fbpx
Таг: џихадисти

таг: џихадисти

Жесток отпор на џихадистите пред Тал Араф

Ирачката војска денеска извела серија воздушни и артилериски напади на позиции на екстремистите на Исламска држава, оддалечени 10 километри северозападно од Тал Араф. Припадниците на ИД ѝ пружаат жесток отпор на ирачката војска пред ослободениот град Тал Араф, еден од последните упоришта на џихадистите во Ирак. Властите во Багдад во неделата соопштија дека ирачката војска „целосно го ослободила“ градот Тал Араф од...

Експлодира куќа во Шпанија во која џихадистите правеле бомби

Куќа која се наоѓа јужно од Барселона целосно е разнесена во експлозија, а се сомнева дека во неа џихадистите правеле бомби, јавуваат светските медиуми. Има мртви и повредени! Во вчерашниот терористички напад во центарот на Барселона се повредени најмалку стотина лица, а 13 се убиени. Осум часа по првиот напад се случи и втор во познатото летувалиште Камбрилс. Експлозијата во куќата,...

Сириската војска целосно ја презела контролата врз Палмира од милитантите на ИД

Сириската војска, поддржана од Русија, целосно ја презела контролата врз античкиот град Палмира од милитантите на Исламска држава, потврдиле властите во Дамаск и во Москва, јавува „Би-би-си“. Војската на Сирија и други провладини сили, според извештаите, навлегле во градот и ги истиснале милитантите на ИД, со што ставиле крај на втората окупација на Палмира од страна на џихадистичката група. Борците на...

Четириесет и четири жени од Косово биле на боиштата на Блискиот Исток

Косовскиот центар за безбедносни студии соопшти дека од почетокот на конфликтите во Сирија и во Ирак, од 2012 до 2016 година, 44 косовски жени биле вклучени во тие конфликти, а меѓу нив има и 27 деца. Врз основа на истражувањето на овој центар, „жените кои учествувале во терористичките организации давале нега, промовирале идеологија на ектремно насилство и регрутирале други жени...

Oбвинителството го потврди координираниот лов на терористи со Албанија и со Косово

Координирана антитерористичка операција деновиве е спроведена во Албанија, Македонија и во Косово за апсење на лица, осомничени за регрутирање борци за Исламска држава од Балканот. Според информациите што вчера ги објавија албанските и косовските медиуми, осомничените, наводно, планирале и терористички акции на Балканот. Од Јавното обвинителство за „Мета“ го потврдија учеството на македонските власти во антитерористичката операција и најавија повеќе...

Ал Багдади е сигурен во победа на ИД во Мосул

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, изјави дека е сигурен во победа на ИД во Мосул, а тоа го порача во официјална снимка што ја објави џихадистичката организација. Ова е прво обраќање на Багдади откако почна офанзивата на ирачкиот град Мосул. Багдади во порака ги повика луѓето во Мосул да се борат против „божјите непријатели“, а борците самоубијци ги повика...

ИД оставила зад себе 72 масовни гробници

Исламска држава оставила зад себе 72 масовни гробници со илјадници мртви, но веројатно ќе бидат пронајдени уште многу откако џихадистите ќе се повлечат, јавува агенцијата „Асошиејтед прес“. Бројот на мртвите во тие гробници се движат од 5.200 до повеќе од 15.000 лица. Во Сирија се наоѓаат повеќе од 17 масовни гробници, меѓу кои и една во која се закопани тела на...

Сириската опозиција го зазеде градот Манбаџ

Сириските опозициски сили, поддржани од САД, ја презедоа целосната контрола врз градот Манбиџ, во близина на турската граница, откако последните борци на Исламска држава го напуштија градот, изјави портпаролот на Сириските демократски сили, Шарфан Дарвиш. Тој истакна дека бунтовниците сега го пребаруваат градот по заминувањето на последната група екстремисти, додавајќи дека се ослободени и повеќе од 2.000 цивили, кои биле...

Во Авганистан убиени 300 борци на Исламска држава

Авганистанските сили, со помош на САД убиле 300 борци на Исламска држава во операциите кои ги покренале пред две недели, изјави денеска американскиот и НАТО генералот Џон Николсон. Николсон оцени дека со ова е зададен голем удар на ИД и додаде дека офанзивата е покрената во Нагархар. Се претпоставува дека ИД има контрола врз тро или четири од повеќе пд 400...

Исламска држава го зазеде гасното наоѓалиште Шаер во Источна Сирија

Исламска држава денеска го зазеде главното наоѓалиште на гас Шаер, во Источна Сирија, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на бунтовнички извори и на невладини организации. Ова е прв борбен успех на џихадистите во реонот на Палмира, откако во март беа потиснати од градот. Според агенцијата „Амак“, блиска на оваа џихадистичка група, борците воспоставиле контрола врз гасното наоѓалиште и неговите инсталации, каде...

Најмалку 16 загинати во напад во Сирија

Најмалку 16 цивили, меѓу кои и осум деца загинале денеска во нападите во Рака, на северот на Сирија, соопшти денеска сириската опозициска Опсерваторија за човекови права и додаде дека не се знае кој е одговорен за тие напади. - Бројот на жртви би можел да биде поголем, бидејќи во нападот се повредени и исчезнати околу 40 лица - информираат од...

Џихдистите заземаа воена база во Сирија

Борците на Фронтот ал Нусра, џихадистичка организација поврзана со Ал Каеда, во текот на ноќта заземаа воена база и оружје од бунтовниците во северозападна Сирија. Директорот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдулрахман изјави дека борците на Фронтот ал Нусра исто така заробиле десетина бунтовници. Бунтовничката 13 дивизија, на чие чело се наоѓа истакнатиот командант на бунтовниците Ахмед ал-Сеуд кој...

Џихадисти убиле дете со хемиско оружје

Ирачките власти тврдат дека Исламска држава извела два напади со хемиско оружје, во кои животот го загубило тригодишно девојче, а околу 600 лица се повредени. Претставниците на безбедносните агенции и вработените во болниците велат дека најновиот напад се случил во градот Таза, кој и пред три дена бил изложен на удари на ракети полнети со хемиско оружје. Ранетите имаат повреди на...

Бомбаш самоубиец усмрти 60 лица во Хила

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на бомбаш самоубиец врз полициски контролен пункт во градот Хила, јужно од Багдад, каде што се загинати повеќе од 60, а ранети преку 70 лица. Џихадистите ја презеле одговорноста за нападот преку интернет-страницата на новинската агенција „Амак“, која ја поддржува Исламска држава. Фалах ел Ради, официјално лице од ирачките безбедносни служби, изјавил дека станува збор за...

Џихадистите за помалку од две години погубиле 3.967 лица

Џихадистите на Исламска држава досега во Сирија погубиле вкупно 3.967 лица, наведува „Дејли мејл“. - ИД досега погубила 420 сопствени припадници поради предавство, шпионажа или, пак, обид за дезертирање – напиша невладиниот активист, Абу Мухамед. Неодамна, осум холандски платеници, припадници на Исламската држава, биле погубени поради обид за дезертирање и кавги со нивните претпоставени.

Во Косово уапсени три лица поради поврзаност со ИД

Три лица се уапсени во Косово поради поврзаност со Исламска држава и сомневање дека подготвувале терористички напад на територијата на Србија. Против осомничените се поднесени кривични пријави поради поврзаност со Исламсака држава и за формирање разгранок на ИД во Косово. Трите лица живееле во Приштина, Гњилане и во Урошевац. Еден од уапсените бил командир на борбена единица во Сирија, која имала...

Турција стравува од нови терористички напади, прогласена е состојба на зголемена готовност

Состојба на зголемена готовност е прогласена во Турција по добиените разузнавачки информации дека се можни терористички напади во земјата. Како што пишуваат турските медиуми, разузнавачките служби откриле двајца осомничени што илегално влегле во Турција со намера да извршат терористички напади. Разузнавачите дошле до сознанија дека уапсените требало да се сретнат со неколкумина сириски државјани во округот Караманмарас, во југоисточниот дел на Турција. Поради ваквите...

Турската полиција идентификувала четворица припадници на ИД осомничени за убиства

Турската полиција идентификувала четворица членови на групата Исламска држава, кои биле осомничени за убиството на две лица, пронајдени заклани во октомври минатата година, во јужниот град Шанлурфа, јавуваат турски медиуми. Главниот осомничен е Талас ал Сурур, Сириец, кој се здружил со двајцата убиени, Ибрахим Абделкадер и Фарес Хамади, велејќи им дека избегал од џихадистичка групација. Дваесетгодишниот Абделкадер и неговиот пријател Хамади,...

Разбиена група која врбувала борци за Исламска држава

Група која врбувала борци за Исламска држава денеска била разбиена од силите за борба против тероризмот во Тунис. Според соопштението на министерствоо за внатрешни работи на Тунис, групата од крајбрежниот град Бизерта броела девет лица, кои по апсењето признале дека селектирале луѓе за ИД во Либија и во Сирија. Во текот на ноември, во Тунис беше прогласена вонредна состојба поради бомбашкиот...

Уапсени десет лица осомничени дека ѝ помагале на ИД

Во централниот округ Кона, турската полиција денеска уапси 10 осомничени членови на Исламска држава, објави турската телевизија НТВ. Како што објавува телевизијата, полицијата извршила акции на 15 адреси во центарот на градот Кона. Во операциите се уапсени вкупно десет лица, кои се верува дека имаат врски со ИД. Се претпоставува дека уапсените врбувале членови на ИД и давале логистичка поддршка на џихадистите. Операцијата...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...