fbpx
Таг: дете

таг: дете

Почина четиригодишното дете што беше удрено со автомобил во Куманово

Четиригодишно дете што пред една недела беше удрено со автомобил во Куманово, почина во Клиничкиот центар во Скопје, јавуваат медиумите на албански јазик. Според пишувањата, детето било удрено намерно. Медиумите пренесуваат дека семејството на починатото дете чекало ред пред амбуланта во Куманово и притоа одлучило да пуштат друг човек пред нив, поради тоа што процениле дека станува збор за поитен случај. Тоа предизвикало револт кај друго...

Пронајдено телото на детето што беше одвлечено од алигатор

Американските власти го пронајдоа телото на детето што на плажа во хотел во Орландо беше зграбено и одвлечено од алигатор, соопшти шефот на округот Оринџ, Џери Демингс. Демингс изјави дека нуркачите го пронашле телото на двегодишното дете, Лејн Грејвис, од Небраска, во 3.30 часот по локално време, односно 16 часа откако алигаторот го одвлекол. Тој додаде дека на длабочина од помалку од два...

Алигатор одвлекол дете од плажа во Орландо

Американската полиција е во потрага по двегодишно момче кое на плажата од хотелот „Гранд флоридијан“, во близина на градот Орландо на Флорида, алигатор го зграбил и го одвлекол во водата. Семејството на детето се одмарало на песочниот дел на брегот во близина на заливот Севен Сиз, која му припаѓа на хотелот. - Семејството се движело во плиткиот дел по брегот на езерото кога алигаторот го...

Две лица уапсени за убиството на полицаецот и на неговата сопруга во Париз

Две лица се уапсени денеска во рамки на истрагата за убиството на еден полицаец и на неговата сопруга во предградието на Париз, кое француските власти го окарактеризираа како терористички напад. Извори од полицијата изјавија дека двете лица се поврзани со Лароси Абала, кој го уби полицаецот, а потоа се забаракадира во неговата куќа, убивајќи ја и неговата сопруга. Полицијата го ликвидираше,...

Петгодишно дете, тешко повредено во пожар во Битола

Петгодишно дете било тешко повредено во пожар што вчера, околу 16 часот, од засега непознати причини, избувнал во куќа на улицата Мукос во Битола, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, кај детето биле констатирани тешки телесни повреди на рацете, нозете и лицето и е во животна опасност. Детето по укажната лекарска помош во Клиничката болница во Битола било префрлено во...

Во сообраќајка кај Лозово тешко е повредено двегодишно дете

Вчера, на магистралниот пат во близина на Лозово, се случила сообраќајна несреќа при што повредено е двегодишно дете. „Околу 12.30 часот, на магистралниот пат во близина на Лозово, во правец од Велес кон Штип, се случила сообраќајна незгода во која Ч.Ц. (72) од Скопје, управувајќи автомобил марка „тојота јарис“ со скопски регистерски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Во...

Греди од куќа затрупале двегодишно дете во Кочани

Двегодишно дете од населбата Оризари во Кочани го загубило животот откако околу 14 часот се скршиле гредите од руинираниот дел на куќата и паднале врз него, затрупувајќи го, информираат од полицијата. Екипи на итната медицинска помош, локалната противпожарна бригада и на полицијата, кои пристигнале на местото, заедно со жители на населбата почнале со расчистување на урнатините за да го пронајдат...

Повредено осумгодишно дете при удар со автомобил

Осумгодишно дете од село Боговиње вчера е повредено откако во него удрил „мерцедес“ со словачка национална ознака, што го управувал Р.Љ. (34), исто така од Боговиње. Според полицијата, несреќата се случила околу 14 часот, на регионалниот пат Тетово – село Пирок, пред раскрсницата за село Горно Седларце. По укажаната лекарска помош во тетовската болница, детето е префрлено во Скопје. Увид на местото...

Дебранец си ја обљубил 14-годишната ќерка

Полициската станица Дебар му поднесе кривична пријава на 48-годишниот жител на овој град, поради постоење основи за сомневање дека сторил родосквернавење. Основниот суд од Гостивар му определи мерка притвор до 48 часа и е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор“-Скопје. Пријавениот на 6 декември, во својот дом, извршил обљуба врз својата 14-годишна ќерка, а настанот е пријавен наредниот ден. Веднаш по добивањето на пријавата, известен е...

Деветгодишно дете загинало во сообраќајка во Сопот, Кумановско

Деветгодишно момче го загубило животот во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила во кумановското село Сопот, кога движејќи се пеш било прегазено од камион, соопшти полицијата. Во несреќата било повредено уште едно лице, кое по укажната помош е пуштено на домашно лекување. Според полициските информации, сообраќајната незгода се случила околу 17.45 часот, на локалниот пат во селото Сопот, кога товарното...

Бодрум: Пронајдено тело на четиригодишно сириско девојче

Турски рибар во градот Бодрум пронашол тело на четиригодишно сириско девојче кое се удавило при обид да стигне до територијата на Грција. Судбината на девојчето е речиси идентична со момчето Ајлан Курди, чие безживотното тело, исто така, беше пронајдено во Бодрум во септември годинава. Девојчето е идентификувано како Сена и нејзиното тело е пронајдено меѓу карпите во близина на малиот остров Каталада, а ја пронашол...

Да си го одземеш животот е избор, но да земеш на душа и друг е тешка дијагноза

За само неколку дена во Скопје се случија две самоубиства и еден обид за убиство. Пред два дена, мајка од скопски Хиподром, својот шестгодишен син го фрли од четвртиот кат, по што и таа се обиде да си го одземе животот. Денеска, пак, 42-годишен маж во центарот на Скопје се заканувал дека ќе се фрли од скеле, кое било поставено покрај...

Детето што мајката го фрли од зграда, оперирано и стабилно

Детето што вчера беше фрлено од балкон четвртиот кат од зграда во Хиподром, од својата мајка, е оперирано и се наоѓа во стабилна состојба, информираат од Клинички центар. Мајката, која подоцна се фрли, сè уште е во тешка состојба и е на интензивно лекување на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). По падот шетгодишното дете доби скршеници на главата, по...

Семејството од Хиподром не било предмет на стручните социјални служби

Семејството од Хиподром, од кое мајката утринава го фрли шестгодишниот син од четврти кат, а потоа и таа скокна, не било предмет на стручните социјални служби, информираат од Министерството за труд и социјална политика. „Во врска со немилиот настан што се случи денеска во населбата Хиподром и кој ја потресе јавноста, Министерство за труд и социјална политика, по спроведената активност...

Мајка го фрлила детето од балкон, па се фрлила себеси

Мајка го фрлила од балкон своето дете во населбата Хиподром, а потоа се фрлила и себеси. - Во 9.05 часот мајката се заканила дека ќе го фрли детето, во 10 часот го фрлила, а 20 минути подоцна се фрлила и таа - потврдуваат од МВР за „Мета“. И мајката и детето се во Ургентниот центар и се во животна опасност.

Кина: Засега останува политиката за едно дете

Кина мора да продолжи да ја спроведува политиката на едно дете додека да стапат на сила новите правила што им дозволуваат на двојките да имаат две деца, порача кинеската државна комисија за национално здравје и за семејно планирање. Владејачката Комунистичка партија минатата недела порача дека Пекинг ќе ја ублажи својата неколкудецениска политика на едно дете. Планот за промената мора да го одобри...

Петгодишно девојче загина при пад од зграда во Струга

Петгодишно девојче синоќа паднало од петти кат од зградата во која живеело со своето семејство и починало. Инцидентот се случил на улицата Ристо Крле во Струга, потврдија од СВР во Охрид. По несреќата девојчето веднаш било пренесено во струшката болница каде, за жал, лекарите можеле само да констатираат смрт. На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител и...

За Кривичниот суд, снимката со дадилката што малтретира бебе е прифатлив доказ

Судот не го прифати барањето на адвокатот на дадилката Т.С., осомничена за запуштање и за малтретирање малолетно дете, да ја издвои снимката од камерата како доказ во судската постапка. За Кривичниот суд ваквото барање е неосновано. „Бранителот на осмоничената во барањето навел дека снимката приложена во доказниот материјал претставува доказ кој е прибавен на незаконски начин, бидејќи не е добиена...

Загина дете на велосипед, на булеварот Илинден

Тринаесетгодишно дете на велосипед загина вчера на булеварот Илинден, откако во него удрил автомобил „фиат пунто“, управуван од М.Л. (47). Детето било пренесено во Ургентиниот центар во Скопје, каде им подлегнало на повредите. На местото на несреќата бил извршен е увид од полициски екипи и од јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Дете се удавило во реката Вардар

Безживотно тело на дете вчера попладне било извадено од водите на реката Вардар, во непосредна близина на улицата Кеј 13 Ноември во центарот на Скопје, информира полицијата. Телото на детето било забалежано околу 13.30 часот, по што увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје, веднаш излегла на местото. Лекар од екипата на Итната медицинска помош, според полицијата, констатирал...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...