fbpx
Таг: дијаспора

таг: дијаспора

До 13 часот 542 пријавени за гласање во амбасадите

Заклучно со денеска до 13 часот, преку веб апликацијата dijaspora.se​c.mk до Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 542 пријави од граѓани за гласање на референдумот во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Македонија во странство, соопштија од ДИК. Од тие пријави, 473 се прифатени, девет се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се поднесени за гласање во Лондон -...

Министерот за дијаспора ги повика иселениците да гласаат на референдумот

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, упати јавен повик до иселениците да го искористат своето право и да гласаат на претстојниот референдум. „Имаме граѓанска одговорност да донесеме правилна одлука, да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка, подобра иднина. Сплотени, со здружени сили, заедно можеме да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Одлуката зависи исклучиво од нас самите,...

Во избирачкиот список има 1.805.707 гласачи

Бројот на гласачи во избирачкиот список е 1.805.707, а јавниот увид ќе трае до 23 август, информираше денеска Државната изборна комисија. По завршувањето на јавниот увид, а најдоцна до 7 септември, ДИК ќе го заклучи избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид и оттаму очекуваат бројката од 1.805.707 гласачи да се промени. Јавниот увид ќе се...

ОМД бара импичмент за Џафери, оставка на Заев и на владата и предвремени избори

Обединета македонска дијаспора (ОМД) преку соопштение до медиумите информираше дека најостро го осудува „неуставното и собраниското отстапување од деловникот“ при донесување на законот за јазици и ги повика политичките субјекти кои се произнесоа против Законот за употреба на јазиците, да поднесат собраниска иницијатива за импичмент на и така, како што велат, незаконски избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери. ОМД информира...

Анѓушев во официјална посета на САД

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, од денеска до четврток ќе претстојува во официјална посета на Вашингтон, соопштија од неговиот кабинет. Анѓушев во главниот град на САД ќе учествува на Трансатлантскиот форум во организација на „Школата за напредни меѓународни студии“ на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски односи. „За време на посетата планирано е вицепремиерот да...

Димитров – Бишоп: Дијаспората е мост за поголема соработка меѓу Австралија и Македонија

Македонската дијаспора, билатералната и економската соработка биле главните теми на состанокот на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп. Тие заклучиле дека постои огромен потенцијал за соработка меѓу двете земји, а како мост за таа сораборка ја посочија и бројната македонска дијаспора во Австралија. Шефицата на австралиската дипломатија ги поздрави прмените во Македонија...

Иселеничкиот Форум за демократска Македонија ја објави програмата

Форумот за демократска Македонија на група на иселеници од Република Македонија и нивните потомци од целиот свет ја објави програмата, на својата фејсбук-страница. „Форумот сака да ја види земјата како прогресивна, демократска, граѓанска, европска, просперитетна држава, која ќе создава подобар живот за сите свои граѓани. Држава што ќе биде пример за мултиетничко општество, засновано на заемна почит, толеранција и на...

Форум за демократска Македонија ќе ја поврзува дијаспората и ќе помага на земјата

Иселеници пред околку еден месец го формирале Форумот за демократска Македонија, „како демократско и непартиско тело“ кое треба да ги поврзе сите демократски ориентирани иселеници, но и луѓе кои по каква било основа се чувствуваат поврзани со Република Македонија, објаснува Емилија Тодорова од Сиднеј за програмата на македонски јазик на австралиското радио „Си-би-ес“. - Форумот за демократска Македонија се формира...

ОМД сугерира во новата влада да има и министерство за дијаспора

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), една од најголемите и најактивните организации на македонската емиграција, му сугерираше на мандатарот за составување на новата влада да формира министерство за дијаспора, како начин да се продлабочат врските меѓу иселениците и Македонија. Ова не е првпат ОМД да бара министерство за дијаспора, тоа го повторува безмалку секоја година во последниве четири-пет години, но сега тоа барање...

Албанската дијаспора ја поддржува албанската платформа

Албанско-американската заедница од Илионис, со седиште во Чикаго ја поддржа албанската платформа и ги поздрави напорите на Албанија и на Косово за решавање на прашањата на Албанците во Македонија. „Претседателството на заедницата одлучи едногласно да ја поддржи заедничката декларација на албанските партии во Македонија, позната како албанска платформа. Го поздравуваме обединувањето на албанскиот политички фактор во Македонија, како и уставната...

Во Прилеп потпишана Семакедонска платформа на Македонците од соседството и од дијаспората

Претставници на десет македонски асоцијации - здруженија и политички партии од Грција, Бугарија, Србија, Албанија, областа Гора на Косово, Хрватска, подалечната дијаспора, како и од граѓанска иницијатива „Нè има“ од Македонија, по повод 145 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, се собраа, викендов, во Прилеп, на 15. семакедонски собир, кој усвои посебна декларација. „Во согласност со општите меѓународни акти за...

Дачиќ: Албанската дијаспора планира заземање на српски дипломатски претставништва

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека има информации дека во албанската дијаспора се планира заземање на некое дипломатско-конзуларно претставништво на Србија во САД или Европа за Србија да биде принудена да се откаже од барањето за судење на поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај. Дачиќ рече дека тоа покажува дека албанските политичари се подготвени „дури и...

ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА: ВМРО-ДПМНЕ освои 51, а СДСМ 49 пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ има освоено два мандати повеќе од СДСМ, покажаа првичните резултати на Државната изборна комисија од вчера одржаните предвремени парламентарни избори. Како што истакна претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, според првичните, но не конечни резултати, ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 пратеничко место, СДСМ 49 мандати, ДУИ 10, движењето Беса 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2 мандати. Од ДИК истакнаа дека ова...

ДИК: Гласањето во дијаспората тече во најдобар ред

„Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. На овие гласачки места, своето избирачко право ќе можат да го остварат 2.015 гласачи. Во текот на денешниот ден ќе гласаат и лицата кои се наоѓаат во центрите за внатрешно раселени лица, а такви гласачи има вкупно 13. Во своите домови...

Претседателот на ОМД, Колоски, се сретна со Хојт Ји

Претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Методија Колоски, се сретна во Вашингтон со Брајан Хојт Ји, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департман. Колоски и Хојт Ји разговарале за претстојните предвремени парламентарни избори во Македонија, што ќе се одржат на 11 декември и за македонските евро-атлантски интеграции. „Претседателот на ОМД, Колоски, и заменикот помошник на државниот...

Заев во посета на Швајцарија, на средби со дијаспората

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членовите на извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, е во дводневна работна посета на Швајцарија. За време на посетата на Швајцарија, Заев ќе има средби со граѓаните од дијаспората од Македонија. Вечерва, во Ешалон, во близина на швајцарскиот град Лозана, Заев има средба со градоначалникот на Ешалон, по што ќе се...

Дијаспората може да добие три пратеника ако гласаат сите пријавени

Пријавувањето на гласачи од дијаспората завршува денеска, а според последните информации од Државната изборна комисија, досега се пријавени повеќе од 18.600 граѓани. Од ДИК очекуваат до полноќ, додека трае пријавувањето, оваа бројка да надмине 19.000 граѓани. Како што велат од комисијата, пак, доколку на изборите на 11 декември гласаат сите пријавени, дијаспората може да добие три пратеника. Според измените во Изборниот...

ОМД упати апел до Македонците од дијаспората да се регистрираат и да гласаат

Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број на гласачките места и да го изразиме нашето демократско право на глас, велат од Обединетата македонска дијаспора. „На 11 декември, Република Македонија ќе се најде пред една од најважните крстосници во своето 25-годишно постоење како независна држава. Единствениот...

ДИК апелираше дијаспората да се пријави за гласање

Државната изборна комисија (ДИК) денеска апелираше до македонските државјани во странство да ја искористат можноста за пријавување за гласање за предвремените парламентарни избори до 11 ноември. Оттаму информираат дека до денеска, до 13 часот, за гласање во странство се пријавиле 6.639 граѓани и оти прифатени се 6.059 пријави, 134 се одбиени, а 446 се во обработка. Од ДИК посочуваат дека...

Пријавувањето за гласање во дијаспората ќе трае до 11 ноември

Вкупно 1.011 граѓани преку електронската апликација на веб-страницата на Државната изборна комисија се пријавиле за предвремените парламентарни да гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва на 11 декември оваа година, соопштија од ДИК. Од Комисијата велат дека од 1.011 пријави, 515 се прифатени, 32 се одбиени, а 464 се во фаза на обработка. „Државната изборна комисија ги повикува сите граѓани кои се на привремена...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...