fbpx
Таг: дигитална трансформација

таг: дигитална трансформација

ЕК: Зголемен број е-услуги за граѓаните, но потребно е да се усвои Стратегијата за ИКТ

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на дигиталната трансформација и медиумите. Постигнат е ограничен напредок кој се состои од благо зголемување на бројот на електронски услуги за граѓаните и бизнисите, наведува Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава во евроинтеграциите за 2023 година. Европската комисија забележува дека државата годинава се приклучи кон Програмата за Дигитална Европа и дека...

Алиу: Се подготвува законот за сајбер заштита на цивилното население

Законот со кој се уредува сајбер заштитата на цивилното население и се предвидува формирање агенција е во постапка на изработка и веќе е поставен е на ЕНЕР, информираше министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Тој посочи дека во неговото креирање се вклучени приватниот, невладиниот и владиниот сектор, како и науката, за да се добијат најдобрите решенија. Досега пристигнале...

Има решение за ставање крај на хартиените уверенија и дипломи, само треба да го искористиме

Дипломи, уверенија, признанија, сертификати и писма за препораки за вработување во хартиена форма граѓаните многу бавно ги стекнуваат во македонските административни лавиринти, а доколку ги изгубат, мораат повторно да го поминат макотрпниот пат за да им бидат издадени нови. Покрај време, ваквите процедури чинат и нерви и финансии, а особен проблем е дигитализацијата на македонското високо образование. И покрај тоа...

„Дигитална трансформација за граѓаните“: Земјите од Западен Балкан немаат капацитети за заштита од кибер напади

Земјите од Западен Балкан имаат недостиг на капацитети за заштита од кибер напади, а владите немаат политичка волја да ги предводат процесите на ова поле. Ова, меѓу другото, беше констатирано на панел-дискусијата „Заедница отпорна на кибер напади“, во рамки на вториот ден од меѓународната конференција во организација на Фондацијата Метаморфозис „Дигитална трансформација за граѓаните“. Извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, кој...

Дигиталниот јаз во Западен Балкан може да се надмине од граѓаните за граѓаните

Вклучувањето на граѓанското општество во процесот на дигиталната трансформација на државите, но пред сè обучувањето на граѓаните е од посебна важност, затоа што со поголемо учество на организациите полесно може да се надмине дигиталниот јаз. Ова го истакнаа претставници на граѓански организации од Република Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора на панел дискусијата на тема „Од граѓаните...

Средба меѓу вицепремиерката Грковска и новата амбасадорка на Грција, Софија Филипиду

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду. Грковска ја информираше Филипиду за работењето на Кабинетот и за клучните процеси кои се темелат на три столба и тоа: дигиталната трансформација на општеството, антикорупциски политики како и градењето на професионални, транспарентни, одговорни...

Муртезани: Жените да излезат од комфорната зона ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди

Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Важно е организациите и владата да ги едуцираат граѓаните и да им ги обезбедат потребните алатки и ресурси за да им помогнат да ги разберат и усвојат дигиталните технологии. Жените да излезат од нивната комфорна зона и ако ја сакаат науката...

Еднаков пристап и инклузивност на граѓаните преку дигитализацијата да биде приоритет за земјите од регионот

Целите и активностите на носителите на одлуки од земјите на Западен Балкан треба да бидат ориентирани кон крајната цел да им биде обезбеден еднаков пристап до услугите за сите нивни граѓани и да бидат што е можно поинклузивни. Ова беше заклучокот од панел дискусијата на тема „Приоритетите во Националните акциски планови за Отвореното владино партнерство на земјите од Западен...

Македонија треба да ги интензивира своите активности во насока на дигитализацијата, оценува Европската Комисија

Кога станува збор за дигиталната трансформација Република Северна Македонија ја чека еден долг пат. Иако земјата направи реформи во оваа насока, сè уште ја чека уште многу работа. Ова беше констатирано во Последниот Извештај за 2022 година за напредокот во евроинтеграциите. Извештајот ги истакнува недостатоците каде земјата треба повеќе да работи, како и точките во кои е постигнат напредок....

Грковска-Јашари: Граѓанскиот сектор има суштинска улога во дигиталната трансформација на општеството

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со претставници од Фондацијата „Метаморфозис“, предводени од извршниот директор Бардил Јашари, со кого разговараа за важноста на процесот на дигитална трансформација на општеството, информираат од владината прес-служба. Вицепремиерката Грковска ја изрази важноста на вклученоста на граѓанскиот сектор во сите општествени процеси, вклучително и во делот на дигиталната трансформација...

РЕПОРТАЖА: Банките за храна во Португалија можат да прехранат до 4 отсто од целокупното население [фото]

Португалија има над 10 милиони жители и дури 21 банка за храна (food-banks), кои можат да прехранат до 4 отсто од целокупната популација на оваа земја-членка на ЕУ. Нивната главна цел е да се борат против фрлањето на разните видови на храна како отпад, а обезбедените вишоци од разни оператори на храна да ги насочат кон оние на кои...

Вицепремиерката Грковска разговараше со естонскиот претседател Карис на тема дигитализација

На маргините на дигиталната конференција „E-governance“ која што се одржува во естонскиот главен град Талин, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска имала средба со претседателот на Естонија Алар Карис, со кој разговарале за предностите што дигитализацијата на општеството ги обезбедува за сите граѓани. Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што Естонија ѝ ја дава на Република Северна...

Со прогласување на победниците на хакатонот за отворени податоци, заврши конференцијата е-Општество.мк

Дигиталната трансформација треба да има холистички пристап, за поврзување на сите, да биде инклузивна, односно секој да може да ги почувствува придобивките од неа. Но при овој процес фокусот мора да биде на почитувањето на демократските вредности и на човековите права. Исто така, од најголема важност се и кибер-безбедноста и почитувањето на човековите права. Со таква порака на затворањето на...

Отворена 17-тата конференција е-општество.мк: Дигитализацијата да биде цел на општеството

Денеска започна меѓународната конференција е-општество.мк, која што годинава се одржува по 17-ти пат и ја третира темата „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“. На отворањето на е-општество.мк, свое обраќање имаа извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, претставникот на канцеларијата на УСАИД...

„е-Општество.мк“: Потребна е дигитална зрелост за да се постигне дигитална трансформација на општеството

Шеснаесеттото издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вклученост и ефективност-доброто владеење и интернетот“ започна денеска и за прв пат поради ковид-19 пандемијата се организира целосно онлајн. Настанот е во организација на Фондацијата за Интернет и општество „Метаморфозис“, а нејзиниот извршен директор Бардил Јашари во воведното излагање на почетната сесија се задржа на последиците што ги донесе ковид-19 врз...

Дигитални алатки во наставата се користат, ама без стручни лица и обуки за поддршка на наставниците

Педесет и пет отсто, или 137 од вкупно 250 анкетирани наставници, истакнале дека во нивното училиште не постои стручно лице кое им нуди поддршка во процесот на воведување на дигитални алатки во образованието. Ова се дел од податоците на истражувањето спроведено од специјалистот за односи со јавност, Бојан Кордалов, а во рамките на Проектот за дигитализација на образованието кој...

Започна седмиот самит „Македонија 2025“ на кој учествуваат 350 гости од регионот

Со панел-дискусии посветени на образование, лидерство и успешни македонски бизнис-приказни во светот, започна седмото издание на самитот „Македонија 2025“. Денеска и утре, повеќе од 350 реномирани гости од целиот регион, ќе имаат можност да слушнат за најдобрите светски практики во бројни актуелни области, меѓу кои: дигитална трансформација во бизнисот, производство на канабис за медицински цели, примена на најсовремените технологии во...

Манчевски: Дигиталната трансформација е скап процес на раст и развој

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати во министерскиот панел на тема: „Дигитална економија- мотор за економски развој“, во рамки на меѓународната конференција „Дигитолкс“, што вчера и денеска се одржува во Приштина. Манчевски зборувајќи за дигиталната трансформација како основа за дигитална економија, се осврна на предизвиците што ги носи новото време и потребата од реорганизација како на...

Анѓушев: Нема политичка криза по референдумот

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев за време на Самит 100 во Белград, изјавил дека после референдумот на кој не излегле доволно гласачи, не очекува политичка криза во државата, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. „Мислам дека 600.000 гласови „за“ е сосема јасен доказ за поддршката од страна на граѓаните. По референдумот се можни две сценарија. Првиот е да имаме...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...