fbpx
Таг: ДИК

таг: ДИК

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 отсто од обработените 1.788 гласачки места со вкупно 899.977 запишани гласачи. Најголема излезност има во Општина Новаци, над 67 проценти, а најмалку во Пласница, каде што околу 15 проценти од запишаните гласачи го оствариле своето право на глас. Од ДИК на прес-конференција изјавија дека засега изборниот...

Излезноста на изборите до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и повисока, имајќи предвид ДИК сè уште ги нема пребројано сите гласови. Правото на глас го оствариле 6 отсто повеќе граѓани во споредба со изборите во 2019, рече на прес-конференција претседателот на...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. До овој момент гласањето тече без проблеми, соопшти Државната изборна комисија ДИК). Со право на глас на овие избори во Избирачкиот список се запишани...

ДИК: Партиите ќе треба да достават извештај со примени донации на нивните сметки

Политичките партии имаат обврска, на 11 ден од изборната кампања да достават извештај со образец за примени донации на трансакциска сметка. Ова е една од измените во роковникот за спроведување на изборите за претседател на државата, која на денешната седница ја усвоија членовите на Државната изборна комисија. „Согласно последните измени на Изборниот законик, ДИК треба да го смени роковникот за...

ДИК ги потврди седуммината кандидати за претседател

Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно ги усвои кандидатурите на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски, Арбен Таравари, Билјана Ванковска-Цветковска и Бујар Османи за претстојните претседателски избори, во рамки на кои, првиот изборен круг ќе се одржи на 24 април, а вториот, на 8 мај. Таравари и Јакимовски во рок од 48 часа треба да ја комплетираат својата...

ДИК: Граѓаните да се проверат во Избирачкиот список, увидот трае до понеделник

Заклучно со вчерашниот ден, четврток, 14 март, вкупно 4.859 лица извршиле увид на своите податоци во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), информираа од таму. Притоа, барање за промена на податоците поднеле седум лица, 19 поднеле барање за запишување на своите податоци, а 5 лица поднеле барање за бришење на податоци од Избирачкиот...

На претседателските избори ќе може да се гласа со стар документ од јули 2023, а на парламентарните од август 2023

Државната изборна комисија известува дека согласно измените на Изборниот законик, во избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на изборите кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија. Овие податоци за граѓаните се доставуваат до ДИК од страна на МВР. Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за...

ДИК секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за кандидатите за претседател

Од утре, 25 февруари 2024 година, Државната изборна комисија на својата веб страна, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. „Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира“, информира ДИК. Моментално, во подрачните...

Почна постапката за собирање потписи за листи за кандидат за претседател

Денеска започна постапката за собирање на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, извести Државната изборна комисија (ДИК). Потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија низ целата територија на државата. Работното време на подрачните канцеларии на Државната изборна комисија е секој ден од 08 до 20...

Двојните избори во мај ќе чинат 17 милиони евра, соопшти ДИК

Двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај, државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра, соопшти потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху. Над шест милиони евра ќе чини организирањето на изборите - со обезбедување доверлив и недоверлив материјал, транспорт, паричен надоместок за избирачките органи, односно на членовите на општинските изборни комисии, избирачките одбори, додека за...

Албанската опозиција од денеска ќе ја бојкотира работата на Собранието

Опозициската коалиција „Европски сојуз за промени“ најави дека од денеска ќе ја бојкотираат работата на Собранието на РСМ. Тие апелираат од собранискиот спикер Талат Џафери да не го узурпира правото на опозицијата да биде застапена со свој член во Државната изборна комисија (ДИК). „Тука сме да изјавиме дека од денеска, пратеничката група на „Европскиот сојуз за промени“ нема да учествува...

Изборот на седмиот член на ДИК заглавен во Собранието

Изборот на седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК) ќе се усвои по новогодишните празници. Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери вели дека штом стигне до него предлогот за назначување на седмиот член на ДИК ќе го стави на собраниска седница, но потсети дека за неговиот избор треба да се обезбеди двотретинско мнозинство. Изминатиов период изборот на членот на...

Апелација потврди: Владата и ДИК ги дискриминирале лицата со попреченост

Апелацискиот суд Скопје потврди дека Владата и ДИК направиле прекршување на правата на лицата со попреченост, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права. Апелациониот суд Скопје со пресудата од 30.10.2023 година во целост ја потврдил пресудата на Основниот граѓански суд Скопје од 31.03.2023 година. Тоа фактички значи дека Владата и Државната изборна комисија (ДИК) сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при...

Албанската опозиција може да остане без член во Државната изборна комисија

Владејачкото мнозинство во Комисијата за избори и именувања денеска го отфрли предлогот Абдуш Демири од партијата БЕСА да биде член на Државната изборна комисија. СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците се согласија околу оваа точка, по што претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска прочита дека се отфрла кандидатурата на Демири. „Зошто играте вакви игри, што ви требаат ваквите игри нема да...

Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, веднаш откако заминал Талат Џафери

Албанската опозиција ја напушти лидерската средба во Собранието. Причината, како што соопшти Европски сојуз за промени, е тоа што лидерската претходно ја напуштил претседателот на парламентот Талат Џафери, па албанската опозиција немала со кого да дебатира за нивни член во Државната изборна комисија (ДИК). „Излеговме и ние затоа што немавме со кого да ги соочиме аргументите“, рече Меџити. Тој истакна дека...

Институциите им „раскинуваат“ на антикорупционерите по вчерашното отворање предмети за корупција

По вчерашната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на која беа иницирани повеќе постапки каде постојат сериозни сомнежи за криминални дејствија, со реакции се јавуваат и министри и институции, но и Јавното обвинителство - сите ги отфрлаат наодите и сомнежите на антикорупционерите и меѓу редови соопштуваат дека соработката ќе се сведе на минимум. По оценката на ДКСК...

По две години затворски казни за Мијалков и за Тачи за случајот „Титаник 2“

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, денеска им беа изречени по две години казна затвор за случајот „Титаник 2“. Пресудата беше објавена во Кривичниот суд. Затворски казни од времетраење од две години, им беа изречени и на поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Сашо Срцев и на Влатко Сајковски. Тие...

ДИК повеќе од шест часа пребројуваше 38.000 гласови

Повеќе од шест часа ѝ беа потребни на Државната изборна комисија (ДИК) да ги информира граѓаните за резултатот од изборите на 20 август за избор на градоначалници на Маврово и Ростуше, Центар Жупа и изборите на општински советници во Тетово. Новинарите нагласуваат дека тоа се одразува на квалитетот на нивната работа и навременото информирање на граѓаните, пишува Порталб.мк. На денот...

Избори: Во Тетово советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ поголема од таа на СДСМ, во Маврово и Ростуше приматот за СДСМ и Медат Куртовски

Според тоа што го објави Државната изборна комисија (ДИК) за вчерашните локални избори во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, во најмалата општина од сите, нов градоначалник ќе биде Медат Куртовски од СДСМ, со 3.266 освоени гласови, односно 60,53 отсто од освоените гласови. Противкандидатот Мевмед Џафери освои 1.935 ливчиња, односно 35,85 отсто од гласовите. Излезноста изнесувала 54,2...

ДИК: Поднесени се вкупно 23 приговори од партиите за гласањето во вториот круг

Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека заклучно со вчерашниот ден, до ДИК поднесени се вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите, и тоа: - седум приговори од политичката партија ТМРО, кои се однесуваат на избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане, - седум приговори од Коалицијата предводена...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...