fbpx
Таг: депресија

таг: депресија

Помош преку телефон: Во Германија луѓето најмногу ги мачи осаменоста

Во Германија оваа година повторно повеќе од милион луѓе се обратија до телефонските советувалишта со своите грижи, потреби и стравови, објави агенцијата ДПА. Војната на Блискиот Исток и Украина, осаменоста и депресијата се вообичаени причини за повиците, според Луџер Сторч, претседател на националната работна група за телефонско советување. За оваа година сè уште нема конечна проценка, но се очекува слична бројка...

Со пандемијата не исчезнаа менталните болести кај младите

Проблемите и нарушувањата со менталното здравје беа вообичаени меѓу младите луѓе во екот на пандемијата со ковид-19, но нова студија покажува дека со завршувањето на пандемијата не се решиле во целост проблемите. Имено, бројот на амбулантски и болнички третмани минатата година бил помал отколку во екот на коронавирусот, но сепак бројката е повисока отколку пред пандемијата, пренесува германската новинска...

Анкета: Секој четврти човек во Германија се чувствува длабоко осамен

Секој четврти граѓанин на Германија чувствува длабока осаменост, а многу почесто е ова изразено кај депресивните личности, наведува истражување што беше објавено во вторникот, пренесува германската новинска агенција ДПА. Кај личностите кои според сопствени зборови се депресивни, уделот на длабоката осаменост е дури 53 отсто, покажува анкетата на овогодинешниот германски Барометар на депресија. Субјективното чувство на осаменост е утврдено според неколку...

Новинарката Вудсом: Занемарувањето на менталното здравје има последици врз работата, семејството и секојдневието

Кејт Вудсом, писателка, продуцентка, режисерка и новинарка која покрива теми за менталното здравје за „Тhe Washington Post Opinions” истакнува дека последиците од занемарувањето на менталното здравје се рефлектираат во секојдневниот живот, продуктивноста на работа и во семејните односи. Антидепресивите можат да помогнат, но не се решение за лекување на менталните здравствени проблеми. Таа им порачува на младите да се...

Дискусии за младите и менталното здравје во повеќе градови во државата

УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика, со посета на повеќе градови во земјата ќе отворат дискусија со децата и младите за менталното здравје за да се намали стигмата поврзана со менталното здравје. Караванот започнува денеска од Струмица и Валандово, a во текот на следните седмици ќе продолжи во Пробиштип, Кратово, Штип, Кочани, Тетово, Гостивар, Виница, Блатец, Прилеп,...

Секое трето девојче на 15 години во земјава изјавило дека е осамено

Чести нерасположенија речиси секојдневно, во последните шест месеци, пријавиле дури 57 проценти од девојчињата на 15 години во Македонија, а од психосоматски тегоби повеќе пати неделно (главоболки, вознемиреност, раздразливост, проблеми со спиењето и концентрацијата) пријавиле дека страдаат шест од десет девојчиња на 15 години. Ова се вели во студијата „Однесување поврзано со здравјето кај деца на училишна возраст (ХБСЦ)“, која...

Светски ден на ментално здравје: „Има денови кога најголем напор ми е да ја измијам косата“

Да се има анксиозност и депресија е како да се биде исплашен и изморен во исто време. Да ти е страв од неуспех, но да го немаш нагонот да бидеш продуктивен. Да сакаш пријатели, ама да не сакаш да се социјализираш. Да сакаш да си сам, а да не сакаш да си осамен. Да се грижиш за сè, а...

Д-р Арсова за масакрот во Белград: Средбите со оружје на детето му ги развиле мислите за убивање

Со седумнаесет жртви и десетици повредени како последица на два масакра се соочи Србија за само 48 часа, откако во средата седмоодделенец во Врачар уби осум свои соученици и чуварот во училиштето, а ден подоцна, 21-годишно момче во Младеновац уби осум луѓе и повреди 14. Она што за овие простори било непознаница, со овие два трагични настани стана реалност,...

Секој трет адолесцент има депресија, младите се борат во тишина поради стигмата

Секој трет адолесцент изјавил дека има симптоми на депресија. Многу поголема е веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата – дури шестпати повеќе. Околу 42 отсто од адолесцентите пријавиле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност, а пројавиле и повисок интензитет на суицидални мисли како последица на депресијата и стравот од ковид-19. Ова го покажало...

Не можат да се тргнат од екраните – депресијата и анксиозноста кај младите доаѓа од злоупотребата на социјалните мрежи

„Tik Tok “ скандалот во тетовската болница уште еднаш го вклучи алармот за тоа како и за што се користат социјалните мрежи во време кога дигитализацијата се развива со брзо темпо. Најмногу загрижува тоа какви слики гледаат на оваа социјална мрежа младите и децата, кои се поранливи на последиците што може да ги донесе употребата на истата. За тоа...

Едно од три млади лица во земјава има депресивни епизоди

Последно истражување кое се однесува на менталното здравје на младите, покажало дека едно од три млади лица во земјата има депресивни епизоди. Освен тоа, присутни меѓу младите како проблеми се и онлајн злоупотребите и булингот во училиштата. Ова беше истакнато на денешната дебата насловена како „Ментално здравје на младите и социјалните медиуми“ која се одржа на Филозофскиот факултет, на која...

Дојавите ги направија анксиозни средношколците и им создадоа „дупки“ во знаењата

Послаби постигања и недостаток на знаења, пад во концентрацијата, анксиозност и стрес и кај учениците и кај наставниците. Ова се последиците врз учениците до кои доведоа лажните дојави за бомби, кои со месеци речиси секојдневно го прекинуваа образовниот процес. Изминативе неколку недели дојави нема, откако училишните раководства почнаа да го применуваат новото упатство од Министерството за внатрешни работи (МВР),...

Анкета: Половина од вработените од Генерацијата Зед се чувствуваат исцрпено барем еднаш неделно

Загрижувачки ментални и физички потешкотии чувствуваат редовно младите работници од Генерацијата Зед. Анкетно истражување за менталното и емоционалното здравје што вклучило над 1.000 млади професионалци покажува дека околу 53 отсто од нив рекле дека се чувствуваат исцрпено на работа барем еднаш неделно, пишува The Hill. И додека половина од младите испитаници пријавуваат ментални и емоционални тешкотии на работното место, повеќето...

Пандемијата со ковид-19 има огромно влијание врз психичката состојба на младите

Пандемијата со ковид-19 има огромно влијание врз психичката состојба на младите, која и онака е подложна на промени, а нивната психа е посебно „чувствителна“ кога се во пубертет, тинејџери или адолесценти. Проблемите посебно беа потенцирани додека тие беа затворени дома, не се дружеа со врсниците, не одеа на училиште. Во однос на тоа како ковид-кризата влијаеше врз младите, психологот Дора...

Стресот и изолацијата од ковид-19 го зголеми чувството на безволност кај младите

Нова студија на американскиот центар за контрола и превенција на болести, открива дека САД бележи значителен пораст на обидите за самоубиство, посебно кај тинејџерките. Во мај 2020 година почнал да расте бројот на адолесценти на возраст од 12 до 17 години кои се примени на одделот за итни интервенции поради обиди за самоубиство. Годинава пак, од февруари до март,...

Народна банка предвидува пад на македонската економија од 3,5 проценти, поради корона кризата

Народната банка проектираше пад на домашниот бруто-производ БДП од 3,5 проценти, наспроти октомвриските очекувања за пораст од 3,8 проценти. „Во однос на структурата на порастот, намалување се очекува и кај домашната и кај извозната побарувачка. Во 2021 година, во услови на нормализација на економскиот амбиент, се очекува закрепнување на економијата, поддржано од сите извори на порастот. Во вакви околности на намалена...

Само 7 години има најмладиот пациент со депресија во Македонија

Се помали се децата кои имаат симптоми и знаци на депресија, односно кај кои се јавуваат депресивни манифестации, предупредуваат детските психолози и психотеравпевти. Само седум години има најмладиот пациент со кој работи психологот Катина Павлоска во Центарот за ментално здравје на деца и младинци. Во Македонија не се води точна евиденција конкретно за оваа патологија. Според податоците на Светската здравствена организација...

Најстариот син на Фидел Кастро изврши самоубиство

Фидел Кастро Дијас-Баларт, најстариот син на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро, изврши самоубиство, соопштија утрово кубанските државни медиуми. „Докторот на науки Фидел Кастро Дијас-Баларт, кој неколку месеци беше под лекарски надзор поради тешка депресија, изврши самоубиство на 1 февруари, на 69-годишна возраст“, пренесе кубанскиот весник „Гранма“. Фидел Кастро Дијас-Баларт е роден пред Кубанската револуција, во бракот на Фидел Кастро со Мирта...

Психијатар ќе проценува дали обвинетиот во „Триста“ може да го следи судењето

Поранешниот помошник на министерот за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, обвинет во случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска се појави на рочиште во Кривичниот суд, но тоа повторно беше одложено, на барање на неговите адвокати. Тие пред судот рекоа дека Поповски се лекува од депресија и дека е под лекарства, поради што сметаат дека не е во состојба да...

Костова: Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството

Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството, а економската ситуација ги турка граѓаните во депресија. Ова произлезе како заклучок од синоќешната дебата посветена на 7 април, Светскиот ден на здравјето, организирана од комисијата за здравство на СДСМ и од форумот на жени на општинската организација на СДСМ од Кисела Вода. Членката на комисијата за здравство на СДСМ, Елена Костова,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...