fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Новинарот Лукаидс по една година истражување на „Телеграм“: Алатката е добра, но таму преовладува пропагандата

Дарен Лукаидс работи како истражувачки новинар од 2008 година, во Лондон и во Барселона. Главен интерес му се конспиративните групи, групи кои шират дезинформации на социјалните платформи и истражувања за начинот на кој функционираат истите, со посебен акцент на Телеграм. Неговите стории се објавувани во престижни медиуми, како WIRED, Гардијан (The Guardian) oпен Демокраси (open Democracy), разобличувајќи ја поврзаноста меѓу политиката...

„Шорткат“: Добрите и лошите страни на Телеграм

Ги користиме социјалните мрежи и платформи, но колку знаеме кој стои зад нив и колку се тие бизнис-ориентирани? Во оваа епизода ви го претставуваме истражувачкиот новинар Дарен Лукаидс, кој со години ја истражува платформата Телеграм и нејзините добри и лоши страни поврзани со дезинформациите. Покрај ова, во новата епизода на „Шорткат“ информираме за проблемите со кои се соочуваат младите хемичари...

Во Свети Николе нема да се гори ниту медицински, ниту опасен отпад

Ниту еден вид на отпад нема да се согорува на регионалната депонија во селото Мечкуевци во Општината Свети Николе. Капацитетот, кој треба да биде првата депонија по европски стандарди изградена во земјава, ќе има само објекти за секундарна селекција на хартија, пластика, стакло, дрво и метал и ќе се врши третман и депонирање на комунален отпад. Во Свети Николе...

Мајкрософт: Кина ќе користи вештачка интелигенција за да ги попречи изборите во САД, Јужна Кореја и Индија

Кина ќе се обиде да ги наруши изборите во САД, Јужна Кореја и Индија годинава со содржина генерирана од вештачка интелигенција, предупреди технолошката компанија „Мајкрософт“, а пренесе Гардијан. Според извештајот на разузнавачкиот тим за закани, од компанијата соопштија дека очекуваат кибер-групите поддржани од кинеската држава да ги таргетираат изборите во 2024 година во големите држави, а вмешана е и Северна...

Дезинформациите се значително засилени во предизборните кампањи

„Демократијата во ризик: Избори во ерата на дезинформации“, е насловена втората сесија од регионалната конференцијата, со која Антидезинформациската мрежа на Балканот го одбележува Меѓународниот ден на проверката на факти. Активисти и новинари од земјите во регионот споделија искуства кои се однесуваат на дезинформациите, посебно во периодот на предизборија. Владимир Ерцег од Центарот за истражување, транспаренстност и отчетност (ЦРТА) во Србија, зборуваше...

Фондација Метаморфозис: Издигнувањето на фактите е заедничка задача на јавноста од сите сегменти на општеството

Издигнувањето на важноста на фактите не е должност само на професионалците, туку претставува заедничка задача која вклучува учество на јавноста од сите сегменти на општеството. Со засилувањето на проверката на факти и промовирањето на кредибилни извори во новинарското известување, ние можеме да поттикнеме здрав информативен екосистем во кој фактите би доминирале. Ваква порака упати Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис...

Дезинформациите ги поткопуваат темелите на демократијата – проверката на факти е клучна

Неопходно е да станеме посвесни за дезинформациите во нашите физички и дигитални светови. Дезинформациите ја рушат довербата во институциите и затоа е потребна перманентна борба против различните актери кои ги шират, а овде најважна улога имаат токму проверувачите на факти. Ова беа заклучоците од отворањето на денешната конференција насловена како „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите...

Храната како оружје на Кремљ за ширење дезинформации во С. Македонија

Патот на пропагандата на Кремљ е отворен и во Македонија. Дезинформации на теми, кои директно ги засегаат граѓаните и главно потекнуваат од пропагандните медиуми во сопственост на Кремљ, се преземаат најчесто од Србија или од проруските медиуми, портали и социјалните мрежи на англиски јазик и се пренесуваат до македонската публика, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Руската пропаганда е силна...

Едни исти кругови се лепат како магнет за анти-ЕУ и антиваксерски наративи

Структури кои во текот на ковид пандемијата жестоко споделуваа дезинформации за вакцините, маските, мерките за заштита од ковид и сето тоа го ставаа во еден кош на „глобална контрола на населението од страна на сатанистичкиот Запад и неговата агенда за депопулација“, не престанаа да шират невистини ниту по завршувањето на пандемијата. Тие само продолжија надградени со нов наратив за...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија. Во првите месеци на ковид-пандемијата во 2020 година, тој волонтирал во ургентен центар во Њујорк, град кој се соочувал со исклучително висок број на заболени во тој период. Како што...

Докторите кои апелираат за вакцинација не се „убијци во бели мантили“

Објавата шири теорија на заговор, ги жигосува докторите кои апелираат да се спроведе задолжителната имунизација, нарекувајќи ги „убијци во бели мантили“, „платеници на фармакомафијата“ и со заканувачки тон тврди дека „ќе им се суди за геноцид“. Наспроти ваквите напади врз докторите, вакцинацијата на децата е задолжителна и за неа е изготвен Календар за имунизација, кој се спроведува согласно возраста...

Антиваксерска објава големата кашлица и вакцините и ги поврзува со прскање од авиони

Во објавата се тврди дека секој којшто ќе ја прими вакцината против пертусис ќе го добие вирусот, како што наводно било случајот и со коронавирусот. Целта на ваквите антиваксерски тврдења е неосновано да се заплашува населението и да избегнува вакцини, иако тие го заштитуваат индивидуалното и колективното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава на...

Судот во Германија воопшто не расправал дали вирусот на мали сипаници постои

Судот во Германија не одлучувал за тоа дали вирусот на сипаници постои или не постои, туку одлучувал во граѓански спор за ветено плаќање меѓу две лица во врска со ветена награда. Исто така, не е вистина дека „секој месец пуштаат вирус“. Со таквата реченична формулација се алудира дека вирусот е намерно пуштен, што не е вистина. Кога има низок...

„Шорткат“: Лажни наративи, дезинформации и странски влијанија

Во најновата епизода на „Шорткат“ ќе го запознаете литванскиот истражувач д-р Неријус Малиукевичиус, кој беше во дводневна посета на Скопје, одржувајќи предавања и средби со студенти, граѓански активисти и новинари на темата лажни наративи, пропаганда, дезинформации и странски влијанија. Тој за „Шорткат“ зборува за шемата и за начинот на кој се шират штетните странски влијанија и дезинформациите, но и за...

Макрон не е сатанист и не постои никаков план за депопулација

Објавата се однесува на изјава на францускиот претседател Макрон за новиот нацрт-закон за крајот на животот кој ќе овозможи „помош за завршување на животот“. Предложениот закон се однесува само на возрасни лица кои страдаат од неизлечива болест во крајна фаза, односно за кои нема спас и дека истите одлуката за завршување на својот живот ќе ја носат самостојно. Никој...

Белгискиот политичар е осуден затоа што јавно го негирал холокаустот и ширел расистички говор

Белгискиот политичар Дрис Ван Лангенхов не бил осуден само затоа што споделувал навредливи мемиња во група за разговор. Тој бил осуден за говор на омраза, за ширење расистички, нацистички и негационистички говор. Ван Лангенхов е политички активист и водач на фламанско-националистичко младинско движење наречено Schild & Vrienden, тој е осуден за поттикнување насилство и негирање на холокаустот, што во...

Младите учествуваа на обука за справување со дезинформации и проверка на факти во Велес

Петнаесетина млади лица од учествуваа на втората обука во рамки на програмата „Новинарство за новата генерација“, на тема „Справување со дезинформации и проверка на факти“, која се одржа од 13 до 15 март во близина на Велес. На тридневната обука во организација на Фондацијата Метаморфозис, заедно со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), младите имаа можност...

(ИНТЕРВЈУ) Малиукевичиус: Руското влијание се обидува да нè заслабне и натера да ја свртиме главата од Украина

Првично сметав дека целта на операциите на руско влијание е да се креираат одредени симпатии за рускиот режим и за руската идеологија. Но, нивната главна цел сега е едноставно да создадат поголем хаос внатре во соседните држави, за да нè направат да ја свртиме главата и да ги погледнеме нашите внатрешни проблеми, за да престанеме да ја поддржуваме Украина...

Не е точно дека 17 милиони луѓе починале од ковид вакцини

Како доказ за тврдењето дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”, кој не е прегледан од заедницата. Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само мал процент од смртните...

Малиукевичиус: Целта на дезинформациите е да шират хаос, тензии и поделби

За ширењето на дезинформациите е одговорен процесот преку кој луѓето разменуваат информации, па наместо разменување информации, целта станува ширење хаос, тензии и поделба. Ова го истакна д-р Неријус Малиукевичиус, истражувач од Литванија, од Институтот за меѓународни односи и политички науки на Универзитетот во Вилнус, кој денеска одржа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Д-р Неријус Малиукевичиус е водечки литвански експерт...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...