fbpx
Таг: депонија

таг: депонија

До крајот на февруари ќе се знае кој ќе го чисти линданот во ОХИС

До крајот на февруари треба да се знае која од пријавените компании на меѓународниот тендер распишан од Агенцијата за индустриски развој на Обединетите Нации УНИДО, ќе го чисти отровниот линдан од малата депонија во ОХИС. „Во тек е прелиминарна евалуација на документацијата од пристигнатите апликации на пријавените фирми, по што ќе следуваат останатите фази од спроведувањето на тендерот“, вели Александар...

Аднан Ќахил одамна предупреди дека дел од отровните супстанци во ОХИС може да протечат

Екс-министерот без ресор во владата на премиерот Заев, Аднан Ќахил, кој беше член на работната група за справување со проблемот со линданот, а воедно и поранешен главен инженер во ОХИС, уште на почетокот на годинава во интервју за „Мета“ предупреди дека во фабриката има многу отровни супстанции, кои можеби се добро складирани но тоа не значи дека не треба...

Хемискиот инцидент во ОХИС под контрола, уверуваат надлежните

Денешниот инцидент со опасната хемикалија метил акрилат мономер помешана со вода, во некогашниот хемиски гигант Охис во близина на Скопје, е саниран, тврдат надлежните од Министерството за животна средина и просторно планирање и Еко-центар 97, фирмата која работела на отстранувањето на хемикалијата депонирана во кругот на фабриката. „Поради дефект на вентилот протекла вода од перење на резервоарот, со мал...

Рокот за тендерот за отстранување на линданот од ОХИС е продолжен до 16 декември

На барање на понудувачите, меѓународниот тендер објавен на 15 минатиот месец за избор на технологија за отстранување на HCH отпад (линдан и неговите изомери) од кругот на фабриката ОХИС во Скопје, кој требаше да биде затворен на 11 овој месец, е продолжен до 16 декември годинава. „На барање на потенцијалните понудувачи, Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО) го продолжи...

За целосно да се исчисти депонијата во Шутка потребни се многу пари, вели Заев

Иако дивата депонија во Шуто Оризари почна да се чисти, работата заостанува, бидејќи паралелно со чистењето, се врши повторно полнење на депонијата. Продолжува и палењето на ѓубрето. Премиерот Зоран Заев вели дека за целосно чистење потребни се повеќе средства од тие што биле предвидени, пишува „Порталб.мк“. Постапките за чистење на дивите депонии треба да се предводат од општините на чии...

Институциите се алармирани неколку пати, но депонијата во Шутка сѐ уште труе

Иако одговорните институции биле алармирани неколку пати, депонијата во Шутка за која „Порталб.мк“ известува редовно, повторно е запалена. Имајќи предвид дека депонијата се наоѓа помеѓу територијата на Визбегово и Шутка, како резултат на високата местоположба, реата која се ширеше од палењето, била почувствувана не само во Шутка и Визбегово, туку и во Бутел и Чаир. Преку видео-запис испратен до редакцијата,...

Општините од Североистокот и Истокот ќе формираат заедничко претпријатие за управување со отпад

Осуманесет општини од Североисточниот и Источниот плански регион деновиве се договорија заедничкото меѓуопштинско претпријатие за управување со отпад, како прво од овој вид во државата, да се формира во Свети Николе. Основачкиот влог е три милиони денари, при што секоја од општините учествува пропорционално на бројот на жители. Со тоа почнуваат да се придвижуваат активностите со регионалната депонија за овие...

Објавен тендерот за чистење на токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС

Меѓународен тендер за избор на технологија за отстранување на линданот и неговите изомери од кругот на фабриката ОХИС во Скопје е објавен вчера и се очекува да биде отворен до 11 ноември, информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД). Тендерот е објавен на официјалната веб-страна на УНИДО на следниот линк. Од МЕД наведуваат дека проектната Канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) во...

ЈП „Охридски Комуналец“ ги раскина договорите со фирмата на Нефи Усеини

Управниот одбор на ЈП „Охридски Комуналец“ на седница која се одржа денеска донесе одлука да бидат раскинати договорите со компанијата НИФИ ИК на Нефи Усеини, советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид. Како причина е наведен судир на интереси. Одлуката уследи по препорака на Државната комисија за спречување корупција и мислењето кое таа го испрати до Општина Охрид дека...

Инспекторка вели дека на дивата депонија кај Шутка не треба да се фрла ниту шут

На депонијата во Шуто Оризари не смее да се одлага ниту ѓубре ниту шут, категорично вели општинската инспекторка Анета Манчевска, отфрлајќи ги тврдењата на градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, пишува „Порталб“. -Не, не е вистина дека смее да се остава таму. Донесовме заклучок да не се фрла ѓубре ниту шут. Местото треба целосно да се исчисти - вели Манчевска. Нејзината...

Ќе стане ли дното на Охридското езеро нова депонија?

Неодамна нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ од водите на Охридското Езеро извадија када, што впрочем беше само дел од пообемното количество градежен шут кој несовесни граѓани го фрлиле во водите на езерото. Откако ја извадија од езерото, кадата се уште стои на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чека да биде подигната. Викендов членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали...

Заев го знаел случајот со депонијата во Шутка и дека палењето предизвикува дополнителна еколошка штета

Прашан од „Порталб.мк“, премиерот Зоран Заев, посочи дека е запознаен со случајот на честите палења на депонијата Шутка и, иако не даде ветување, рече дека верува оти Град Скопје, Општина Бутел и Чаир, ќе најдат решение. Заев исто така изјави дека палењето на депонијата предизвикува дополнителна штета. „Депонијата дефинитивно е обврска на индустриската зона во Визбегово. Зошто? Бидејќи на некој му...

Депонијата кај ромската населба во Тетово „расте“, од општината велат дека ја чистат

Сè уште не е расчистена дивата депонија кај ромската населба во Тетово, која со година е ѓубриште. Од Општина Тетово велат дека депонијата ја чистат, но дека повторно се загадува од Ромите кои работат со отпад, пренесува „Порталб“. Жителите од оваа населба се жалат бидејќи од депонијата се шири многу лоша миризба и постои ризик од ширење на некоја болест....

Конзорциум предводен од „Шолц“ е нов концесионер на депонијата „Дрисла“

Советот на Град Скопје на денешното продолжение на 30. седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран конзорциумот предводен од „Шолц“ („SCHOLZ AG“) од Германија, составен од „Шолц“ Германија, „ЦИОС“ (C.I.O.S.d.o.o) од Хрватска и „Сплендор МАК ДООЕЛ“ од Македонија. „Оваа одлука следува по судска пресуда на Вишиот управен суд. Со ваквата одлука се овозможува да...

Жителите на Визбегово бараат помош од Заев за чадот од дивата депонија

Дивата депонија меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово и понатаму гори, испуштајќи опасен чад кој сериозно го загрозува здравјето на граѓаните, поради што жители на Визбегово му пишаа и на премиерот Зоран Заев барајќи спас од ситуацијата на која што се изложени повеќе од четири месеци не само тие, туку и жителите на Чаир и Карпош, пишува „Порталб“. Граѓаните информираат...

Токсичниот линдан во Пеленица доби жичана ограда, но без никакви ознаки, забрани или предупредувања

Оградена е депонијата на линдан лоцирана во месноста Пеленица блиску до скопската населба Драчево. По потврдата од Министерството за животна средина нашата екипа беше на локацијата и таму навистина затекнавме ограда, но од обична жица, со жичана врата и катанец, без никакви ознаки за што станува збор или предупредувања и забрани. По повеќе од три децении, на просторот каде што...

Градски парк 2 ќе се гради на местото на расчистената дива депонија во Карпош

Екипи на Градот Скопје и на Општина Карпош денеска почнаа голема акција за расчистување на децениските депонии зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кејот на реката Вардар. Во активностите е вклучена механизацијата и работниците на ЈП „Водовод и канализација“, а расчистувањето на просторот се очекува да трае околу 10 денови. - Оваа дива депонија претставува повеќедецениски горлив проблем. Почнала да се...

Расте депонијата меѓу НП „Галичица“ и една од водоснабдителните станици

На само неколку десетици метри помеѓу границата на Националниот парк „Галичица“ и една од работните единици на јавното претпријатие кое се грижи за хигиената на градов, „Охридски Комуналец“ расте дива депонија. Грдиот момент е што таа е и во непосредна близина на една од водоснабдителните пумпни станици. Пред неколку години улицата „Јордан Мијалков“, чијашто изградба беше дел од изборните ветувања...

Малата депонија со линдан кај ОХИС ќе се чисти на есен, компанијата ќе ја избираат ОН

За месец дена ќе се финализира тендерската документација, по што ќе биде објавен меѓународен конкурс на организацијата на Обединетите Нации – УНИДО за избор на фирма и технологија за отстранување на депонираниот линдан од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС која содржи околу 10 илјади тони од опасната хемикалија, соопшти денеска Сузана Андонова, раководителка на Канцеларијата за неразградливи...

ИЈЗ за депонијата во Шутка: Итно преместување, дезинфекција и вакцинација

По пријавата од „Порталб.мк“, на 11 март 2019 година, Институтот за јавно здравје спроведе тестирање на штетите во дивата депонија помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, во близина на хотелот „Њу Стар“. Откако евидентира некои големи недостатоци, ИЈЗ препорача итно да се спроведе преместување на депонијата, во постојната локација да се изврши дезинфекција и дератизација, и да се спроведе вакцинација...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...