Прскање против комарци викендов во Скопје


Скопје, 19 јули, 2018 - 14:51 (META) 

Град Скопје соопшти дека претстојниов викенд ќе почне втората дезинсекција, односно прскање, против комарци на подрачјето на главниот град.

Авионското прскање ќе се одвива в сабота и в недела во раните утрински часови.

Прскањето од земја против комарци ќе почне в недела, а ќе заврши најдоцна в четврток. Ќе се врши во периодот од 23 часот до 4 часот следниот ден.

Доколку временските услови во некој ден оневозможат да се прска, тоа ќе се прави следниот погоден ден, во истите термини.

Од Град Скопје ги советуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


Авионски ќе се прска против комарци во Скопје утре и задутре


Скопје, 17 август, 2017 - 10:38 (META) 

Град Скопје извести дека утре и в сабота во раните утрински часови на територијата на Скопје ќе се врши авионско прскање против комарци.

Доколку не дозволуваат временските услови, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, предупредува градската управа на Скопје.


Викендов и следната седмица, прскање против комарци во Скопје


Скопје, 3 август, 2017 - 10:03 (META) 

Викендов и во текот на следната седмица, во Скопје ќе се врши прскање од авион и од тло против возрасни форми на комарци, известува Град Скопје, предупредувајќи ги пчеларите навреме да ги заштитат пчелните семејства.

Авионската дезинсекција ќе се одвива и в сабота и в недела, во раните утрински часови.

Дезинсекцијата со возила ќе се врши не само во текот на викендот, туку и во работните денови, сè до следниот четврток. Тоа прскање ќе се врши во периодот од 23 до 4 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.


Во поплавените подрачја ќе се врши вонредна дезинсекција


Скопје, 26 август, 2016 - 18:11 (META) 

Градот Скопје ќе ја изврши теренска дезинсекција во поплавените подрачја по барање од Министерството за здравство, а по претходно донесен заклучок од Владата.

Вонредната дезинсекција против комарци ќе се изврши утре од 23 до 2 часот по полноќ.


Прскањето против комарци одложено за утре


Скопје, 12 август, 2016 - 10:33 (META) 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради нестабилните временски услови и силниот ветер кој го попречуваше летањето на авионите и разнесувањето на средствата за дезинсекција, се одложива закажаната авионска дезинсекција против комарци во поплавеното подрачје, којашто требаше да се рализира денеска.

Вонредното прскање поради состојбата во поплавените подрачја, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче, Смилковци и на другите населени места кои се поплавени, ќе се реализира утре, сабота, во периодот од 5 до 9 часот доколку временските услови го дозволат тоа.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


Утре, вонредно ќе се прска против комарци


Скопје, 11 август, 2016 - 15:28 (META) 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека заради настанатата состојба поврзана со поплавите, утре, 12 август во периодот од 5 до 9 часот, ќе се изврши вонредна авионска дезинсекција против комарци, на поплавеното подрачје, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче, Смилковци и другите населени места коишто се поплавени.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


Во поплавените подрачја ќе се врши авионска адултна дезинсекција


Тетово, 18 август, 2015 - 12:13 (META) 

На 20 август во четврток Центарот за јавно здравје Тетово во координација со Министерството за здравство, ќе изврши авионска адултна дезинсекција против комарци на поплавените подрачја во тетовскиот регион. Авионската дезинсекција ќе се врши од од 5 до 8 часот наутро, во населените места Теново, Брвеница, Озормиште, Сиричино, Туденце, Раотинце и Јегуновце.

И во подрачјето на Општина Тетово од 19 август ден среда се до 22 август, ќе се спроведе трета превентивна дезинсекција против комарци, како општа мерка за заштита од појава на заразни болести. Третирањето ќе се врши во вечерните и раните утрински часови. Ќе се прска од земја со апарат за УЛВ ладно замаглување, поставено на возило со приколка со претходница од друго возило со ротационо светло. Со дезинсекција ќе бидат опфатени зелените површини, населените места и депониите во тоа подрачје

Од Центарот советуваат пчеларите и пчеларските здруженија да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски неприлики, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, за што ќе следи повторно известување.


Вонредна авионска дезинсекција во поплавените подрачја


Скопје, 15 август, 2015 - 11:13 (META) 

Министерството за здравство во четврток ќе спроведе авионска дезинсекција на вкупна површина од околу 6.000 хектари на подрачјата на Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите.

Авионското прскање ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5 до 8 часот.

„За таа цел, се известуваат лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите и да не ги пуштаат надвор во наредните 3 – 4 часа од прскањето. Станува збор за втора вонредна дезинсекција организирана од Министерството за здравство заради појавата на поплави кои го зафатија подрачјето на Република Македонија“ соопштија од Министерството.


Дезинсекција во општина Јегуновце


Тетово, 7 јули, 2015 - 13:27 (META) 

Утринава почна дезинсекција во општина Јегуновце, која ќе продолжи во вечерните часови и во текот на утрешниот ден.

Дезисекцијата како општа мерка за спречување на појава на заразни болести, ќе се спроведе од земја со апарат УЛВ за ладно запрашување, поставен на возило со приколка, со претходница од друго возило со ротациско светло.

Ќе бидат опфатени населените места, депониите и зелените површини во општина Јегуновце.

Дезинсекцијата ќе ја спроведе Центарот за јавно здравје Тетово, од каде апелираат пчеларите и пчеларските здруженија да ги преземат соодветните мерки за заштита додека трае прскањето.

Претходно, дезинсекција во полошкиот регион се спроведе во општините Тетово и Желино.