!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Германија ќе депортира двајца домашни екстремисти


Берлин, 22 март, 2017 - 15:10 (META) 

Германскиот сојузен суд ја поддржа планираната депортација на двајцата познати исламистички екстремисти, странски државјани родени во Германија, иако нема докази дека извршиле некое злосторство, соопштија германски претставници.

Алжирец и Нигериец, чии имиња не се споменуваат, се уапсени минатиот месец во Гетинген, во рамки на истрага за можни напади.

Владата на Долна Саксонија наложи нивна депортација и синоќа соопшти дека ќе бидат депортирани пред Велигден, бидејќи Сојузниот управниот суд да ја одбил жалбата по одлуката.

Министерот за внатрешни работи на Долна Саксонија, Борис Писториус, рече дека тоа е „јасен сигнал за сите фанатици“ дека нема да им се даде простор „за нивните нечовечки планови“. Тој додаде дека сосема е неважно дали тие пораснале во Германија или на друго место.


Федералниот суд во Бостон денеска одлучува за указот на Трамп за депортација


Бостон, 3 февруари, 2017 - 11:29 (META) 

Пред Федералниот суд во Бостон денеска треба да почне постапка во која ќе биде донесена одлука за продолжување на привремената забрана за депортација на државјани на седум земји со повеќето муслимански жители, на кои американскиот претседател, Доналд Трамп, пред една недела им забрани влез во САД.

Бостонскиот суд во неделата, на барање на Американското здружение за граѓански слободи, донесе одлука со која на седум дена се забранува депортација на државјани на Иран, Ирак, Сомалија, Сирија, Јемен, Либија и на Судан, кои пристигнале во САД во моментот на носењето на уредбата за забрана за влез во земјата.

Здружението го поднесе барањето за привремена забрана во име на двајца универзитетски професори, ирански државјани со постојан престој во САД, кои се задржани на бостонскиот аеродром кога се враќале од научна конференција од странство.

Барање во текот на неделава поднесе и меѓународната невладина организација „Оксфам Америка“ и неколку лица кои не се американски граѓани, но се легално во САД и стравуваат дека нема да можат да се вратат во земјата доколку излезат, а кон нив се приклучи и државната обвинителка на Масачусец, Мора Хили.


Федералниот суд привремено го суспендираше указот на Трамп


Вашонгтон, 29 јануари, 2017 - 16:35 (META) 

Судија во американскиот Федерален суд привремено ја запре депортацијата на луѓето со визи или на бегалци, кои останале заробени на разни аеродроми низ светот, по најновиот указ на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека државјани од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и од Јемен не можат да влезат во САД.

Одлуката била донесена врз основа на тужбата на американската Унија за граѓански слободи, што беше поднесена веднаш по потпишувањето на претседателскиот указ.

Според информациите од Унијата, околу 200 лица останале заробени по аеродромите или во транзитните зони, затечени со указот на Трамп.

Дестици илјади луѓе демонстрираа пред аеродромите во повеќе градови на САД против оваа одлука на претседателот.


Меркел: Работиме на депортација на мигрантите


Берлин, 9 јануари, 2017 - 20:52 (META) 

Германската канцеларка, Ангела Меркел, повтори дека Германија мора да направи „национален напор“ за мигрантите на кои им е одбиено барањето за азил да ја напуштат земјата.

Меркел на конференцијата на државни службеници рече дека Германија работи на враќањето на мигрантите, но дека тоа единствено е можно ако се преговара со нивните татковини.

Забрзување на депортацијата и на доброволното враќање на мигрантите стана приоритет на германските власти по терористичкиот напад на божиќниот базар во Берлин.

Тунижанецот Анис Амри е осомничен дека на 19 декември со камион влета на божиќен базар и усмрти 12 лица. Одговорност за нападот презеде Исламска држава. Германските власти не успеаја да го депортираат осомничениот пред нападот затоа што Тунис одби да го прифати.

Во Германија во 2015 година пристигнаа повеќе од 890.000 мигранти.


Германија доброволно ја напуштиле 55.000 мигранти, најголем број се од Балканот


Берлин, 29 декември, 2016 - 19:57 (META) 

Германија доброволно ја напуштиле рекордни 55.000 мигранти, што е двојно поголем број од тие што биле депортирани, покажуваат податоците на германската канцеларија за миграција и за бегалци, а јавуваат германските медиуми.

Најголем дел од мигрантите, во периодот од јануари до ноември, се вратиле на Балканот, а најголем број од нив се од Албанија, дури 15.000. Годинава, од Германија биле депортирани 25.000 мигранти.

Канцеларијата за миграција информира дека се зголемува и бројот на тие што доброволно се враќаат во Ирак, Иран и во Авганистан.


Омбудсманот во Србија проверува дали има нелегална депортација на мигранти


Белград, 21 декември, 2016 - 11:45 (META) 

УНХЦР и други организации кои се грижат за мигрантите сè уште чекаат официјално објаснување за случајот со седумчленото сириско семејство што наместо во прифатен центар заврши во шума на границата меѓу Србија и Бугарија.

Налог да се провери дали станува збор за обид за илегална депортација, издаде и народниот правобранител Саша Јанковиќ.

Семејството од Сирија е сместено во прифатниот центар во Прешево, но никому не му е дозволен контакт со нив, а образложението за тоа е дека тие се во карантин сè додека не се завршат сите потребни прегледи и истраги.

Седумчленото семејство мигранти од Сирија беа пронајдени изминатиот викенд, во шума на границата со Бугарија. Според зборовите на Гордана Пауновиќ од белградскиот „Инфо парк“, тие биле уредно регистрирани во Белград и тргнале во прифатниот центар во Босилеград, но униформирани машки лица ги извлекле од автобусот, ги одвеле во шума близу границата и таму ги оставиле.

Мигрантите сведочеа дека биле исплашени и премрзнати и преку СОС-линија успеале да го добијат „Инфо парк“.

Акцијата за спасување траела до три наутро, а кога пристигнала брзата помош, три женски лица биле во бессознание.

Пауновиќ вели дека тоа било обид за илегална депортација, за која се зборува дека постои веќе со месеци, но досега немало конкретни докази.

Народниот правобранител Саша Јанковиќ изјави дека дал налог да се спроведе контрола за да се утврди дали навистина имало обид за илегална депортација и ако е потврди тоа, дали во неа учествувале и државни органи.


Протести во бегалскиот камп на Хиос


Атина, 19 декември, 2016 - 12:57 (META) 

Бегалците и мигрантите во кампот Суда на островот Хиос денеска повторно протестираат, вознемирени од информацијата за нивно масовно депортирање во Турција. Како што јавуваат локалните медиуми, низ кампот се појавила информација дека за две недели грчките власти ќе почнат да ги враќаат во Турција луѓето кои се сместени во Суда, а чии барања за азил се одбиени.

Во кампот од утрово владее вознемиреност и демонстрации, кои се поттикнати и од мизерните услови за живот. Бегалците протестираат со транспаренти на кои пишува „Ние сме луѓе, а не животни“ и „Вратете ни ја слободата“, а стотина лица почнаа и штрајк со глад.

Веќе неколку дена во бегалскиот камп нема струја и греење, иако температурата е ниска, а од вчера нема ни вода. Бегалците бараат властите да го отстранат проблемот бидејќи во кампот има и огромен број деца.

Исклучувањето на водата и на струјата само дополнително ги вознемири бегалците дека тоа можеби е знак дека ќе се пристапи кон масовно враќање во Турција.

Последните неколку дена речиси и да не пристигнуваат нови бегалци на Хиос, каде има повеќе од 5.000 бегалци. Во целата држава, според официјалните бројки на грчката влада, има 62.455 бегалци.


Еврејката Шела Шијон Алтерац третпат се врати во родниот Штип


Штип, 10 март, 2016 - 17:08 (META) 

Штипската Еврејка Шела Шијон Алтерац цели 55 години молчела пред семејството за голготата што ја поминала на десегодишна возраст, кога заедно со семјството била земена од домот и однесена во Монополот. Денеска третпат се врати од Изреал во родниот Штип, на одбележувањето на 73-годишнината од депортацијата на Евреите.

Осумдесет и тригодишната Шела раскажа дека тогаш три недели поминала во валканиот Монопол меѓу 500 луѓе, речиси без вода и храна.

– Дојдоа војници со пушки, тропаа на врата. „Брзо, брзо, за половина час бидете долу“, ни рекоа. „Не земајте многу работи, нема да ви требаат“. Пред куќата видовме дека таму има цела колона луѓе, а од куќите излегуваа сè повеќе и повеќе луѓе. Сите се упативме кон железничката станица. Кога стигнавме таму, ни одзедоа сè – обетки, прстени, часовници, па следуваше еден убав, детален преглед – раскажа оваа Еврејка, која е меѓу ректките што успеале да се спасат.

Според нејзиното кажување, сестра ѝ живеала во Приштина, во Косово, и кога дошла да се прости од семејството, мајка ѝ ја пратила со неа, со што ѝ го спасила животот.

Другите од семејството биле однесени во Треблинка.

Шела Шијон Алтерац сега живее во Изреал, каде има три деца и десет внуци. Од одбележувањето на јубилејот, Шила замина на улицата Развигоров, на местото каде била куќата во која се родила.

Повеќе од 7.000 македонски Евреи биле однесени во логорот на смртта Треблинка. Повеќе од 80 отсто од нив веднаш биле убиени.

Штип, како и секоја година, и оваа на 10. март се потсети на депортацијата на своите сограѓани Евреи.


Финска планира да депортира 20.000 мигранти


Хелсинки, 28 јануари, 2016 - 19:58 (META) 

Финска планира да депортира речиси 20.000 мигранти од вкупно 32.000 колку што побарале азил во земјата минатата година, соопштила денеска Паиви Нерг, постојан секретар во министерството за внатрешни работи на Финска.

Доколку тоа се оствари, тоа би значело депортирање на 62 отсто од барателите на азил, во споредба со 56 отсто, колку што биле депортирани во 2014 година кога имало само околу 3.600 апликации.

„Бројката од 20.000 лица е таа за која зборуваме во моментов, но бројот на баратели на азил кои доброволно ќе одлучат да се вратат, би можел да ја промени оваа ситуација“, изјавила Нерг.

Таа додала дека министерството планира да формира посебни транзитни центри за тие што ќе бидат депортирани и за тие што сакаат да ја напуштат земјата доброволно. Според Нерг, околу 4.000 баратели на азил во Финска веќе ги повлекле апликациите.

Најголем дел од лицата што барале азил во Финска биле ирачки државјани.


Грција предлага ЕУ по морски пат да ги депортира мигрантите во Турција


Атина, 13 јануари, 2016 - 16:14 (META) 

Грција планира да побара помош од Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) за да организира морска рута за депортација на мигранти назад во Турција, изјави висок грчки претставник за агенцијата „Асошејтед прес“, кој побарал да остане анонимен.

Владата во Атина ѝ предлага на ЕУ мигрантите што не ги исполнуваат условите за добивање азил во Европа да се транспортираат назад во Турција со чартер-бродови од Лезбос и од другите острви.
Изворот на агенцијата рекол дека Грција сè уште не расправала за морската депортација со другите земји-членки на ЕУ.
Минатата година во Грција пристигнале повеќе од 850.000 мигранти, на кои Грција им е првата станица на патот кон Западна Европа.