави Спасовски, и во двете сообраќајни незгоди возилото било поместено...

Диме Спасов тврди дека сè било „местенка“ со закани и со вперени пиштоли

„Бидејќи чекав транспарентна и чесна истрага од страна на МВР, решив дури сега да се обратам на јавноста за случајот кој сметам дека е класична местенка од страна на опозицијата. Извештајот на министерството повеќе личи на партиски отколку на полициски извештај. СДСМ го злоупотреби МВР за да направи смислено сценарио и криминална полициска местенка за да се наштети на мојот углед...

Дали МВР ќе поднесе пријава за Диме Спасов ќе се знае најдоцна утре

Во текот на денешниот ден, а најдоцна утре, Министерството за внатрешни работи ќе ги заврши сите постапки околу сообраќајките што се случија во петокот, а во кои беше инволвиран дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Во текот на денешниот ден ќе ги завршиме сите постапки и...

АВРМ бара извинување од Ташевска-Ременски, во спротивно ќе ја тужи

Агенцијата за вработување на Република Македонија соопшти дека тврдењата што денеска ги изнесе министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, на прес-конференцијата, се лаги и клевети и побара извинување. Од Агенцијата велат дека ќе поднесат тужби за клевета и за навреда доколку Ташевска-Ременски не се извини. „Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска одржа прес-конференција за медиумите...

Спасов и Поповски да понесат одговорност за неодговорното однесување, порача Ременски

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска ги повика сите инволвирани во саботниот настан, дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, наместо да изнесуваат лаги и невистини пласирани преку соопштенија од Агенцијата за вработување на Република Македонија и да ја манипулираат јавноста, храбро да одговорат за секоја нивна...

Спасов, Стамов, Јовановиќ, Урко, Зекиров – сообраќајките и бегањето како неславна навика

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, не е единствениот функционер од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ што учествувал во сообраќајна несреќа и побегнал од местото на настанот. Претходно, вакво поведение манифестираа двајца градоначалници на владејачката партија, кои, како и Спасов, побегнаа, еден од местото, а друг од одговорноста за сообраќајните несреќи во кои учествуваа, а во кои имаше тешко...

АВРМ: Возилото што го возел Спасов e отстапено на Министерството за труд

Агенцијата за вработување (АВРМ) во врска со сообраќајката што пред два дена ја направи дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, соопшти дека во 2015 година АВРМ го отстапила возилото на Министерството за труд и социјална политика. „Во октомври 2015 година меѓу Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен договор со кој Агенцијата...

Ременски: Спасов за свои потреби си користел четири возила

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, побара Диме Спасов да се повлече од позицијата дополнителен заменик-министер поради нарушување на угледот на оваа институција. Таа напомена дека Спасов противзаконски располагал и управувал со возило на Агенцијата за вработување, а повремено користел и уште три службени возила. Според неа, тој ги користел четирите возила, кои со претходна одлука на Владата...

Спасов го урна „Твитер“: Диме, тебе мoже сaмo мaјкa ти дa те бркa бoрaнијa дa јaдеш

Корисниците на социјалните мрежи изминатите три дена се инспирираа од сообраќајните несреќи што ги предизвика дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, и настаните што следуваа откако тој во петокот вечерта ѝ избега на полицијата. Корисниците на „Твитер“, освен што правеа шеги на негова сметка, побараа и одговорност и оставка. https://twitter.com/parg0/status/792612244496453632 https://twitter.com/ArslaJeMeniBog/status/792458232115695616 https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/792396319864262663 https://twitter.com/SuperExtraBonus/status/792392461251387392 https://twitter.com/Mnemosynee_/status/792383954863132673 https://twitter.com/Giotto_mkd/status/792303545081012224 https://twitter.com/TheSpirkoski/status/793064598953979905 https://twitter.com/dimanovski/status/793004381058859008 https://twitter.com/bocbocbuc/status/792800504174768129 https://twitter.com/ADojranliev/status/792788087252410368 https://twitter.com/kalakurnica/status/792736134547857412 https://twitter.com/seirdotmk/status/792732815217594368 https://twitter.com/TipOdKarpos/status/792719028020191234 https://twitter.com/borisofskopje/status/792682712603787265 https://twitter.com/WillWallaceJR/status/792679621762420736 https://twitter.com/SuisajdMesija/status/792660794202816516 https://twitter.com/PavleBogoevski/status/792644303562702848 https://twitter.com/dackua/status/792508415314685952 https://twitter.com/mindplumber/status/792479718155153409 https://twitter.com/NikolaStrez/status/792479315329974276 https://twitter.com/atortevski/status/792457510041124864 https://twitter.com/MaximOvertroll/status/792427644025470976

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ сите се Диме Спасов, затоа мора да ги спречиме!

„Никола Груевски и неговите соработници во ВМРО-ДПМНЕ, како Диме Спасов не смеат повеќе да ја водат државата, бидејќи ги загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. За какви неодговорни политичари станува збор покажува фактот што дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, во чиј ресор се наши деца во градинките, дивееше пијан по улици и не чувствува одговорност сам да...

Богоевски и Васиљ бараат Спасов да си поднесе оставка, а МВР да го расветли случајот

Граѓанските активисти Павле Богоевски и Влатко Васиљ денеска на прес-конференција го повикаа дополнителниот заменик-министер за социјална политика, Диме Спасов, да си поднесе оставка поради вчерашните случувања. Богоевски рече дека Спасов мора да одговара за своите постапки, како и лицата што му помогнале да го прикрие делото. - Нашиот систем не смее да продолжи да толерира прекршување на законите од тие што треба да ги...

Форумот на слободоумни патриоти бара оставка од Диме Спасов

Форумот на слободоумни патриоти го повикa дополнителниот заменик-министер Диме Спасов да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата што ја врши. „По Вашето лудување во алкохолизирана состојба по скопските улици, во кое уништивте државен и приватен имот, ја злоупотребивте Вашата функција, сторивте неколку кривични дела, како и Вашето непочитување на овластен државен орган, во овој момент најмалку што може да направите е...

СДСМ: Диме Спасов мора да понесе одговорност

Диме Спасов не смее повеќе да се појавува до нашите деца во градинките, во социјалните центри, ниту има повеќе морално право да говори за права и за одговорности на граѓаните, велат од СДСМ. „Овој човек, дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика во Владата, возел пијан! Користел службено возило надвор од работно време, дури возилото не е од министерството каде што...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...