fbpx
Таг: дигитални медиуми

таг: дигитални медиуми

Големите социјални мрежи ги оставаат вестите на цедило

Медиумските компании се соочуваат со финансиски предизвици откако сѐ повеќе големи социјални мрежи вложуваат сѐ помалку во промовирањето на вести, пишува Њујорк тајмс во нивната анализа. Х (поранешно Твитер) ги тргна насловите од вестите кои се споделуваат на нивната платформа. Кемпбел Браун, надлежна за справувањето со вести на „Мета“ (компанијата-сопственик на Фејсбук и Инстаграм), најави дека ќе замине од компанијата....

Пендаровски: Сите што се кријат зад удобноста на тастатурата да бидат свесни дека се одговорни за напишаното

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на јавната дебата на тема „Дискриминирачки говор на дигитални медиуми – состојба и предизвици”, во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија. Тој, во своето обраќање рече дека соработката и заедничките акции на...

Државни органи без интернет-страници, без социјални мрежи и со портпароли „на одмор“

Варира нивото на транспарентност и отчетност кое го достигнуваат државните институции во однос на комуникацијата со јавноста. Дел од македонските државни органи котираат високо на листата на отчетни институции, дури и се рангирани најдобро во регионот, а други се на самото дно на истата листа, речиси сосема недостапни за граѓаните. Додека едни имаат разработено цели стратегии за комуникација, други...

94,2 отсто од младите во земјава користат WhatsApp, Viber, Skype или Messenger (инфографик)

96,3 отсто од младите во земјава на возраст од 15 до 24 години се секојдневно или речиси секој ден на Интернет, при што најголем дел од времето го користат за размена на инстант - пораки преку Messenger, WhatsApp, Viber и Skype, се наведува во извештајот „Користење на информатичко - комуникациски технологии во домаќинства и кај поединците, 2019 година“ на...

Отворено третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

Со панел дискусија посветена на борбата за опстанок и интегритет на новинарството во светот на социјалните медиуми, синоќа во Кино Култура беше отворено третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал - Скопје. Ана Јакимовска, докторка на науки од областа на вештачката интелигенција, го сподели своето искуство со публиката во поглед на користењето на новите технологии во новинарството. - Уште додека студирав беше...

На 31 октомври почнува третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

Третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал - Скопје ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември во Кино Култура. Организаторите на овогодинешното издание погледот го вперуваат „Кон дигиталното“, разгледувајќи ја од различни аспекти позицијата на медиумите во дигиталната ера. „Со интерактивната содржина на третиот ИФФС, за првпат на фестивалот на посетителите им се нуди увид во виртуелната реалност. Во...

Конференција за онлајн-медиуми во Котор

Конференцијата Digital-born Media Carnival ќе се одржи од 14 до 18 јули во Котор, Црна Гора. Таа е заедничка иницијатива на Фондацијата SHARE, Мисијата на ОБСЕ во Србија и Министерството за надворешни работи на Холандија, со поддршка на Канцеларијата на ОБСЕ за слобода на медиумите. На Digital-born Media Carnival ќе се соберат повеќе од 100 претставници на интернет-медиумите, инфо-истражувачи и...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...