fbpx
Таг: детски права

таг: детски права

Зибери: Тешка година за правата на децата, но и за лицата кои одлежуваат затворска казна

2023 година ќе ја опишам како неповолна година кога се работи за заштитата на правата на граѓаните, а посебно беше тешка за детските права, кои кон крајот на годината, за жал, одзедоа и живот на едно младо девојче – Вања Ѓорчевска. Годинава беше тешка и за правата на лицата кои издржуваат затворкски казни, заклучи денес народниот правобранител, Насер Зибери...

УНИЦЕФ: Дебелината, невакцинирањето, пост-ковид кризата се пречки за соодветен развој на децата

И покрај тоа што помалку деца умираат денес отколку пред 30 години, земјата сѐ уште има висока перинатална стапка на смртност во споредба со земјите-членки на ЕУ и членките на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа. Поради дезинформации, децата испуштаат шанса да примат вакцини кои спасуваат живот. Освен тоа, дебелината кај децата зема замав, со што цели генерации се во...

Гостиварка ги врзувала децата, ги навредувала и ги тепала, поднесено е обвинение

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО-Скопје) поднесе Обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете, како и за Телесна повреда. Од април годинава, 34-годишната обвинета како родител, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, ги запуштила и ги малтретирала своите две деца –...

Ако сакаме училишта без насилство, треба да имаме и општество без насилство

Насилството влијае сериозно на менталното здравје на учениците и има далекусежни последици, вклучително и негативно влијание врз нивните образовни постигања и нивната добросостојба, истакна денеска Сузана Киранџиска, извршна директорка на Фондацијата „Чекор по чекор“, на конференцијата за промовирање на правата на детето на демократско учество и вклученост. На конференцијата учествуваше и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија...

Нема совети за спречување на детската деликвенција, половина од општините го прекршиле Законот за правда за децата

Иако според Законот за правда за децата општините во Северна Македонија се обврзани да формираат општински совети за спречување на детската деликвенција, вакви совети имаат формирано само 33 од вкупно 81 општина. За овој прекршок, според институциите, досега не е казнета ниту една општина. Експертите велат дека надлежните во земјава не прават доволно во однос на спречување на детската деликвенција....

Самит посветен на бегалската криза ќе се организира во ОН, в понеделник

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ќе организира самит посветен на бегалската криза во седиштето на ОН во Њујорк на 19 септември, в понеделник. На самитот ќе се разговара за стратегијата за дејствување на државите на интернационално ниво, во врска со овој глобален проблем. На овој настан ќе присуствуваат и претставници од Меѓународната организација СОС Детско село, за да се презентираат...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...