fbpx
Таг: депонија

таг: депонија

Најмалку 24 луѓе загинаа при одрон на депонија во Етиопија

Најмалку 24 лица загинаа, а 28 се повредени во одрон на депонија што се случи денеска во предградие на главниот град на Етиопија, Адис Абеба. Градоначалникот на Адис Абеба, Дириба Куме, вели дека најверојатно бројката на жртви ќе се зголеми зашто уште околу 30 лица се водат како исчезнати. При одронот на депонијата, целосно се урнати околу 30 импровизирани живеалишта. Според проценката...

Депонија во центарот на Охрид, помеѓу училиште и детска градинка

Освен што не направи ништо за образованието во Охрид, локалната самоуправа го става на ризик и здравјето на учениците, обвинија од СДСМ. Од охридскиот разгранок на партијата побараа градоначалникот Никола Бакрачески и раководството на основното училиште „Григор Прличев“ итно да ја исчистат депонијата што се создава среде најголемото основно училиште и веднаш до централната детска градинка, во центарот на Охрид. - Покрај депонијата,...

Кривична пријава за чуварот на депонијата кај Буково кој тешко повреди малолетник

СВР Охрид, му поднесе кривична пријава на С.Ѓ. (40), чувар на депонијата на јавното претпријатие „Охридски комуналец“, кај преминот Буково, кој, при сечење буково дрво, тешко повредил малолетно лице на возраст од 11 години од Битола. Го товари за основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност” и ,,тешки дела против општата сигурност”. Малолетникот заедно со неговиот татко, престојувале...

Сечејќи дрво, тешко повредил малолетно лице од Битола

С.Ѓ. (40), чувар на депонијата на ЈП „Охридски комуналец“, кај преминот Буково, при сечење буково дрво, тешко повредил малолетно лице на возраст од 11 години од Битола. СВР од Охрид, во соработка со јавен обвинител, ги презеде сите неопходни мерки во врска со казнивото дело предизвикување општа опасност, при што полициски екипи на секторот извршиле увид на депонијата Буково, а...

И во 2017 година Тетово ќе го мачат истите инфраструктурни и комунални проблеми

Дивата депонија, каде тетовското комунално претпријатие го претовара сметот, и оваа година ќе биде рак-рана на градот. На таа локација се таложат илјадници тони смет, кој повремено се пали. - Ние повеќе не веруваме дека проблемот со депонијата конечно оваа година ќе се реши. Секоја година локалните власти само ветуваат, а ние секоја година се задушуваме во чад и во...

Арифи даде отчет за сработеното, но ги заборави најгорливите проблеми во градот

Успешна година со многу реализирани проекти. Вака градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на прес-конференција ја оцени 2016 година. Според неа, општинската власт решила голем број проблеми во градот, вклучувајќи реконструкција на училишта, асфалтирање на улици, нови контејнери, засадување на дрвја. Таа се пофали дека за време на нејзиниот мандат е изградена последната траса од цевководот на новиот тетовски водовод. -...

#Одговорност е да нема диви депонии

На дел од незаградената површина која порано беше база на „Комунална хигиена – Скопје“ во населбата Дуќанџик, веднаш до улицата на која има многу куќи, и по акциите од кампањата „Македонија без отпад 2016“ има дива депонија, на која е натрупан шут, разни крупни предмети, но и ситен отпад од домаќинства и од работилници. Така некој „го решил“ својот...

Дивата депонија ги труе тетовци

Проблемот со дивата депонија во Тетово се усложнува наместо да се реши. Еколошкиот срам, како што ја нарекуваат тетовци депонијата лоцирана на влезот од градот, се шири кон железничката пруга. Граѓаните што живеат во непосредна близина, велат дека ситуацијата е алармантна. „Често се разболуваме од штетните материи што оваа депонија ги испушта во воздухот. Тука местото е фреквентно, а поминуваат и деца...

Во Тетово се создаде дива депонија со органски отпад која никој не ја чисти

Месо, коски, рогови и други остатоци од разни животни скапуваат кај стариот градски стадион во Тетово на локацијата каде за време на празникот Курбан Бајрам, се продаваа и колеа животни. Од ова место кое е на само неколку метри од приватни домови, а на стотина метри од центарот на градот се шири непријатна миризба. - Ова е неподносливо, смрди па и...

Тетовскиот отпад повторно се носи во Русино

Блокадата за тетовскиот смет кон депонијата Русино е отстранета. Од саботата навечер камионите на Јавното комунално претпријатие „Тетово“ го носат сметот во Русино бидејќи жителите на гостиварските села постигнаа договор со Центарот за Полошки плански регион за исполнување на минимум услови за носење и за депонирање на смет во депонијата во Русино. - Договорот за носење и за депонирање смет кој...

Патот кон депонијата Русино повторно е блокиран

Повторно е воведена блокадата кон Русино за камионите на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово. Жителите од гостиварсктие села не дозволуваат да се носи тетовскиот смет до Русино, поради како што велат, непочитувањето на точките од договорот кој е склучен меѓу нив и ЈКП Тетово. - Се договоривме да се носи сметот во 1 часот по полноќ, но оваа точка од...

Тетовскиот смет од утре ќе се транспортира во Русино

Блокадата кон регионалната депонија Русино, која изминативе четири месеци важеше за камионите од комуналните претпријатија од полошкиот регион е остранета. На вчерашната средба одржана во Гостивар, Центарот за полошки плански регион ги прифати барањата на жителите од гостиварските села, кои не дозволуваа да се носи сметот до Русино. - Ги прифативме барањата на жителите од гостиварските села и тие се...

Претоварната станица во Тетово претворена во планина од отпад

Поради блокадата кон Русино која важи за камионите на јавните комунални претпријатија од полошко, но и отежнатото носење на тетовскиот отпад до депонијата „Дрисла“, на претоварната станица за смет во Тетово, секојдневно се трупаат стотици тони отпад. Граѓаните кои живеат во близина на станицата стравуваат од појава на заразни болести. - Па има многу ѓубре на депонијата, многу смрдеа доаѓа оттаму,...

Горат депониите во Источна Македонија

Со денови гори депонијата кај Кочани, на патот за Пониква, а чадот веќе стигна до градот, што зборува за големината на огнот. Запалена е целата депонија каде се носи отпадот од Кочани и околината. Не помага ниту земјата која врз огнот ја истураат неколкуте вработени на јавното претпријатие „Водовод“. Недостасува механизација и доволни колични земја за да се потрупа запалениот отпад. Од...

Гостиварци го блокираа транспортот на тетовскиот смет до депонијата Русино

Втор ден камионите на тетовското комунално претпријатие се блокирани на влезот од Гостивар. Жители од неколку гостиварски села на чело со гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, не им дозволуваат на камионите да го продолжат патот до депонијата Русино, каде тетовските комуналци вчера тргнаа да го депонираат отпадот. Од Јавното комунално претпријатие Тетово, изјавија дека сметот редовно се носи во...

Протест пред Општина Тетово поради нерешениот проблем со дивата депонија

Тетовци попладнево со блокирање на улицата пред општинската зграда и со истурање смет пред влезот на локалната самоуправа, го искажаа незадоволството од игнорантскиот однос на локалната самоуправа кон решавањето на проблемот со дивата депонија. Велат дека општинските власти немаат волја да ја исчистат депонијата, која секојдневно ги труе тетовци. - Последниве неколку недели, на дивата депонија која тетовското комунално претпријатие...

Чести пожари на тетовската дива депонија

Територијалната противпожарна единица Тетово деновиве постојано интервенира во гасење пожари, кои често се појавуваат на дивата депонија што се наоѓа на влезот од градот. Пред два дена интервенирале пет пати во гасење пожар кај депонијата. - Наша работа е да интервенираме во гасењето на пожарот, но има некој несовесен кој ја пали депонијата. Не можам да сфатам каква корист има од тоа...

Илјадници тони отпад наталожени во тетовската претоварна станица за смет

На претоварната станица за комунален смет на Јавното комунално претпријатие Тетово, деновиве се наталожени илјадници тони отпад. Здравствените експерти предупредуваат дека ваквата состојба е загрижувачка, со оглед дека отпадот се депонира на локација која се наоѓа на влезот од градот, загадувајќи ги воздухот и подземните води. - Таму се создаваат канцерогени материи од прв ред, од типот на диоксините и фураните. Исто...

Жителите од Гостивар и околината го блокираа транспортот на смет

Жителите од Гостивар и околните села со блокада на локалниот пат кој води до регионалната депонија „Русино“, го изразија револтот од како што рекоа, неодговорниот однос на полошките општини, кои го носат сметот на оваа локација. Според учесниците на протестот, депонијата работи без никакви стандарди, а патната делница која води до „Русино“ е целосно уништена од камионите на комуналните претпријатија,...

ЈКП Тетово за наредната година најавува решавање на проблемот со дивата депонија

Јавното комунално претпријатие Тетово за наредната година најави изградба на затворен објект, каде ќе се носи комуналниот отпад, кој ќе се селектира и ќе се рециклира, пред да се транспортира во регионалната депонија Русино. - На седница на Советот на општина Тетово, беше донесена одлука да се избере една од трите предвидени локации за изградба на затворен објект, каде ќе...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...