fbpx
Таг: депозити

таг: депозити

Депозитите во јули под очекуваниот пораст од 7,4 проценти

Вкупните депозити во јули забележаа пораст по намалувањето во претходните три месеци, се вели во најновиот извештај на Народна банка. „Повисокото ниво на вкупната депозитна база на банките претставува сигнал за понатамошно видливо стабилизирање на очекувањата на економските субјекти. Анализирано по сектори, порастот речиси во целост произлегува од зголемувањето на депозитите на домаќинствата, при мал пораст и на депозитите на корпоративниот сектор, додека кај депозитите на другите финансиски институции се забележува умерено намалување“,...

Депозитниот потенцијал на банките се намали за 2,9 проценти на квартална основа

Вкупниот депозитен потенцијал на банките во вториот квартал годинава забележа намалување од 2,9 проценти на квартална основа, што е резултат на влошената доверба на економските субјекти во домашната економија, објави Народна банка. - Гледано од аспект на валутата, намалување се забележува кај денарските депозити, додека девизните депозити бележат минимален пораст на квартална основа. Од секторски аспект, намалувањето на депозитите на банките во вториот квартал во најголем дел произлегува...

Граѓаните во јуни повеќе штеделе во денари

Забавување на падот на вкупниот депозитен потенцијал и мало зголемување на штедењето на населението е забележано во јуни, информираат од Народна банка. Населението повеќе штедело во денари отколку во странска валута. - Ваквото однесување покажува значително подобрување на перцепциите на субјектите, а делумно може да е реакција на поместувањата во каматната политика на банките. Имено, во јуни за првпат по подолг временски период, се...

СДСМ: Не учествувајте во ново противзаконско задолжување

Никола Груевски и неговите послушници очигледно немаат намера да се откажат од извршувањето на најголемото финансиско злосторство и со глава в ѕид се обидуваат да им натоварат нов незаконски долг од 650 милиони евра на граѓаните и на идните генерации, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. Од паријата порачуваат дека никој нема да биде амнестиран за своите постапки во евентуалното ново противзаконско...

Граѓаните во мај повлекле 67 милиони евра од банките

Граѓаните минатиот месец повлекле 67 милиони евра од банките, а депозитната база се намалила за 22 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. За разлика од граѓаните, кај кои продолжил трендот на повлекување пари од банките, фирмите ги вратиле парите назад. Тие во мај депонирале 29,6 милиони евра во банкарскиот систем. Гувернерот Димитар Богов пред еден месец изјави дека повлекувањето на...

Депозитната база на банките во април забележа пад од 2,2 проценти

Депозитната база на банките во април забележа значителен пад од 2,2 проценти на месечна основа, поради неизвесниот домашен политички амбиент. - Првичните податоци за мај покажуваат понатамошен тренд на намалување на депозитите, но многу послабо во однос на април, при што од дневните податоци за втората половина на мај и за првата половина од јуни се забележува значително стабилизирање на...

Побавен пораст на економијата од предвидувањата со последните проекции

Затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер, соопштуваат од Народна банка. - Во последниот период, видливи се знаци на стабилизирање на очекувањата и на довербата на економските субјекти, а оцените за здравоста на економските фундаменти и понатаму се...

Девизните резерви во мај помали за 29 милиони евра во однос на претходниот месец

Девизните резерви во мај изнесуваат 2,16 милијарди евра, што е за 29,5 милиони евра помалку отколку претходниот месец, објави Народната банка. Најголем пад е евидентиран кај резервите во валути и во депозити, од 18,5 милиони евра. Вредноста на монетарното злато во мај во однос на претходниот месец е намалена за 7,7 милиони евра и сега изнесува 237,9 милиони евра. Резервите во хартии...

Граѓаните изгубиле 4 милиони евра поради повлекување на денарските заштеди

Граѓаните изгубиле околу 4 милиони евра поради тоа што предвреме ги повлекле орочените денарски заштеди во април, проценуваат од Народна банка. -Повеќе од 217 милиони денари достигнуваат губитоците на економските субјекти врз основа на неостварени камати заради предвремено повлекување на орочените денарски заштеди во април годинава. Граѓаните ќе бележат и трошок врз основа на курсни разлики, кога повторно ќе ги...

Богов: Повлекувањето на депозити речиси целосно запре

Повлекувањето на депозитите речиси целосно запре и во изминатите две недели имаме стабилизирање на ситуацијата, изјави гувернерот Димитар Богов во интервју за „Ројтерс“. - Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено - истакна Богов. Имено, во април граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките, што е 1,6 отсто од вкупните...

СДСМ: Богов да не се крие зад банките

„Гувернерот Богов веднаш да престане да се крие зад банките. Безобразно е на банките да ја префрлува одговорноста за стабилноста на депозитите на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата велат дека „ако граѓаните сакаат да дознаат што мислат банките за стабилноста на нивните депозити, ќе си прашаат во банка“. - Дали според Богов и НБРМ депозитите на граѓаните во...

Се намалуваат депозитите на компаниите и на граѓаните

Вкупните депозити во јануари изнесувале 4,87 милијарди евра и се намалиле за околу 80 милиони евра во однос на претходниот месец, кога изнесувале 4,95 милијарди евра, покажуваат последните податоци на Народна банка. Депозитите на компаниите во јануари се намалиле за 73 милиони евра, така што сега тие изнесуваат 1,09 милијарди евра. Заштедите на граѓаните, исто така, доживеале пад во јануари и...

Послаби остварувања кај вкупните депозити

Во третото тримесечје од 2015 година, девизните резерви бележат пад, но показателите за адекватноста и понатаму се во сигурната зона, се вели во извештајот на НБРМ. - Првичните податоци, заклучно со септември, покажуваат послаби остварувања кај вкупните депозити и кај вкупните кредити во однос на проекцијата за третиот квартал, што во еден дел, можеби, е одраз на неизвесниот домашен и глобален...

Граѓаните сè помалку штедат

Депозитниот потенцијал на банките е 4,7 милиони евра и на годишно ниво тој се зголемува за 6 проценти. Кај компаниите тој пораст е речиси 7 проценти. Ова денеска беше истакнато по повод Светскиот ден на штедењето, кое 17 години го одбележува Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија. Гувернерот Димитар Богов посочи дека банкарскиот сектор ја задржа стабилноста, но се случија...

Вкупните депозити на банкарскиот сектор и понатаму се зголемуваат

Вкупните депозити на банкарскиот сектор и понатаму се зголемуваат, но поради внатрешните политички случувања и должничката криза во Грција, тој пораст беше помал кај домаќинствата, се вели во соопштението на Народна банка. - Зголемувањето на депозитите во банките произлезе од новите денарски депозитни средства на корпоративниот сектор, кои воедно придонесоа и за намалувањето на рочноста на депозитниот потенцијал - се...

Депозитите на граѓаните – намалени, како последица на политичката криза

Првичните податоци од јуни, покажуваат пораст на вкупните депозити на месечна основа, кој во целост е воден од порастот на депозитите на корпоративниот сектор, се вели во соопштението на НБРМ за состојбите во домашната економија. Депозитите кај домаќинствата втор месец по ред бележат намалување на месечна основа (иако во јуни тоа е во помал обем споредено со мај), како последица на...

Депозитите во грчките банки се сигурни

На средбата меѓу гувернерот Димитар Богов и турските инвеститори, тие се интересираа за сигурноста на депозитите во грчките банки, имајќи ја предвид кризата во оваа земја. - Депозитите се сигурни колку и самите банки, односно зависат од неколку фактори како стабилноста на банката, капиталот, ликвидноста, корпоративното управување, управување со ризиците, профитабилноста. Судејќи според овие индикатори, депозитите во банките со грчки...

Депозитите достигнаа 4,7 милијарди евра

Според податоци на Народната банка на Македонија, на крајот на април, вкупните депозити достигнале 4,7 милијарди евра, од кои на заштеди на домаќинствата отпаѓаат 3,38 милијарди евра. Во истиот период, во однос на лани, депозитите на фирмите пораснале за 13,6 милиони евра и достигнале околу една милијарда евра.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...