„Твитер“: Ципрас за претседател!


Атина, 25 јануари, 2019 - 14:48 (META) 

Корисниците на социјалните мрежи денеска го фалат грчкиот премиер Алексис Ципрас по говорот кој тој го одржа во грчкиот парламент за време на дебата пред гласањето за Договорот од Преспа. Дел од нив напишаа „Ципрас за претседател“, а други го пофалија за неговата храброст да ги спомне македонските бегалци од Грција.

– Не сакам да ја критикувам историјата на Комунистичката партија на Грција, онаа која се однесува на славомакедонскиот буквар кој ваши членови им го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на ДАГ. Ниту 70.000 цивилни бегалци кои грчката држава ги лиши од правото да се вратат во својата татковина во 1983 година. Ниту Славомакедонката Ирини Гини, Мирка Гинова, првата жена стрелана во граѓанска војна. Вие и вашите луѓе соочете се со тоа – рече Ципрас.


Британија ќе прима деца-бегалци без родители


Лондон, 28 јануари, 2016 - 11:47 (META) 

Британија ќе прими засега неопределен број деца кои се одвоени од своите родители во судирите во Сирија и во другите земји, соопшти денеска британската влада.

– Кризата во Сирија и случувањата на Блискиот Исток и на северот на Африка одвоиле голем број деца-бегалци од семејствата – соопшти британскиот министер за имиграција, Џејмс Брокеншајр.

Наведувајќи дека подобро би било повеќето од нив да останат во регионот со членови на поширокото семејство, тој додаде дека Британија, сепак, побарала од УНХЦР да „идентификува исклучителни случаи во кои во најдобар интерес за детете е да дојдат во Британија“.

Властите засега не можат да потврдат колкав број деца би прифатила Британија, особено зашто прашањето за миграција е едно од најчувствителните во земјата.

Британскиот премиер Дејвид Камерон во септември минатата година објави дека 20.000 бегалци кои се наоѓаат во камповите на сириската граница ќе бидат примени во земјата до 2020 година.