fbpx
Таг: дигитални права

таг: дигитални права

„Етика во дизајн: Градење на инклузивни и неинвазивни технолошки решенија” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), првата панел дискусија ќе биде посветена нa “Етика во дизајн: Градење на инклузивни и неинвазивни технолошки решенија”. Во дигиталната ера етичките димензии на...

Кршењето на дигиталните права се шири како печурки по дожд, од Турција преку Балканот до Унгарија [инфографик]

Во десет земји од Југоисточна Европа, за една година, поточно од септември 2022 до август 2023 година, регистрирани се 1.427 прекршувања на дигиталните права, покажа извештајот на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН). Бројот на прекршоци е значително зголемен од претходната година. Косово е земјата со најмногу регистрирани прекршоци, додека Северна Македонија е на седмото место. Се повикуваат институциите...

„Одговорно користење на вештачката интелигенција” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), во вториот краток инспиративен говор ќе дознаеме за “Одговорно користење на вештачката интелигенција”. Во нашата потрага по иновации, од клучно значење е одговорно...

Подигањето на свеста кај граѓаните за заштита на податоците – најдобра заштита од можни злоупотреби

Информирањето за важноста на личните податоци во државата и начините како граѓаните да ги заштитат своите податоци, како и информирањето за улогата на офицерите за заштита на податоците, беа неколку од темите што се дискутираа на втората панел дискусија на конференцијата „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“. Во фокус на оваа панел дискусија со наслов...

МНР во соработка со Амбасадата на САД организираше конференција за дезинформации и хибридни закани

Министерството за надворешни работи, во соработка со Амбасадата на САД организираше Конференција „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Воведни обраќања имаа државниот секретар Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје. Учество зема и реномираниот американски експерт Енди Карвин, претставник од НАТО Одделот за јавна дипломатија, како и...

Утре започнува меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“

Во хотелот „Мериот“ во Скопје утре и задутре ќе се одржи меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“. Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат, при што дел од учесниците ќе ја имаат можноста физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM и Facebook Live. Конференцијата ќе ја отворат Славица Грковска, заменичка на...

Конференцијатa „Дигитална трансформација за граѓаните“ ќе се одржи на 4 и на 5 април

Фондацијата „Метаморфозис“ и мрежата ИЦЕДА се организатори на меѓународната конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“, што ќе се одржи на 4 и на 5 април во хотелот „Мериот“ во Скопје. Конференцијата ќе биде во хибриден формат. Некои од учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите учесници ќе можат да ги проследат сесиите oнлајн, преку „Зум“ платформата. На овој...

Грковска: Улогата на жените мора да биде поенергича и одлучувачка

Улогата на жените треба да биде поенергична и одлучувачка, со целосно почитување на човековите права и со искористување на потенцијалот, знаењето и искуството. Ова го истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, која учествуваше на конференцијата „Жените и дигитализацијата – надминување на бариерите, отворање можности за унапредување на родовата еднаквост“. Конференцијата ја организираа агенциите на Обединетите Нации...

Средба меѓу вицепремиерката Грковска и новата амбасадорка на Грција, Софија Филипиду

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду. Грковска ја информираше Филипиду за работењето на Кабинетот и за клучните процеси кои се темелат на три столба и тоа: дигиталната трансформација на општеството, антикорупциски политики како и градењето на професионални, транспарентни, одговорни...

С. Македонија станува членка на Дигитална Европа, новата програма на ЕУ

ЕУ и Северна Македонија ќе потпишат меѓународна спогодба за учество во програмата на Унијата, Дигитална Европа (Digital Europe) за периодот 2021-2027 година, информираат во Министерството за информатичко општество и администрација. Оттаму додаваат дека Владата го овластила министерот Адмирим Алити да ја потпише спогодбата, со што Македонија од 1 јануари ќе биде земја членка на програмата, а сите граѓански организации,...

„Разговори со експерти“ в сабота во Јавна соба

„Разговори со експерти“, настанот организиран од Гете институтот, кој е наменет за родители, ќе се одржи в сабота во Јавна соба. Дискусиите треба да доловат различни перспективи на феноменот на дигиталниот свет, на кој нивните деца и тие самите се изложени како родители. „Интервенцијата „Проѕирниот човек“ содржи повеќе делови - изложба, натпервари за ученици, награда за најдобар наставник по германски...

Промовирани резултатите од Проценката на добро владеење преку Индексот на отвореност

Во организација на Фондацијата Метаморфозис, денеска беа промовирани резултатите од Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2022 година, како и резултатите од Проценката на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност според мерењето за 2021 година. Резултатите беа презентирани на онлајн настан, на кој се...

Изложба со повик полицијата сериозно да ги сфати пријавите за малтретирање на интернет

„Насилниците имаат имиња и треба да бидат казнети“ - со оваа порака Центарот за еднакви можности „Бубамара“ вчера на плоштадот во Тетово и во Гостивар, но и во Стара скопска чаршија, ја одржа „Изложбата без име“. Целта на оваа изложба беше преку илустрации на уметникот Рехатлику да се крене свеста малтретирањето со кое се соочуваат девојките на социјалните мрежи,...

ДЕБАТА: Нема доволно политичка волја за дигитализација на општинските услуги

Има недостиг на стратешки пристап за развивање на дигитализацијата на локално ниво, оти речиси сите стратегии во моментов се насочени на услугите што ги дава централната власт, а постои и недостиг на интегриран систем на јавни услуги што ќе овозможат одговорна и безбедна испорака на услуги за сите граѓани без исклучок. Отсуствува и разбирање на потребата од дигитализација од...

Конференција „GOT_DATA“: Дискусија за довербата во институциите што ги контролираат личните податоци

Во Приштина денеска започна меѓународната конференција „GOT_DATA“ организирана од организацијата „Опен дата Косово“ (ODK), на тема прифаќање на дигиталната трансформација во регионот, под насловот „Дигиталната агенда, заштита на податоци и доброто управување“. Конференцијата се одвива во хибриден формат, преку физички собир во салата „Вендум“ и преку интернет. Настанот започна со панел дискусија модерирана од извршната директорка на Опен дата Косово,...

Конференција е-Општество.мк: Регионални перспективи – локални акции

Дигиталните иновации радикално го трансформираат демократското одлучување и учеството на граѓаните во општествените промени. Како сведоци на глобалната Ковид-19 пандемијата можеме да согледаме како јавните администрации во регионот и ЕУ, плански или спорадично, сè повеќе експериментираат со креирање на платформи на Интернет или дигитални алатки за да им овозможат на граѓаните да доспеат до релевантни информации од јавен карактер...

Конференцијата „е-Општество.мк“ почнува на 30 ноември, во фокус демократијата во дигиталната ера

Фондацијата Метаморфозис годинава по 17-ти пат ќе ја организира годишната меѓународна конференција „е-Општество.мк“ во периодот од 30 ноември до 3 декември 2021 година. Годинешново издание е на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“. На конференцијата „е-Општество.мк“ ќе се сретнат експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко за да ги споделат своите...

Естонија ги сподели своите алатки за дигитално образование како поддршка за време на Ковид-19

Естонија. која е држава лидер за образование во Европа (се наоѓа на место број еден на тестот ПИСА во Европа), објави дека сака да ги сподели сите свои алатки за дигитално образование за поддршка на образовните системи на другите земји за време на кризата Ковид-19. Списокот на алатки кои се меѓународно достапни може да се најдат на следниот линк:...

„Метаморфозис“: Податоците за трошењата ќе бидат покорисни во машински читлив формат

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ѝ препорачува на Владата на Република Македонија да ги објави во машински читлив формат податоците за трошоците на министерствата и другите институции од централната власт. „Метаморфозис“, која е една од граѓанските организации што цврсто се залагаат за примена на принципите на доброто владеење, отчетност, транспарентност и отвореност, го поздравува потегот на Владата да ја...

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет

Граѓаните на Германија ќе добијат законско право на брз интернет, според коалицискиот договор на конзервативците на Ангела Меркел и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), вели Хелге Браун, кој е именуван за шеф на кабинетот на германската канцеларка. Во интервју за весникот „Билд“, Браун објаснува дека новата голема владина коалиција ќе создаде правна рамка со која граѓаните ќе добијат право на...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...