fbpx
Таг: Џејмс Матис

таг: Џејмс Матис

Иванов до Матис: Членството во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и приоритети

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска се сретна со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис со кого разменил мислења за тековните политички случувања во Република Македонија, за евроатлантските перспективи на земјата и за билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста, соопшти кабинетот на Иванов. Македонскиот претседател истакнал дека пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и...

Матис: Гласот на референдумот е најважниот глас во историјата на вашата нација

Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација. На референдумот ќе одлучите за вашата иднина и во тоа ја имате поддршката од САД, рече американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Според него Договорот од Преспа ќе овозможи спроведување на клучните реформи во процесот на пристапување...

Матис пристигна во Скопје поради можното руско мешање во референдумот

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис утринава слета на Скопскиот меѓународен аеродром и беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американскиот амбасадор Џес Бејли. Според најавената агенда, Матис денеска ќе се сретне со Шекеринска, со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорге Иванов. Портпаролот на Пентагон Ерик Пеон, вчера соопшти дека Матис ќе ги повика македонските граѓани да гласаат...

Покрај Мичел, неделава доаѓа и американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис викендов ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот. - Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ - рече Матис во изјава за новинарите...

Матис до Шекеринска: Не сакаме да ве видиме запрени пред вратите на НАТО

Македонија и САД имаат цврсто стратешко партнерство. САД ги ценат чекорите кои Македонија ги презема кон НАТО и не сакаат да ја видат Македонија запрена пред вратите на Алијансата, е порака од официјалната средба на министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, во Пентагон. Матис на почетокот од средбата потсетил на зборовите...

Тероризмот повеќе не е во безбедносниот фокус на САД, туку Русија и Кина

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис денеска изјави дека натпреварот помеѓу големите сили, а не тероризмот, е сега во фокусот на американската одбранбена стратегија, пренесува „Би-би-си“. Зборувајќи во Вашингтон, Матис рече дека САД се соочуваат со „растечки закани од ревизионистичките сили, како што се Кина и Русија“, кои сакаат да „создадат свет во склад со нивните авторитарни модели“. - Ќе...

САД се за дипломатско решение на севернокорејската криза, вели шефот на Пентагон

Соединетите Американски Држави се залагаат за дипломатско решение на севернокорејската криза, изјавил денеска американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, јавуваат светските агенции. „Наша цел е ова прашање да се реши по дипломатски пат“, рекол шефот на Пентагон на прес-конференција во Њу Делхи. Сепак, тој додал дека САД истовремено ја задржуваат можноста да одговорат на најопасните закани на Северна Кореја. Инаку, Белата куќа...

САД има бројни воени опции против Северна Кореја, вели шефот на Пентагон

Соединетите Американски Држави имаат „бројни“ воени опции против Северна Кореја, од кои повеќето не би ја загрозиле Јужна Кореја, односно би го поштедиле Сеул од брутален контранапад, изјвил американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, јавуваат светските агенции. „Пастојат многу воени опции кои можеме да ги примениме, заедно со нашите сојузници, за одбрана на сојузниците и на нашите интереси“, изјавил шефот на...

Војната со Северна Кореја би била катастрофална, смета Матис

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, предупреди дека војната со Северна Кореја би била катастрофална. Тој наведе дека односот на двете држави треба да се реши по дипломатски пат. Матис изјави дека трудот на САД се канализира по дипломатски пат и акција и дека на тој начин се добиваат резултати. - Трагедијата на војната на сите им е позната – рече...

Северна Кореја е непосредна воена закана, смета министерот за одбрана на САД

Северна Кореја забрзано развива ракета со нуклеарна боева глава која може да претставува закана за Соединетите Американски Држави и за други земји, изјави денеска американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, говорејќи на меѓународна конференција во Сингапур. Министерот за одбрана на САД ја нарекол Северна Кореја „непосредна воена закана“, јавуваат светските агенции. Матис истакнал дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...