fbpx
Таг: џамија

таг: џамија

„Аја Софија“ после 86 години денеска отворена за верски обреди

Една од најпосетените туристички дестинации во Истанбул, „Аја Софија“, која од 1985 година се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО, од музеј, после 86 години, денеска е џамија за одржување на верски обреди. Вчера на влезот на храмот бил поставен нов натпис, на турски и на англиски јазик: „Големата џамија на Агиа Софија“. Од раните утрински часови...

И ИВЗ и ВМРО-ДПМНЕ против викенд-полицискиот час

Исламската верска заедница (ИВЗ), уште во понеделникот со писмо ја известила Владата дека ако се воведе планираниот полициски час за време на продолжениот викенд, тоа ќе значи дека Владата ќе ја изгуби довербата на сите муслимански верници, оти во претходниот месец не е воведен целосен полициски час во ниту еден викенд, а сега има намера да се направи тоа...

Четириесет загинати во напад на две џамии во Нов Зеланд

Четириесет лица загинаа, а 20 се тешко повредени во терористички напад врз две џамии во Крајстчрч во Нов Зеланд кој се случи за време на попладневните молитви. Австралиецот Брентон Тарант (28) отворил оган од автоматско оружје, а сето тоа директно го пренесувал на „Фејсбук“. Претходно на „Твитер“ напаѓачот објавил манифест од 74 страни зошто го прави тоа. Себе си се...

Заев испрати писмо со сочувство до египетскиот претседател за нападот на Синај

Премиерот Зоран Заев, во име на Владата и на граѓаните на Република Македонија, испрати писмо со сочувство до претседателот на Египет, Абдул Фатах ал-Сиси, за нападот во џамијата во Бир ал-Абед на Синај, во кој загинаа повеќе од 300 лица, меѓу кои и деца. „Прифатете го моето најдлабоко сочувство за трагичниот настан и за загубените животи. Овој ужасен настан предизвика длабока...

Се зголемува бројот на загинати во нападот на Синај

Бројот на загинати во нападот на џамија во северниот дел на египетскиот Синајски Полуостров се зголеми на 305 лица, додека најмалку 126 лица се повредени, соопшти денеска египетското државно обвинителство. Главниот државен обвинител, Набил Садек, соопштил дека нападот го извршиле меѓу 25 и 30 милитанти и дека меѓу загинатите 27 се деца, пренесуваат светските медиумите. Милитантите биле стационирани на главната врата на...

Бројот на загинати во Египет се зголеми на 235 лица, претседателот најави „брутален“ одговор

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска најави „брутален“ одговор по нападот врз џамијата во Синај, во кој, според новите сознанија, животите ги загубиле 235 луѓе. - Вооружените сили и полицијата ќе ги одмаздат нашите маченици и набргу со сила ќе ги вратат безбедноста и стабилноста - рече Сиси во телевизиското обраќање. Египетската војска почна со воздушни напади на подрачјето на Синај, концентрирајќи...

Бројот на загинатите во Синај се зголеми на 184 лица

Бројот на загинатите во експлозијата и во нападот на џамијата на Синај се зголеми на 184 лица, а на повредените на 120 лица, јавуваат светските медиуми. Вооружените напаѓачи упаднале во џамијата за време на молитвата на локалните безбедносни припадници. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, а Египет веќе со години се бори со екстремистите, чии напади се радикализираа по смената...

Најмалку 18 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 18 лица се убиени, а повеќе од 30 се повредени во самоубиствен бомбашки напад кој денеска се случил во светилиште во пакистанската провинција Балучистан, јавуваат светските агенции. Одговорноста за нападот ја презела екстремистичката група Исламска држава (ИД). Бомбашкиот напад бил изврешен на влезот на светилиштето, каде за време на нападот пристигале голем број верници за да му оддадат почит на...

Еден загинат и десет повредени при удар на комби во пешаци пред џамија во Лондон

Едно лице загинало, додека десет се повредени утрово кога комби ударило во пешаци во близина на џамија во северниот дел на Лондон. Случајот, како што јавуваат светските агенции, го истражуваат припадници на британската антитерористичка единица. Комбито ударило во муслимански верници, во моментот додека тие излегувале од утринската рамазанска молитва од џамијата во Финсбури парк. Најголемата британска мулсиманска организација случајот го оцени како...

Изградбата на џамијата на Попова Шапка продолжува, иако нема дозвола за градба

На Попова Шапка деновиве повторно продолжија градежни активности за изградба на џамија која нема дозвола за градба. Инвеститорот не се откажува од изградбата на џамијата дивоградба, иако тетовскиот општински инспекторат во изминативе две недели, двапати бил на местото каде што се гради и му наложил да го запре градење. Иако и двете забрани беа испочитувани неколку дена, ископите за поставување на...

Без дозвола за градба, се подготвува теренот за изградба на џамија на Попова Шапка

Без дозвола за градба, во туристичкиот центар Попова Шапка, се вршат градежни активности за изградба на џамија, потврдуваат од секторот за урбанизам при Општина Тетово. - Викенд-населбата на Попова Шапка е под надлежност на Општина Тетово. За оваа викенд-населба сè уште не е изработен детален урбанистички план и секоја нова градба што се гради е дивоградба. За парцелата каде што...

Џамијата „Али-паша“ во Охрид се реконструира и се конзервира

Директорката на Завод и музеј од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, денеска на прес-конференција изјави дека џамијата „Али-паша“ ќе остане во постојниот габарит, не се гради нова џамија, туку се врши само конзервација и реконструкција. Со оглед на тоа што деновиве во јавноста се дискутираше и се бараа одговори околу конзервацијата и реконструкцијата на џамијата, Паскали-Бунташеска рече дека од Управата за заштита...

Нападната џамија во Пакистан, 11 лица загинаа, а 50 се повредени

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во експлозија кај шиитска џамија во градот Парачинар на северозападот на Пакистан. Локалните медиуми јавуваат дека 50 лица се повредени и дека одговорноста за нападот ја презеле талибанците. - Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи сè уште примаме повредени – рече хирург во државната болница „Моен Бегам“. На местото на експлозијата...

САД го признаа нападот во Идлиб, но мета не била џамијата

Војската на САД потврди дека извела воздушен напад на зграда каде се одржувал состанок на Ал каеда во северниот сириски град Идлиб, наведувајќи дека ќе ги испита извештаите за убиството на повеќе цивили при нападите. - Не ја гаѓавме џамијата, но зградата што ја гаѓавме, а во која се одржуваше состанок на Ал каеда е на 15 метри од џамијата –...

Министерот Нухиу во Штип ги праша „Како сте“ само муслиманите

Во време на пладневната молитва во џамијата во Штип, без посебна најави, пристигна министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. Неговата посета е во рамките на проектот „Како сте“ на МВР, преку кој министерот разговара со граѓаните за нивните проблеми. Нухиу се сретна само со муслиманските верници кои беа на молитва во џамијата. - Продолжуваме со проектот „Како сте“ и ги прашуваме...

Во центарот на Битола ископани гробови од Отоманскиот период

Во центарот на Битола, кај месноста Стевче Патако, при градежни работи, најдени се човечки коски и остатоци од гроб, од Oсманлискиот период. На само неколку метри од објектот на урбаната заедница, на самиот агол, градежни работници ископале остатоци од човечки коски, како и делови од гробови, по што по налог на Завод и музеј „Битола“, работите се стопирани и...

Шест лица убиени и осуммина ранети во терористички напад на џамија во Квебек

Шест лица се убиени, а осуммина се ранети во вооружен напад на џамија за време на вечерна молитва, што синоќа се случил во канадскиот град Квебек Сити, сооошти канадската полиција, пренесува „Би-би-си“. Во нападот учестувале две лица, кои отвориле оган во исламскиот културен центар во Квебек, додека во него имало околу 50 верници кои биле на молитва. Еден од напаѓачите, како...

Две лица повредени при напад на џамија во Истанбул

Најмалку две лица се повредени при напад во џамијата „Хасан-паша“ во северниот дел на Истанбул, јавуваат светските медиуми. Нападот се случил кога голем број верници се собирале поради вечерната молитва. Ова е втор напад во Истанбул, откако претходно за време на дочекот на Нова година, во терористички напад во популарен ноќен клуб беа убиени 39 лица, а ранети се 69.

Пронајден мртов напаѓачот на џамијата во Цирих

Напаѓачот кој рани три лица во исламскиот центар во Цирих е мртов, соопшти полицијата. Кантонската полиција во Цирих соопшти дека властите го идентификувале осомничениот за нападот, но не изнесе повеќе детали. Напаѓачот вчера упадна во исламски центар и отвори оган кон верниците. Швајцарската полиција, откако го пронајде телото, ја прекина потрагата. Инцидентот се случи во молитвен дом во близина на железничката станица во центарот на...

Упаднале во џамија во Стокхолм и цртале свастики

Неидентификувани напаѓачи упаднеле по утринската молитва во џамија во шведската престолнина Стокхолм и со спреј нацртале нацистички свастики и пораки со говор на омраза по ѕидовите, а фрлале и петарди, соопшти локалната полиција. Официјални лица од џамијата изјавиле дека сите верници, освен еден, ја напуштиле џамијата за време на нападот, како и дека верникот кој останал бил вознемирен поради тоа...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...