fbpx
Таг: џихадисти

таг: џихадисти

Јанкулоска: Стотина македонски државјани се борат во Сирија и во Ирак

Стотина македонски државјани се борат на боиштата во Сирија и во Ирак, од кои досега 15 и загинаа, соопшти денеска во Белград министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкулоска, во обраќањето на конференцијата „Превенција на радикализмот и борба против тероризмот на Балканскиот регион“. - Денес, балканските земји, како и многу земји во светот, се соочуваат со зголемен ризик, поради...

Џихадистите се обидуваат да заземат рафинерија во Ирак

Борците на Исламска држава вчера се судрија со ирачките безбедносни сили во најголемата рафинерија во земјата, во провинцијата Салахудин, и ги задржале неодамна освоените позиции на западот на земјата. ИД минатиот месец претрпе значаен пораз кога ирачките трупи и шиитските паравоени единици го зазедоа Тикрит, но џихадистите пред неколку дена повторно нападнаа цели во западната провинција Анбар и на рафинеријата...

Ирачкиот град Рамади наскоро ќе падне во рацете на џихадистите

Клучниот ирачки град Рамади следните неколку дена би можел да падне во рацете на Исламска држава, јавуваат локални претставници, кои молат за помош. Еден од претставниците на градот за „Си-Ен-Ен“ изјави дека не знае уште колку владините сили можат да ги држат џихадистите надвор од границите на градот. Борбите се интензивирале во последните неколку дена, а градските власти побараа помош...

Џихадисти од ИД киднапираа ученици од Мосул

Денеска џихадисти од групата Исламска држава (ИД) киднапираа околу 120 ученици од различни училишта во Мосул. Тие се однесени во непознат правец и нивната судбина засега е неизвесна. Освен тоа, ИД денеска јавно застрела повеќе од 20 свои борци во Мосул, кои беа повредени во судири со ирачките вооружени сили, соопшти Демократската партија на Курдистан. Во западната провинција Анбар вчера исламистите убија...

Уапсено цело семејство кое планирало да се приклучи на џихадистите

Шпанската полиција уапси четиричлено семејство, вклучувајќи и 16-годишни близнаци, кои планирале да заминат во Сирија и да станат џихадисти. Во соопштението од шпанските власти се наведува дека родителите и синовите се од мароканска националност, а се уапсени во Бадалона, во близина на Барселона. Според Министерството за надворешни работи на Шпанија, постариот брат минатата година ѝ се придружил на групата Исламска држава, каде загинал....

Шпанскиот суд одби кауција за џихадистите

Судот во Шпанија ја отфрли можноста за кауција на седумте осомничени припадници на џихадистичка ќелија која, наводно, барала извршување напади во земјата и регрутирала борци за Исламска држава во Ирак и во Сирија. Судијата на Националниот суд, Хавиер Гомез Бермудез, ги испитал осомничените, по што еден од нив ослободил, додека на другите им го продолжил притворот. Бермудез ќе донесе одлука дали истрагата...

Ирачката војска тргна во офанзива на Тикрит

Ирак почна воена акција за заземање на родниот град на Садам Хусеин, Тикрит, кој се наоѓа под контрола на Исламска држава, јавува ирачката телевизија. Локалните медиуми известуваат дека вооружена воена пешадија почнала да продира во седиштето на градот, додека од воздух е поддржана од воени борбени авиони. Тикрит се наоѓа 150 километри од главниот град Багдад, а радикалните исламисти го зазедоа...

Шпанија: Четири лица уапсени за регрутирање џихадисти

Шпанската полиција уапси четири лица, осомничени дека помагале во регрутирање џихадистички милитанти, особено жени, и дека ја ширеле пропагандата за Исламска држава. Полицијата досега уапси десетина џихадистички милитанти и лица кои регрутирале нови членови, особено околу Мелиља и во Суета, двата града што се граничат со Мароко.

Франција: Одземени пасоши на џихадисти кои сакале да заминат за Сирија

Француските власти им ги одзедоа пасошите на шест државјани кои, наводно, планирале да им се придружат на џихадистите во Сирија. Министерот за внатрешни работи, Бернар Казенев, соопшти дека тајните служби се уверени дека мажите планирале да им се приклучат на силите на Исламска држава. Одземањето на патните исправи е дел од антитерористичките мерки што Франција ги воведе во ноември минатата година.

Јордан ѝ одговори на ИД со бесење на двајца џихадисти

Јорданските власти рано изутринава ја обесија ирачката терористка Саџида ар Ришави, за која Исламска држава инсистираше да се ослободи како замена за јордански пилот Муат ал Касасбех. Егзекуцијата на Ар Ришави и на високиот претставник на Ал Каеда, Зијад ал Карбули, кој беше осуден на смрт за повеќе напади, е одговор на ликвидацијата на јорданскиот пилот. ИД синоќа објави снимка на...

Кери: Убиени се половина од лидерите на ИД

Државниот секретар на САД, Џон Кери, на состанокот на министрите за надворешни работи кои се борат против Исламската држава изјави дека Ирак и партнерите од Меѓународната коалиција оствариле значајни цели во борбата против џихадистите од ИД и дека убиле повеќе од илјада од нивните броци, односно половина од нивните лидери. На состанокот, кој се одржа вчера во Лондон, Кери навел дека...

Франција: Поранешни војници се приклучиле на џихадистите

Десетина поранешни француски војници, повеќето од нив поранешни членови на елитните единици и на Легијата на странци, им се придружиле на џихадистите во Сирија и во Ирак, соопштија извори од француското министерство за одбрана. - Проценивме дека десетина поранешни војници се приклучиле кон овие мрежи... Наша грижа не се поранешните војници..., туку да се спречи феноменот на радикализирањето на нашите...

Франција го зголемува надзорот на осомничените џихадисти

Француските власти ќе надгледуваат околу 3.000 лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористички мрежи, соопшти премиерот на Франција, Мануел Валс, додавајќи дека тоа е дел од новите владини мерки за сузбивање на радикалниот исламизам во земјата. Влас најави ангажирање на дополнителни 2.680 припадници на полицијата, жандармеријата или разузнавачките служби за да се зголеми безбедноста на земјата, како и...

Белгија: Полицијата била мета на убиените осомничени џихадисти

Сè уште тече истрагата во џихадистичките кругови во Белгија по вчерашниот упад во пекарница во градот Вервие, во кој, наводно, се криеле џихадисти вратени од Сирија. Полицијата во акцијата уби две лица, кои сè уште не се идентификувани. Третото лице беше приведено, неговиот идентитет не се открива, но тој ги отфрла сите обвинувања за инволираност во какви било планирани напади...

Валс: 1.400 Французи се приклучиле на џихадистите

Околу 1.400 Французи или лица што имаат престој во Франција веќе заминале или се спремни да отидат и да се борат во Сирија или во Ирак, а 70 загинале на боиштата, соопшти францускиот премиер Мануел Валс. Податоците покажуваат зголемување на бројката во споредба со процената на владата од пред неколку недели, кога се споменуваа 1.200 борци и 60 мртви. Кон средината на...

Курдските сили убија околу 60 џихадисти на ИД

Околу 60 екстремисти на Исламска држава биле убиени денеска во судир со курдските сили на северот на Сирија, соопштила сириската Опсерваторија за човекови права, пренесуваат медиумите. Во судирот кој избувна во градот Касијаб во провинцијата Касака, на североистокот на Сирија, курдските сили успеале, по дводневни борби, да го заземат градот кој беше под контрола на ИД. Како што пренесуваат медиумите, од...

Сирија: Повеќе од 1.000 џихадисти убиени од почетокот на нападите врз ИД

Повеќе од 1.100 џихадисти се убиени во Сирија од почетокот на воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД, соопшти Сириската организација за човекови права со седиште во Лондон. Според податоците на организацијата, собрани од активисти и од жители на Сирија, од почетокот на воздухопловната кампања, 1.171 лице загинало, од кои 1.119 биле членови на екстремистичката сунитска организација Исламска држава...

Франција: Рација против џихадистите

Француската полиција изврши рација на повеќе локации во земјата и разби мрежа за праќање џихадисти во борбата против Сирија. Елитните антитерористички единици извршија рација на десетина локации, повеќето на југот на земјата околу Тулуз, но и на поширокото подрачје на Париз и во северната покраина Нормандија. Засега не е познато колку луѓе се уапсени во акцијата. Се проценува дека во Франција, во која...

Јанкулоска: Загрижува регрутирањето странски борци во ИСИС

Петнаесетина лица од Македонија, како доброволци - џихадисти, загинале во воените конфликти во Сирија и во Ирак, откако од средината на 2012 година било регистрирано заминувањето на лица од земјава во овие воени жаришта, било речено, меѓу другото, во обраќањето на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на министерскиот форум за внатрешни работи и за правда ЕУ - Западен...

Данската влада финансиски помагала борци на ИСИС

Повеќе од дваесетина џихадисти добиваат надоместоци од данската влада како финансиска помош за невработени, додека се борат за Исламската држава во Сирија, објавија локалните дански медиуми, повикувајќи се на дански безбедносни служби. Според медиумите, од 28 Данци идентификувани од страна на националните безбедносни служби, за 15 е докажано дека земале финансиска помош, за осум лица сè уште е во тек истрагата, а за петмина немало...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...