fbpx
Таг: деца

таг: деца

Даниел Кајмакоски ги израдува дечињата од „Бамби“

Евровизискиот претставник Даниел Кајмакоски беше во посета и на заедничко дружење со дечињата од градинката „Срничка“, објект „Бамби“. Децата од средните и од големите воспитни групи од „Срничка“, објект „Бамби“, имаа можност да се дружат со својот омилен пејач, кој со своето присуство придонесе да се забавуваат и да се чувствуваат среќни, а Кајмакоски за кратко време успеа просториите во...

Ракометарите во посета на СОС Детско село

Ракометарите од македонската репрезентација денеска, со раководството на Ракометната федерација, ќе го посетат СОС Детското село и ќе дружат со најмладите. Македонската ракометна репрезентација, со приклучувањето на капитенот Кире Лазаров, е во комплетен состав и ги продолжува подготовките за настап на Светското првенство во Катар.

Покренато обвинение против мајката која уби осум деца во Австралија

Подигнато е обвинение за убиство против 37-годишната Мерсани Вориа, мајка на седум и тетка на едно од осумте убиени деца, чии тела полицијата ги пронајде пред два дена во градот Кернс во Северна Австралија. Четири момчиња и четири девојчиња, на возраст од 18 месеци до 15 години, беа пронајдени со повеќе убодни рани, а со аутопсија ќе бидат утврдени причините...

Уапсена мајката на убиените деца во Австралија

Австралиската полиција соопшти дека уапсила жена која е мајка на седум од осумте убиени деца. Убиството се случи вчера, во градот Кернс, во северниот дел на земјата, каде беа пронајдени тела со убодни рани на осум деца на возраст од 18 месеци до 15 години. Жената која е уапсена за убиството беше хоспитализирана поради убодни рани, но е свесна и...

Хуманитарен базар за Дневен центар за деца со аутизам

Хуманитарен базар „Подајте рака, допрете срце“  ќе се одржи денеска во „Скопје сити мол“, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за отварање Дневен центар за деца со аутизам. Базарот е во организација на здружението „Во мојот свет“ и меѓународната градинка „Сент Пол“. Децата од оваа градинка ги изработуваа артиклите што ќе се продаваат на базарот.

Осум деца убиени во Австралија

Осум деца се пронајдени мртви, а една жена е тешко повредена во градот Кернс во Квинсленд, Австралија. Полицијата ги пронашла децата, кои се на возраст од 18 месеци до 15 години, по јавување од жената, која имала убодни рани и е пренесена на лекување. Од полицијата потврдиле дека жената е мајка на седум од децата, но сè уште не соопштуваат...

Детската клиника доби апарат за дијагностика на епилептични жаришта

Одделот за неврологија при Клиниката за детски болести во Скопје доби софистициран медицински апарат за дијагностика на епилептични жаришта кај децата. Апаратот е донација од „Македонски телеком“ и од „Ти-мобајл“ и е единствен од ваков вид во Македонија. Дечињата пациенти со невролошки проблеми отсега нема да треба да патуваат во странство, туку дијагностиката ќе можат да ја направат на детската...

Повик за бесплатно зимување на деца од семејства со социјален ризик

Од 2013 година досега, 8.000 деца ја искористиле можноста за бесплатен одмор и рекреација. Од нив, 6.000 дечиња имаа можност да заминат на бесплатен летен одмор, а 2.000 на бесплатен зимски одмор, информираше Диме Спасов, министер за труд и социјална политика. Од утре, 19 декември, петок, излегува јавниот повик за бесплатно зимување, на кој сите заинтересирани родители кои користат социјална парична помош, постојана...

На Детска хирургија направена стотата кардиохируршка операција

На Детска хирургија вчера е направена стотата кардиохируршка операција кај деца. Херојот е седуммесечно машко бебе од Скопје, со дијагноза тетралогија, пренесе „Здравство24“. Интервенцијата ја изведе петнаесетчлениот американски тим од хирурзи, интернисти, кардиолози, перфузионисти и медицински сестри. Со нив во салата присуствуваше и македонски тим од Детска хирургија и од Клиниката за детски болести. Американскиот тим кој ја направи стотата операција...

Осумгодишно дете инјектира хероин, а тригодишник „дува“ лепило

Осумгодишно дете инјектира хероин, а тригодишник вдишува лепило. Ова се најмладите корисници на дроги во Македонија за кои знае Здружението ХОПС-Опции за здрав живот-Скопје. Од Здружението велат дека последните три години нема ниту едно дете помладо од 18 години што било вклучено во центрите за лекување од зависности. На Клиниката за детски болести и психијатрија прифаќале деца кои употребуваат дроги, но...

Се зголемува бројот на загинатите во военото училиште во Пакистан

Бројот на загинатите во напад на талибанци врз воено училиште во пакистанскиот град Пешавар се искачи на 130 лица. Како што јавуваат локалните медиуми, 122 лица се повредени, од кои 25 се во критична состојба. Пакистанските власти соопштуваат дека над 100 од убиените се деца и оти бројот на жртвите веројатно ќе се зголемува. загинати може да се зголеми. Според...

Во напад во Пакистан, 104 лица убиени, меѓу кои 84 деца

Во нападот врз училиште во пакистанскиот град Пешавар најмалку 104 лица биле убиени, меѓу кои 84 деца. Според неофицијалните информации, има и многу повредени. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Според нив, овој напад бил одмазда за воените операции на пакистанската армија во Северен Вазиристан.  

Денеска почнува детскиот филмски фестивал „Кидс-фест“

Од денеска до 14 декември во скопските кина „Синеплекс“ и „Милениум“ ќе се одржи првото издание на детскиот филмски фестивал „Кидс-фест“. На репертоарот ќе бидат прикажани анимирани, играни и документарни филмови од Америка, Франција, Белгија, Норвешка, Шведска, Данска и од Хрватска. Фестивалот се одржува под мотото „Ајде да гледаме филмови“. Термините за филмовите се од 12, 13.30, 15 и од...

„Меѓаши“: Децата најмногу страдаат од сиромаштија

Сиромаштијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат децата и нивните семејства. СОС-телефонот за деца и млади на детската амбасада „Меѓаши“ годинава регистрирал 146 деца потенцијални жртви, од кои повеќе од половина живеат на работ на егзистенцијата и не можат да го остварат своето право на образование. Годинава само две деца се јавиле во детската амбасада Меѓаши да...

Иванов садеше дрвца со децата со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на децата со хендикеп, претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, денеска, во во својот дом, ги примија учениците од училиштето за деца со посебни потреби „Св. Климент Охридски“ од Ново Село. Иванов и децата засадија дрвца во дворот од резиденцијата, со што се вклучија во денешната акција „Ден на дрвото - засади ја својата...

На Денот на дрвото градинките ќе згрижуваат деца

Министерството за труд и социјална политка соопшти дека утре ќе биде неработен ден за граѓаните на Република Македонија поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Од Министерството велат дека детските градинки ќе работат за родителите што ќе имаат потреба од згрижување на нивните деца. „Родителите што имаат потреба за згрижување на нивните деца на 3 декември (среда...

Анализа: Сè поголема е сиромаштијата во многудетните семејства!

Семејствата со три или повеќе деца сè повеќе осиромашуваат. Во 2012 година, стапката на сиромаштија кај нив е позначајно зголемена за период од две години. Се продлабочува сиромаштијата и во семејствата на самохран родител со едно дете, се вели во анализата на „Порталб“. Најновото статистистичко мерење „Лаекен индикатор за сиромашатија“ покажа дека во 2012 година сиромаштијата на ниво на државата изнесувала 26,2 проценти...

Кичевските училишта сè уште без греење

Училиштата во Кичево сè уште се без греење затоа што Владата не донела одлука да се одобри нафта од стоковите резерви. Иако ова беше најавувано уште пред неколку недели, нема ништо од нафтата, а учениците веќе еден месец не одат на училиште. Министерот за образование Абдулаќим Адеми на брифинг со новинарите рече дека нафта ќе се добие, но пропуштените часови...

Кампања за Нова година без петарди

„Среќна и безбедна 2015 година - во семејно и пријателско дружење“ е мотото на годинешната кампања за подигнување на свеста на граѓаните во однос на употребата на петарди и на други пиротехнички средатва. По повод оваа акција, денеска се одржа и симулациска вежба од активисти на Црвениот крст и МВР пред ТЦ „Капитол“ во населбата Аеродром. МВР, покрај оваа кампања,...

Зголемен бројот на склучени бракови и на раѓања

За еден процент е зголемен бројот на живородени деца во третиот квартал од годинава, во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. То број сега изнесува 6.377 живородени деца. Во третото тримесечје од годинава имало 4.555 умрени лица, што споредено со истиот квартал од минатата година, претставува намалување за 0,7 проценти, а од вкупниот број умрени, 71 се...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...