fbpx
Таг: депонија

таг: депонија

Филипче: „Комунална хигиена“ од денеска го расчистува ѓубрето во Клинички центар

Со градоначалникот на Град Скопје, постигнавме договор од денеска ЈП „Комунална хигиена“  да почне да го расчистува ѓубрето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дивата депонија кај Ургентен центар, а направивме и договор и во следниот месец тековно да се расчистува ѓубрето, сè додека не се избере на тендер фирма што ќе го врши чистењето, рече министерот...

Секој жител на Македонија лани создал по 379 килограми отпад

Лани во Македонија е собран комунален отпад од 635.875 тони, а количеството на вкупно создаден комунален отпад изнесува 786.881 тони, објави Државниот завод за статистика. Годишното количество, пак, на создаден комунален отпад по жител во 2017 година изнесува 379 килограми, што е за 1,3 отсто помалку од истото количество во 2016 година. Споредено со 2016 година, вкупното количество на собран...

Градоначалничките кандидати за Струга за проблемите со водата и во сообраќајот

Лавдрим Елмази од Беса, Васил Ашталкоски од СДСМ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците на вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и „Вистиномер“, порачаа дека имаат решенија за најгорливите проблеми на Струга. Понудија неколку решенија за кои ветуваат дека ќе ги реализираат ако граѓаните им ја дадат довербата и освојат...

Градоначалничките кандидати за Тетово ветуваат решавање на сите проблеми

Ветувајќи целосна транспарентност и посветеност на доброто на граѓаните, кандидадите Албанци за градоначалници на општина Тетово во вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, порачаа дека ако го освојат мандатот, конечно ќе прекине легализирањето дивоградби, урбаниот и сообраќајниот хаос и дека ќе го надминат проблемот со водоснабдувањето. Теута Арифи, досегашен...

Тетовци истурија отпад пред Општината и побараа оставка од Арифи

Протестот на тетовци за чист воздух помина мирно, а граѓаните побaраа оставка од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Тие истурија отпад пред зградата на Општината и извикуваа „Сакаме да дишеме“ и „Еве ви го отпадот“. Граѓаните најпрво се собраа на плоштадот, а од таму се упатија кон зградата на Општината. Тие денеска се жалеа на неподнослива миризба која се чувствуваше во...

Тетовци денеска ќе протестираат за чист воздух, се жалат на неподнослива миризба

Граѓаните на Тетово денеска во 13 часот ќе се соберат на плоштад за да протестираат за чист воздух, бидејќи по горењето на депонијата, жителите се жалат дека во градот се чувствува неподнослива миризба. Од плоштадот, како што е најавено на фејсбук-настанот „Депонија Тетово“, ќе се упатат кон зградата на Општина Тетово. Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на својот фејсбук-профил објави дека чистењето...

Тетовската депонија гори, ветрот ги отежнува условите за гаснење на пожарот

Дивата депонија во Тетово која се наоѓа на влезот на градот гори, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. Огнот се шири кон силосите за жито на „Жито Полог“, а според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за неколку часа ќе се знае дали екипите на територијалната противпожарна единица ќе успеат да го изгаснат пожарот или ќе биде потребна помош. Во...

Владата побарала поголем ангажман од институциите за справување со пожарите

Владата на Реублика Македонија синоќа на 18. седница расправала за повеќе точки, меѓу кои и ситуацијата со пожарот во Требовље, како и за проблемот со струшката депонија, соопшти владината служба за информирање. Како итна вонредна точка на дневниот ред на седницата, со која претседавал премиерот Зоран Заев, се нашла информацијата за пожарот во Требовље, во општина Македонски Брод, како и...

Владата го усвои дополнетиот ребаланс на буџетот, донесе одлука за струшката депонија

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвоила предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии. Со оваа верзија на ребалансот, дополнета со амандмани од пратениците, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат пари во согласност со потребите на буџетските...

ЛДП: Од ветените 72 милиони евра, во Дрисла не е вложено ниту евро

По неколкуте реакции и обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ до министерот Зоран Шапуриќ за непреземање мерки за струшката депонија, неговата партија, ЛДП, денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не преземала речиси ништо за единствената депонија во Македонија, скопска Дрисла, која, како што вели, исполнува мал дел од стандардите, и не ги реализирала ветувањата за инвестирање во неа. „Во Македонија постојат 54 депонии од кои,...

ВМРО-ДПМНЕ: Гаснењето на депонијата нема да го реши проблемот на Струга

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини СДСМ и неговите коалициски партнери дека го загрозиле здравјето на граѓаните и животната средина, дозволувајќи 10 дена граѓаните на Струга да го дишат штетниот воздух. „Со самото гасење на депонијата нема да се реши овој проблем, бидејќи постои опасност повторно да се запали, а истовремено има ризик да ја контаминира земјата и подземните води кои се...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни зошто одби предлог за решавање на проблемот во Струга

Наместо да покажува лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто уште во 2013 година гласаше против предлогот на пратениците на СДСМ за трајно решавање на проблемот со струшката депонија, порача СДСМ во одговор на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое партијата на власт беше обвинета за незаинтересираност и за неспособност за решавање на проблемот на стружани. „ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше овој,...

Депонијата во Струга изгасната

Пожарот во депонијата во Струга попладнево е конечно изгаснат. Екипите на теренот продолжуваат со работа за затрупување на целата депонија со земја, за да не се случи повторно да се запали некој помал дел. Работниците ноќеска работеле цела ноќ, при што еден работник изгубил свест поради труење од чадот.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата неспособна да помогне на стружани и да ја спаси туристичката сезона

„Владата на СДС и нивните коалициски партнери ја покажуваат сета своја неспособност и незаинтересираност за проблемите на граѓаните во Струга. Девет дена гори депонија која го загадува воздухот, го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина и ја претвора Струга од бисер на Охридското Езеро во депонија“, обвини ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение. Партијата вели дека со неправилното постапување, се загрозува...

Почна гаснењето на пожарот во депонијата кај Струга

Откако граѓаните протестираа и се заканија со граѓанска непослушност, попладнево почна гаснење на пожарот во депонијата кај Струга, во акција на локалните власти во соработка со државни институции. В.д. градоначалникот на Струга е оптимист дека санацијата на депонијата може да заврши до крајот на овој месец. Побарано е и Дирекцијата за заштита и спасување да се вклучи со авиони, доколку има...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги слуша барањата на стружани за итно затворање на депонијата

СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга, jа загрозуваат летната туристичка сезона, a револтот од граѓаните кон владата на СДС се зголемува, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Додека министрите од владата на СДС секој ден се среќаваат со разни амбасадори, стружани се задушуваат од густиот чад кој доаѓа од депонијата што секој ден гори. Владата на СДС е...

Илиоски: Да се одржи итна собраниска седница за состојбата со депонијата во Струга

Бараме по итна постапка да се одржи седница на која ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од депонијата што со денови ги труе стружани, вели Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. - Загадувањето од депонијата во Струга е проблем со кој се соочени и Македонците, и Албанците, и Турците и Власите и сите други граѓани што живеат во овој...

АХВ на Ќафасан запленила 1.300 килограми небезбедно месо од Бразил

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) запленила 1.300 килограми небезбедно пилешко месо со потекло од Бразил на граничниот премин Ќафасан. Запленетото месо, како што се наведува во соопштението, било уништено на депонијата во Струга. - Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од објект...

Илјадници тони отпад се истураат и се депонираат на нова локација во Тетово

Големи количества отпад деновиве се истурени над надвозникот на влезот од Тетово. Оваа локација сега Јавното комунално претпријатие Тетово ја користи за претовар на сметот, откако жители од тетовската населба Деребој блокираа дел од дивата депонија и кажаа дека нема да дозволат на оваа локација да се претовара и да се истура ѓубре. Сега планините од отпад се поблиску...

Депонијата во Адис Абеба усмрти 48 лица

Најмалку 48 загинати и десетина исчезнати е последниот биланс од свлечиштето на депонијата во близина на Адис Абеба, главниот град на Етиопија. Причината за големото свлечиште и поместување на ѓубрето во депонијата, која постои повеќе од 50 години, доправа ќе се утврдува. Локалното население вели дека причина за несреќата е реактивирање на дел од депонија, која била надвор од функција неколку години. - Им...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...