fbpx
Таг: дестабилизација

таг: дестабилизација

Ќе има ли последици за Србија по прославата на денот на Република Српска?

Прославата на денот на Република Српска и учеството на Србија во одбележувањето на овој неуставен празник за Босна и Херцеговина претставува сериозна провокација не само кон регионот, туку и кон меѓународната заедница која силно се залага за зачувување на босанскиот суверенитет и интегритет, пишува српскиот весник Данас. Весникот ги пренесува реакциите на меѓународната заедница по одбележувањето на денот на Република...

Османи: Русија со видливи чекори го дестабилизира Западниот Балкан

Актуелниот претседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи денеска изјави дека Руската Федерација претставува фактор на дестабилизација во регионот на Западен Балкан. За разлика од поддршката на САД и ЕУ за С.Македонија и целиот регион, Русија не ја игра идентичната улога во Западниот Балкан. Руската Федерација е таа која преку латентни и видливи чекори, преку...

Украина и ЕУ со ист став: Русија сака да направи проблем во Западен Балкан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Европската Унија во изминативе денови предупредија на активностите на Русија за да предизвика проблеми во Западниот Балкан, кои би го отргнале вниманието на меѓународната јавност од воената агресија врз Украина. Зеленски најпрво на 15 ноември годинава јавно предупреди дека Русија би можело да подготвува војна во регионот на Западниот Балкан, со цел да го одвлече...

Гардијан: Ако се открие дека Вучиќ е инволвиран во настаните кај Бањска, можни се санкции за Србија

Доколку се утврди вмешаност на српскиот претседател Александар Вучиќ во настаните кај Бањска во Косово, тоа би можело да го промени пристапот на САД и ЕУ во преговорите меѓу Белград и Приштина, а можни се и санкции за Србија, пишува британскиот весник Гардијан.  Весникот додава дека САД досега ги поддржувале преговорите и биле на страната на Европа, бидејќи најголем дел...

Ходорковски: Ако војната во Украина продолжи, Путин ќе проба да го дестабилизира Балканот

Доколку продолжи војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да го дестабилизира Балканот преку Србија за да им го направи животот потежок на Европејците. Ова го изјави рускиот опозициски лидер Михаил Ходорковски во интервју за влијателниот австриски весник „Дер Стандард“. Ходорковски вели дека Путин поддржува радикали од било која природа, се обидува да ја дестабилизира ситуацијата и...

Јањиќ: Зад литијата против Европрајдот во Белград стои руската воено-разузнавачка служба ГРУ

Српскиот политички аналитичар Душан Јањиќ денеска изјави дека со оглед на тоа што моторџиите-членови на „Ноќните волци“ го предводеа протестот во Белград против одржувањето на Европрајдот, нему му е јасно дека позади неговото организирање стои руската воено-разузнавачка служба ГРУ, јавува весникот Данас. Јањиќ во разговор за телевизијата Прва го коментираше неделниот собир „Литија за спас на Србија“, при што изјави...

Хан предупреди на ризик од дестабилизација на регионот, со импакт и врз ЕУ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се огласи на „Твитер“ по неуспехот на лидерите на ЕУ да донесат јасна и суштинска одлука, како што ветија во јуни, за стартот на преговори со Македонија и Албанија. „ЕУ лидерите не успеаја да ги исполнат своите заложби за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија на Европскиот Совет. Ова претставува екстремно разочарување....

ЕФБ: Декларација за европско партнерство со Балканот, се бара искреност и брзина

Европското партнерство со Балканот мора да се темели на поискрени и потранспарентни односи кои и даваат предност на демократската трансформација, се наведува во Декларацијата за европско партнерство со Балканот, која беше промовирана синоќа на регионална конференција по повод 10-годишнината од Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) во Белград. На одбележувањето и на промоцијата присуствуваше и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој...

Трајанов: Македонија треба да се воздржи од реципрочни мерки кон Србија

Повлекувањето на персоналот од амбасадата на Србија во Македонија е сценарио за дестабилизација на Балканот од пошироки размери, каде се испреплетуваат геостратешките интереси на повеќе центри на моќ, сметаат од Демократскиот сојуз. Од партијата на поранешниот пратеник и министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, велат дека со овој непромислен, избрзан и неавтентичен акт на Србија, главната цел е да се...

Плевнелиев: Од Москва доаѓаат тезите на противниците на договорот со Македонија

Бугарија нема повисок интерес од тоа да има мир на Балканот и се залага за траен и одржлив мир и за добрососедство, изјави поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев, коментирајќи го развојот на бугарско-македонските односи во емисијата „Денот почнува“ на „Бугарската национална телевизија“. Според Плевнелиев, Бугарија има историска шанса да биде патот по кој Европската Унија ќе се прошири, а Македонија...

СДСМ: Го осудуваме инцидентот за кој соопшти Милошоски, МВР бргу да го расветли

Најостро го осудуваме инцидентот што се случил во домот на родителите на Антонијо Милошоски. МВР мора веднаш да го расветли случајот со поставената бомба, а извршителите мора да бидат најдени и соодветно казнети, реагира СДСМ. Партијата вели и дека „дстабилизацијата во државата мотивирана и креирана од Груевски и од соработниците мора веднаш да престане, бидејќи таа не носи ништо добро за...

Лавров се надева дека Западот ја сфаќа опасноста од дестабилизација на Македонија

Москва се надева дека западните земји ја сфаќаат опасноста од обидите за дестабилизација на ситуацијата во Македонија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува „Спутник“. Според Лавров, чудно е што Балканот се перципира како регион на руски „провокативни активности“, а секои нормални релации меѓу Русија и балканските земји предизвикуваат загриженост кај Западот. – Сегашната ситуација во Македонија е...

Москва: Бесрамното манипулирање со гласачите може да ја дестабилизира Македонија

Констатираме сериозно продлабочување на политичката криза во Република Македонија и станува очигледно дека „вештачки предизвиканите“ предвремени парламентарни избори одржани на 11 декември 2016 година не придонесоа за решавање на ситуацијата, се вели во денешниот коментар на одделот за информации и за печат на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Според руското МНР, под „псевдодемократски слогани“ продолжува длабокото надворешно влијание...

Груевски: Со 63 пратеници нема да дозволиме дестабилизација на државата

СДСМ ќе го доживее десеттиот пораз од овој народ, кој гласот ќе го даде за тие што отворија повеќе од 160.000 работни места, тие што создадоа најдобра бизнис-клима и за тие што направија држава со најниски даноци во светот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија во општина Бутел. - Народот нема да дозволи двојазичност,...

Ахмети за РСЕ: Има многу центри што работат на создавање хаос во Македонија

Има многу центри кои работат на штета на интегрирањето на нашата земја во ЕУ и особено во НАТО, оцени лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „Радио Слободна Европа“. - Има многу центри што работат во насока на создавање хаос, недоверба меѓу двете најголеми етнички заедници во нашата земја, т.е. Албанците и Македонците, бидејќи тие центри сигурно дека не се...

Вучиќ на Македонија ѝ посака мир и успех во решавањето на проблемите

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјавил дека Владата на Србија посакува актуелните проблеми во Македонија што побргу да се решат, пишува српски „Блиц“. - Му посакуваме мир на нашиот братски народ, сакаме стабилност, не сакаме да се мешаме во внатрешните односи, но им посакуваме успех во решавањето на проблемите – изјавил Вучиќ при отворање на нов производствен погон во Ниш. Тој...

Лајчак: Можна е дестабилизација ако не се реши кризата во Македонија

Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, за „Мета“ денеска изјави дека е многу загрижен за ситуацијата во земјава. - Со голема загриженост ги следам случувањата затоа што наводите презентирани од страна на лидерот на опозицијата се многу сериозни и бидејќи Македонија е земја-кандидат за ЕУ, мислам дека тоа е прашање кое министрите за надворешни работи на ЕУ треба да...

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...