fbpx
Таг: девојка

таг: девојка

Седумнаесетгодишна девојка осомничена дека убила 16-годишно момче и го турнала во реката Пена

Основното јавно обвинителство - Тетово соопшти дека до надлежниот суд поднело барање за поведување подготвителна постапка против 17-годишна девојка, која ја товари за убиство на 16-годишното момче, чие мртво тело беше пронадено вчера во реката Пена, по 7-часовна потрага. Според тетовското обвинителство, осомничената девојка со умисла го лишила од живот момчето од Ново Село, општина Желино. По вербална расправија во автомобил...

Гевгеличанец осомничен дека силувал, тепал и ѝ ја запалил облеката на девојка што го одбила

Притвор од 30 дена доби 24 годишен гевгеличаниец што повеќе пати силувал и до онесвестување тепал девојка која го одбила. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против  Д.П. кој е осомичен за кривично дело – Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тој, како што соопшти Обвинителството,...

Девојка загина во силниот земјотрес во БиХ, утрово тресеше и во Хрватска

Девојка родена 1994 година загина во Босна и Херцеговина во општината Столац, откако голема карпа се срушила врз семејната куќа, каде што живеела со родителите, како последица на земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кој се почувствува не само во БиХ, туку и во Црна Гора, Хрватска, Србија, а и во Северна Македонија. Нејзината сестра и родителите...

Обвинителство постапува по случајот со убиството на 40-годишниот полицаец во Велес

СВР Велес денеска информираше дека ја уапсиле 23-годишната П.И. под сомнение дека го убила својот невенчан партнер А.Р.(40), кој како што објавуваат медиумите бил полициски службеник. „Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет...

МЗ: 15-годишна девојка почина од ковид-19 на Клиниката за инфективни болести

Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфетктивни болести и фебрилни состојби почина 15 годишна пациентка од село Селце тетовско. „Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена.Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително...

Момчињата од Штип кои претепаа девојка добија казна затвор од 2,5 години

Двајцата штипјани, кои целата јавност преку видео снимка ги виде како навредуваат и претепуваат девојка, денеска во Основниот суд во Штип беа осудени на казна затвор од по 2,5 години. Тие се осудени за делото „Насилство“, откако во јануари годинава, во влезот на станбена зграда претепаа 21- годишна девојка од Штип. П.Р.(23) и С.А.(26) денеска не беа на изрекување на...

Тешко повредената девојка со ампутирана нога, е 16. жртва на автобуската несреќа кај Ласкарци

Девојката која беше тешко повредена како последица на автобуската сообраќајна несреќа кај Ласкарци и чија што нога ѝ беше ампутирана, и подлегнала денеска на повредите. „Станува збор за деветнаесетгодишната девојка, на која и беше ампутирана ногата. Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за го спасат нејзиниот живот. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата“, изјави раководителката на КАРИЛ, Маја...

Триесетгодишна девојка пронајдена мртва во тоалет на трговски центар во Скопје

Триесет годишна девојка синоќа била пронајдена мртва во тоалетите на трговски центар во Скопје, информираше денеска Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, вечера околу 19.30 часот во Единицата за информирање и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземјето од објектот, било пронајдено починато женско лице. Смрт констатирала екипа на Итната...

Четири девојки се повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип – Струмица

Утрово околу 03.50 часот на магистралниот пат Штип - Струмица се случила сообраќајна несреќа во која, автомобил „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З. (21) од Штип, излетало од патот и удрило во две дрва кои се скршиле и паднале, при што бил оштетен автомобил „пежо 206“. По несреќата, возачот и сопатничките М.Д. (19), М.П. (19), Т.Н. (18) и З.П....

Тинејџерка во Тетовско паднала од автобус и добила скршеница на черепот

Скршеница на черепот добила 17-годишна девојка од селото Боговиње вчера попладне, откако паднала од автобус во движење, соопшти СВР Тетово. Девојката била донесена вчера, во 15.20 часот, во Клиничката болница - Тетово, при што лекарите утврдиле фрактура на черепот. Потоа поради тежината на повредите е пренесена во Ургентен центар во Скопје. Случајот во полиција го пријавил возачот на автобусот околу половина...

Извлечена девојката која падна во провалија на Галичица

Девојка на 21 година, жителка на туристичката населба Пештани, која со друштво била на рекреативно планинарење на планината Галичица, паднала денеска во провалија, при што добила скршеници на раката и други повреди. Девојката е сместена во Општата болница во Охрид, каде ѝ се санирани повредите и е подложена на детални испитувања. Девојката останала подолго време во провалијата, а е извлечена вечерва...

Исчезна 17-годишна девојка од струшко Корошишта

Исчезнала 17-годишна девојка од струшкото село Корошишта, а случајот во СВР Струга го пријавил жител од селото Делогожда. Девојката се упатила во непознат правец од домот на нејзиниот дедо. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Се обиделе да киднапираат девојка

Дваесет и осум годишен гостиварец синоќа, околу 23.40 часот, пријавил дека С. Д. од тетовското село Жеровјане ја киднапирал 23-годишната А.А. Насилникот, заедно со друг маж кој возел патничко моторно возило, под закана дека наводно има пиштол, ја извлекол девојката од возилото „опел астра“ во кое таа била со гостиварецет. С.Д. влегол во возилото, ја удрил жената по лице, заканувајќи ѝ...

Исчезната 19-годишна охриѓанка била сексуално малтретирана

Деветнаесетгодишната охриѓанка, која на 19 мај беше пријавена за исчезната, била пронајдена два дена подоцна во Охрид. Како што информираат од полицијата, таа била сексуално малтретирана од две лица, албанскиот државјанин А.Ч.(30) и К.К.(51) од Кичево. Полициската станица од Кичево на двајцата им поднела кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице. Потрагата по...

Се трага по 19 годишна девојка од Охрид

Охриѓанецот Н.Н. на 49 години, вчера во полициската станица во Охрид, пријавил дека е исчезната неговата 19-годишна ќерка Т.Н. Ја нема од 18 овој месец, околу 20 часот, кога од нивниот дом се оддалечила во непознат правец. Од СВР од Охрид преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Обвинителството апелира да не се шпекулира за смртта на девојката од Аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје апелира да не се изнесуваат шпекулации во јавноста во врска со смртта на девојката од Аеродром, а по утврдувањето на нови релевантни околности, Обвинителството дополнително ќе излезе со информации. Од ОЈО информираат дека очекуваат МВР да им ги достави комплетните податоци од спроведените полициски истраги и прибраните известувања од сите граѓани кои имале сознанија за овој...

Обвинителството ја истражува смртта на девојката од Аеродром, нема траги од силување

Скопското основно јавно обвинителство почнало прелиминарна истрага за смртта на девојката во населбата Аеродром, која почина по пад од висококатница, соопшти доцна попладнево Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, била наредена обдукација на телото на девојката во Институтот за судска медицина и за медицинска деонтологија, која треба да ја утврди конкретната причина за смртта, како и дополнително медицинско вештачење за...

Исчезна 19-годишна скопјанка

Вчера во 13.30 часот во полициската станица Бит Пазар, 48-годишниот З.М. од Скопје, пријавил дека на 24 декември 2015 година, околу 8 часот, си заминала од семејната куќа неговата ќерка, 19-годишната А.М., и не се вратила. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

За убиството на младиот радовишанец осомничен негов братучед

Полицијата го расчистила убиството на 26-годишниот Јашар Р., чие безживотно тело во четвртокот минатата недела беше пронајдено во куќа во Радовиш, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кривична пријава е поднесена против Д.С. (28) од Прилеп, братучед на убиениот, кому судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Според МВР, убиството се случило минатиот понеделник (2 ноември), а причина било...

Спасена девојка што сакала да се самоубие во тетовско Џепчиште

Шестнаесетгодишна девојка од тетовското село Џепчиште, синоќа сакала да си го одземе животот, со скокање од покривот од нејзината куќа. Девојката се качила на балконот од потпокривот на куќата во која живеела со намера да скокне оттаму. Нејзиниот татко веднаш реагирал и случајот го пријавил во полиција, која за кусо време пристигнала на местото, заедно со медицински персонал и со противпожарна...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...