fbpx
Таг: Џерманвингс

таг: Џерманвингс

Германија: Транспортирани 44 тела од авионската несреќа

Тела на 44 жртви од авионската несреќа на француските Алпи денеска стигнаа во Дизелдорф, каде ќе бидат вратени на семејствата за да бидат погребани. „Ербас A320“ на компанијата „Џерманвингс“ се урна на француските Алпи на 24 март. Сите 150 патници и членови на екипажот загинале. Врз основа на информациите добиени од црните кутии, заклучено е дека копилотот Андреас Лубиц намерно го урнал...

Лубиц вежбал како да го урне авионот на „Џерманвингс“

Андреас Лубиц, копилотот осомничен дека намерно го урна авионот на „Џерманвингс“ и така уби 150 лица, на претходниот лет вежбал како да урне авион. Германскиот весник „Билд“, наведувајќи извор близок до француската агенција БЕА кој го истражува случајот, пишува дека Лубиц истиот ден кога се случила несреќата, вежбал како да урне авион, контролирано спуштајќи го без причина. Лубиц страдал од тешка депресија,...

Одржана комеморација за жртвите во несреќата на „Џерманвингс“

Околу 1.400 луѓе, меѓу нив и 500 членови на семејствата на жртвите, присуствувале на комеморацијата која во знак на сеќавање на 150 патници што ги загубија животите во авионската несреќа на „Џерманвингс“ денеска се одржа во катедралата во Келн, пренесува ХРТ. На комеморацијата, на која била одржана екуменска богослужба, присуствувале германската канцеларка, Ангела Меркел, францускиот министер во владата, Ален Видалие,...

Германските контролори бараат далечинско управување со авионите

Германската контрола за летање ја повика авионската индустрија да ја разгледа можноста за развој на технологии што би овозможиле во вонредни ситуации, далечински, од земја, да се преземе управувањето со патнички авион за безбедно да се приземји. Апелот на експертите за безбедност во авиосообраќајот доаѓа по авионската несреќа во која пилотот на германската авиокомпанија „Џерманвингс“, Андреас Лубиц, намерно го урна авионот...

Лубиц во кафето на пилотот ставил диуретик

Копилотот на „Џерманвингс“, 28-годишниот Андреас Лубиц, кој намерно го урнал авионот и со себе во смрт однел 149 лица, наводно во кафето на пилотот ставил диуретик за да го присили пилотот да го напушти кокпитот. Германските медиуми наведуваат дека истражителите го пребарале компјутерот на Лубиц и во него пронашле податоци што говорат дека тој пред несреќата на интернет порачувал и диуретик. Полицијата...

Објавена фотографија од пилотот-херој, веднаш до таа на Лубиц

Британскиот весник „Дејли мејл“ ја објави првата фотографија од пилотот Патрик Сондхајмер, кој се обидел да го пречи Андреас Лубиц да го урне авионот на „Џерманвингс“ на француските Алпи и со себе да убие 149 луѓе. Единствената фотографија на која се гледа Сондхајмер (првиот од лево на фотографијата) е снимена е седиштето на „Џерманвингс“ во Келн. Контроверзија предизвика фактот што неговата фотографија...

Надлежните не знаеле за состојбата на Лубиц

Германското Федерално биро за воздухопловство соопшти дека немале претходни сознанија дека копилотот на авионот на „Џерманвингс“, Андреас Лубиц, се борел со тешка депресија, пред катастрофата на француските Алпи, во која загинаа 150 луѓе. Од Федералното биро, за весникот „Велт ам сонтаг“, навеле дека првпат слушнале за менталните проблеми на Лубиц кога добиле пристап во неговото медицинско досие во „Луфтханза“ на...

Авион на „Џерманвингс“ непланирано слетал во Венеција

Авион на германската авиокомпанија „Џерманвингс“ бил принуден да слета во Венеција бидејќи на еден од патниците и на еден член на екипажот одеднаш им се слошило. Авионот на летот 03882 од Хановер до Рим бил пренасочен на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција, каде на патниците им било кажано да почекаат во чекалницата на терминалот за поаѓања. Ова се случува за помалку...

Втората црна кутија потврди дека Лубиц намерно го урнал авионот

Втората црна кутија на „ербасот“ на „Џерманвингс“, кој минатата недела падна на француските Алпи, потврди дека копилотот Андреас Лубиц намерно го урнал авионот, со што со себе во смрт однел уште 149 лица, потврди француското Биро за истраги и анализи за безбедност во цивилната авијација (БЕА). Во извештајот на БЕА се наведува дека копилотот користел автоматски пилот за да го...

Пронајдена втората црна кутија од кобниот лет на „Џерманвингс“

Пронајдена е втората црна кутија од „ербасот“ на „Џерманвингс“, кој минатиот вторник се урна на француските Алпи, јавуваат француските медиуми. Втората црна кутија би можела дополнително да ги расветли околностите на авионската несреќа во која загинаа 150 лица. Снимките од првата црна кутија покажале дека авионот најверојатно го урнал неговиот копилот Андреас Лубиц. Деталите од втората црна кутија се клучни за истрагата...

Во „Џерманвингс“ не знаеле за депресијата на Лубиц, а во „Луфтханза“ знаеле

Авионската компанија „Џерманвингс“ денеска соопшти дека не знаела оти нејзиниот копилот Андреас Лубиц, за кој се сомнева дека намерно го урнал авионот со 150 лица, имал депресија за време на обуката за летање. Германската авиокомпанија „Луфтханза“, сопственичка на „Џерманвингс“, во вторникот потврди дека пред шест години знаеле дека Лубиц имал депресивна епизода пред да ја заврши обука во нивното школо...

Шпор: Треба многу време за да се дознае вистината за „Џерманвингс“

Директорот на компанијата „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ќе биде потребно уште многу време за да се дознае што се случило со авионот на компанијата. Шпор, кој заедно со Томас Викелман, шеф на „Џерманвингс“, ќерка-компанија на „Луфтханза“, го посети местото на трагедијата на француските Алпи, вети дека на семејствата, кои во несреќата ги изгубиле најблиските, ќе им помагаат колку што...

Објавена снимка од обуката на пилотот-самоубиец Лубиц

Видеозапис на кој Андреас Лубиц учи да пилотира со едрилица вчера се појави на интернет. На снимката се гледа тогаш 20-годишниот Лубиц како насмеан управува со едрилица на Германија. Германскиот пилот е осомничен дека намерно ја предизвикал авионската несреќа во која загинаа 149 лица. Како што пишува британскиот весник „Мирор“, семејството на пилотот Патрик Зонденхајмер го нападна Лубиц. Неговата баба вели дека Патрик...

На 17 април Германија ќе одржи комеморација за жртвите од несреќата на „Џерманвингс“

На 17 април Германија ќе одржи национална комеморација и помен на жртвите од авионот на германската компанија „Џерманвингс“, кој со 150 патници и членови на екипажот се урна на француските Алпи, соопштиле денеска властите на Северна Рајна Вестфалија, пренесуваат агенциите. Церемонијата ќе биде одржана во Катедралата во Келн, во западниот дел на Германија, од каде потекнуваат најголем број од жртвите,...

Пет авионски несреќи последица на пилотски самоубиства

Капетанот Андреас Лубиц, за кој се претпоставува дека намерно го урнал авионот на „Џерманингс“ на француските Алпи, убивајќи се себеси и уште 149 лица, не е единствениот пилот што направил таков злостор. Американската телевизија „Ен-Би-Си њуз“ наведува дека во авионската историја постојат уште неколку такви случаи кога пилотот, сакајќи да се самоубие, во смрт ги однел сите патници и членови на...

Нови правила – во кокпитот постојано ќе има два пилота

Уривањето на авионот на „Џерманвингс“ ги натера менаџментите на европските авиокомпании да воведат нови безбедносни правила за да се зголеми заштитата на патниците и на екипажот. Први авиокомпании кои утринава почна да ги применуваат новите кабински правила се норвешката нискобуџетна „Норвежиан ер шатл“, „Ер Канада“, „Еизиџет“ и „Ер Берлин“, во согласност со кои во кабината мора постојано да има два пилота. Новите...

Еден отсто од авионските несреќи се последица на самоубиства на пилотите

Копилотот на „Џерманвингс“, Андреас Лубиц, за кој се сомнева дека намерно се заклучил во кокпитот и го урнал авионот, убивајќи се себеси и сите патници во леталото, наводно минувал низ „емоционална криза“. Тој, како што јавуваат германските медиуми, пред неколку недели ја раскинал свршувачката со својата девојка, со која следната година требало да се ожени. Лубиц во 2008 година на...

„Луфтханза“: Нема безбедносни мерки кои можеа да ја спречат трагедијава

Директорот на „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ни во најлошите соништа не можеле да замислат дека таква трагедија ќе се случи во нивната компанија. Тој додаде дека нема никакви индикации што би можел да биде мотивот на копилотот за намерно да го урне авионот со 150 патници. - Нашиот персонал го избираме многу, многу внимателно. Без разлика на безбедносните прописи,...

Копилотот намерно го урнал авионот и убил 150 лица

Копилотот на „Џерманвингс“ веројатно намерно го урнал авионот, убивајќи ги сите 150 патници во леталото. Копилотот не му дозволил на капетанот да влезе во кабината за „намерно да го уништи“ авионот, соопшти францускиот обвинител на прес-конференција. Копилотот на „Џерманвингс“ е идентификуван како Андреас Лубиц. Капетанот бил на возраст од 30 до 40 години, искусен, со 10.000 часови летање, а за „Луфтханза“ работел 10...

Пилотска расправија е можна причина за падот на авионот

Теоријата за механички дефект како причина за падот на авионот на „Џерманвингс“ на француските Алпи е отфрлена по анализата на податоците од црната кутија, кои укажуваат дека причина за падот е несоодветното однесување на пилотот во текот на летот. Како што пишува британскиот весник „Мирор“, пилотите пред несреќата се скарале. Еден од нив ја напуштил кабината, а другиот потоа се заклучил...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...