fbpx
Таг: девизи

таг: девизи

Царината заплени илјадници евра криени во чорапи и под менувач на камион

Поголем износ на девизи, 250 кутии детокс чаеви, но и нова глава за мотор за товарно возило се дел од заплените на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги на Царинската управа во текот на изминативе денови, соопштија од македонската Царина. Во два посебни случаи мобилните тимови откриле 15.100 евра, коишто возачи на камиони сакале да ги изнесат од...

Скопјанец се обидел во Грција да прошверцува 12 кила злато, 262 илјади долари и 154 илјади евра

На граничниот премин „Богородица“, Скопјанец се обидел во Грција да изнесе безмалку 12 килограми злато, девизи во вредност од 262.000 долари и 154.000 евра, соопшти Основното јавно обвинителство. Обвинителството, постапувајќи по кривична пријава од Царинска управа, донело наредба за спроведување истражна постапка против лицето од Скопје, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Криумчарење од член...

Народна банка: Курсот на денарот е стабилен, менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките

За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците се воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар, соопшто денеска Народната банка. „Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници,...

Ангеловска-Бежоска: Kурсот на денарот е стабилен, ширењето на шпекулации е на штета на граѓаните

Девизниот курс со години наназад е стабилен и ќе биде стабилен и во иднина. Гаранција за тоа е високото ниво на девизни резерви, но и многу други инструменти со коишто располага централната банка за коишто нема да се двоуми да ги употреби во одбрана на курсот, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за ТВ 24. Таа...

Апел од банките: Не подигајте готовина повеќе од потребното, плаќајте со вашите картички

Bankomat lugje Stopanska Banka
Од Македонската банкарска асоцијација апелираат до граѓаните од нивните сметки да не подигнуваат повеќе од потребната готовина за покривање на нивните потреби. Подигнувањето готовина, велат банкарите, ги изложува граѓаните од зголемен ризик од повеќе аспекти, меѓу кои се и интензивните контакти со други луѓе и потенцијално губење или кражба на нивните пари. „Особено апелираме да се воздржувате од подигање готовина...

Народна банка: Раст на индустријата, прометот во трговијата и градежништвото

Податоците за економската активност за третото тримесечје од 2018 година покажаа раст на домашниот бруто-производ (БДП) од три проценти, што е малку подобро во однос на очекувањата, соопштија од Народна банка по одржаниот Комитет за оперативна монетарна политика. Од таму велат дека има поволни поместувања во економијата во четвртиот квартал, при забрзан раст на активноста во индустријата и прометот во трговијата, како...

Бруто девизните резерви ја надминаа границата од 2,8 милијарди евра

На 31 декември 2018 година, состојбата на бруто девизните резерви изнесува 2.867 милиони евра, што претставува пораст од 158,1 милион евра во однос на крајот на третиот квартал од 2018 година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Зголемувањето на девизните резерви во најголем дел произлегува од интервенциите на НБРМ на девизниот пазар во насока на нето-откуп на девизи, а во помал...

Македонскиот пазар „гладен“ за девизи

Во периодот октомври-ноември 2018 година, на девизниот пазар на банките е остварена нето-продажба на девизи од 44 милиони евра, што е повеќе за 11,8 милиони евра од истиот период од претходната година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Оттаму информираат дека ваквата годишна промена во најголем дел се должи на повисокиот пораст на побарувачката во однос на понудата на девизи. „Секторската...

Под хипотека се 120.000 станови во Македонија, од нив половината се во Скопје (инфографик)

На огромен број граѓани во нашата земја поголемиот дел од животот им поминува во исплаќање рати од долгорочни станбени кредити, кои по правило имаат променливи каматни стапки што многу често доведува до финансиски колапс на семејните буџети и кратење на основните трошоци како храна и облека само за да се исплатат долговите кон банките. Податоците од Регистарот за цени и...

НБРМ: Зголемено кредитирање на домаќинствата, а намалено на претпријатијата

Кредитите на домаќинствата имаат месечен пораст од 0,8 проценти, а на годишно ниво 9,8 проценти покажуваат податоците на Народна банка. Притоа најголем дел од зголемувањето на кредитирањето се должи на порастот на денарските пласмани. Од одобрените кредити, потрошувачките имаат месечен пораст од 1,1 процент, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот пораст кај потрошувачките кредити е 12, а на станбените 13,7 проценти. Кредитите на...

НБРМ: Штедењето во април намалено во однос на март поради неизвесноста

Штедењето во април е намалено во однос на минатиот месец, информира Народна банка. Оттаму велат дека намалување на депозитите има и кај населението и кај претпријатијата. „Во услови на зголемена неизвесност, поумерено е намалувањето кај депозитите на населението“, додаваат од Народна банка. Во однос на кредитната активност, првичните податоци за април покажуваат пораст на кредитите на месечна основа, повеќе на населението отколку на компаниите. „Во...

Граѓаните лани имале разнишана доверба во банките и во денарот

Граѓаните имале разнишна доверба во банките во вториот квартал од 2016 година, што било изразено преку повлекувањето на депозити, преку недоверба за стабилноста на домашната валута, како и преку засилена побарувачка на девизи, се вели во извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Македонија за 2016 година на Народна банка. Како резултат на тоа, банкарските депозити повеќе биле во странски валути отколку во денари, наспроти практиката...

Граѓаните исто штедат како лани, а и банките повеќе ги кредитираат од компаниите

Нема промени кај штедењето на населението во првиот квартал од годината во споредба со истиот период лани, соопшти Народна банка. Заклучно со март, има пораст на кредитите на месечна и на годишна основа, со поизразено кредитирање на населението. „Во март, ликвидноста на банките продолжи да се зголемува, со поумерена динамика и главно под влијание на сезонски пониската побарувачка за готовина во...

НБРМ: Се зголемуваат заштедите на населението, девизните резерви се на адекватно ниво

Податоците за штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи покажуваат дека домашната економија се стабилизира, велат од Народна банка по одржувањето на редовната седница на комитетот за оперативна монетарна политика, на која биле разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Првичните февруарски...

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 3,75 на 3,5 проценти

Народна банка ја намали каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, од 3,75 на 3,5 проценти. Ова било одлучено на 10 јануари кога се одржала редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на која биле разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на...

Народна банка откупила 91,3 милиони евра во првите девет месеци

Најновите податоци за девизните резерви во септември покажуваат висок квартален пораст, што произлегува од задолжувањето на државата на меѓународниот финансиски пазар во јули, интервенциите на Народна банка со откуп на девизниот пазар и порастот на девизните депозити на банките кај Народна банка. Народната банка и во септември интервенирала со откуп на девизи од банките (вкупно 18 милиони евра), а овој...

Се подобрува девизната ликвидност на банките

Сезонско зголемување на понудата на девизи од менувачи и истовремен пад на побарувачката на девизи од фирмите е забележано изминатиот месец, информираат од Народна банка. - Трансакциите со физички лица, натамошното намалување на побарувачката и зголемувањето на понудата на девизи, придонесе банките да остварат релативно висок нето-откуп со овие клиенти. Поволните движења во трансакциите со клиенти придонесоа за подобрување на девизната...

Народна банка интервенирала со 129 милиони евра на девизниот пазар

Девизниот пазар во јуни се стабилизира и по два месеца на нето-продажба, банките овој месец оствариле нето-откуп на девизи од физичките лица, информира Народна банка. - Дополнителен фактор за повисока понуда на девизи беа и менувачниците, чијшто нето-откуп од физичките лица забележа пораст, како на месечна основа, така и на годишна основа. Со оглед на ваквите движења, во првата половина од...

Девизните резерви намалени, но пазарот е стабилен

Девизните резерви квартално се намалени, заклучно со средината на јуни. Главен фактор за намалувањето на девизните резерви во овој период се интервенциите на Народна банка на девизниот пазар, како реакција на зголемената побарувачка за девизи, во услови на нестабилен политички амбиент. - Од 19 април до 23 мај, Народна банка интервенираше на девизниот пазар со продажба од 129 милиони евра,...

Побавен пораст на економијата од предвидувањата со последните проекции

Затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер, соопштуваат од Народна банка. - Во последниот период, видливи се знаци на стабилизирање на очекувањата и на довербата на економските субјекти, а оцените за здравоста на економските фундаменти и понатаму се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...