fbpx
Таг: џамија

таг: џамија

Седумнаесет загинати во бомбашки напад на џамија

Најмалку 17 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад на џамија на југот на Саудиска Арабија, јави саудиската државна телевизија. Нападот се случил во јужната провинција Асир, која се наоѓа југоисточно од Мека, во близина на границата со Јемен. Во џамијата имало припадници на единиците за државна безбедност – специјални сили за вонредни ситуации, јавуваат локалните медиуми. Сите загинати се припадници на единицата.

Нигерија: Девојче се саморазнесе во близина на џамија

Тринаесетгодишно девојче се саморазнесе обидувајќи се да изврши бомбашки напад врз џамија во градот Кано, на северот на Кенија, јавија локалните власти. Единствената жртва во нападот е девојчето. Нема други повредени. Полициски извори јавуваат дека мета на нападот, најверојатно, била џамијата, но девојчето, пред да стигне до џамијата, веројатно предвреме ја активирало експлозивната направа.

Во џамија во Кувајт убиени најмалку 13 луѓе

Во експлозија во шиитска џамија во престолнината на Кувајт, најмалку 13 луѓе се убиени, а повеќе се повредени. Експлозијата се случи по џумата, односно пладневната молитвата, во Кувајт Сити.

Палестинците од Газа нема да смеат да се молат во џамијата „Ал Акса“

Израел денеска ги поништи дозволите за влез на верниците од појасот Газа  во ерусалимската џамија „Ал­ Акса“, откако синоќа ракета од палестинска територија паднала на југот од земјата, во близина на граничниот премин. Координаторот за владините активности на окупираните територии, бригадниот генерал Јоав Мордехај, објасни дека 500 мажи и жени утре и в петок нема да влезат во Израел од појасот...

Триесетина загинати во самоубиствен напад на џамија во Саудиска Арабија

Најмалку 30 лица денеска загинаа или се ранети во самоубиствен бомбашки напад, кој се случи за време на молитва во шиитска џамија на истокот на Саудиска Арабија. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, прв врз шиите во Саудиска Арабија од минатата година, кога осум лица беа убиени за време на верска прослава, исто така на истокот на земјата. Како...

Уапсен осомничениот за убиството во Љуботен

Завчера вечерта, полициски екипи во селото Љуботен го уапсиле Т.Б. (21), осомничен за убиството на Џеваир М. (31), што се случи на 16 април пред џамијата во селото. Кај осомничениот е пронајдена и една автоматска пушка „калашников“, која била користена за убиството.

Бројот на загинати во Сана достигна 137 лица

Сто триесет и седум загинати и повеќе од 300 повредени е последниот биланс од бомбашките самоубиствени напади извршени во две џамии во главниот јеменски град Сана. Нападите беа извршени за време на попладневната молитва и следуваа еден ден по вчерашната престрелка во Адена, на југот на Јемен, меѓу силите лојални на сегашниот и на поранешниот јеменски претседател. Во вчерашниот напад загинаа 13 лица.

Пакистан: 10 загинати и повеќе од 60 ранети при напад на џамија

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десеттини се повредени при напад на екстремистите на шиитска џамија во Пешевар, на северозападот на Пакистан. Според лекарски извори, најмалку 10 лица загинаа, а 63 се повредени. Пакистанската полиција ги потврди лекарските наводи. Светските медиуми јавуваат дека судирите и понатаму траат. Претставникот на пакистанската полиција, Ран Умер Хајат, неколку вооружени напаѓачи фрлиле бомби на џамијата „Имамија“...

Франција: Нападнати три муслимански места

Најмалку три муслимански култни места вчеравечер се нападнати по масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 лица. Како што јавуваат француските медиуми, три гранати се фрлени врз џамија во западниот француски град Ман, двапати било стрелано врз муслиманска молитвена сала во Пор ла Нувел во Јужна Франција, а експлозија одекнала пред арапски ресторан во Лион, на истокот...

Франција: Експлозија во близина на џамија

Бомба денеска експлодира пред ресторан во близина на џамија, во источниот францускиот град Вилфранш суд Сон. Како што јавуваат француските медиуми, нема повредени во експлозијата на бомбата, која беше поставена пред ресторан. Локалните власти соопштија дека станува збор за криминален акт.

Запалена џамија во Шведска, петмина повредени

Најмалку пет лица се повредени во пожар, кој денеска бил подметнат во џамија во шведскиот град Ескилстуна, пренесуваат светските агенции, повикувајќе се на полициски информации. Според полицијата, очевидец забалежал како некој фрлил предмет низ прозорец од зградата во која се наоѓа џамијата, по што настанал пожар. Полицијата сè уште го истражува случајот и засега нема уапсени лица. Инцидентот се случува во момент...

Судот во Хаг ќе одлучува за сопственоста на Јени џамија во Битола

ИВЗ ќе бара од меѓународниот суд во Хаг да пресуди за сопственоста на Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола. ИВЗ ја тужи државата Република Македонија за да си го врати во владение овој верски објект. Заводот и музеј Битола, пак, најави дека џамијата за многу кратко време ќе стане музеј со галериски простор. Битолското муфтивство тврди дека...

Запалена џамија на Западниот Брег

Еврејските доселеници синоќа запалија џамија кај Рамала на Западниот Брег, соопштија денеска палестинските безбедносни претставници. Запален е целиот прв кат на верскиот објект во селото Ал Магајир, во близина на еверјската населба Шило, соопштија истите извори. Друга џамија во истото село на сличен начин беше запалена во 2012 година. Еврејските доселеници, кои се приврзаници на екстремните струи, често своите напади ги...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...