fbpx
Таг: депонија

таг: депонија

ДИЖС ќе го испитува отпадот од акумулатори во Ѓорче Петров, ќе следи кривична пријава и казна

Државниот инспекторат за животна средина ќе испитува каков отпад е фрлен на приватна парцела во селото Орман во близина на реката Лепенец, што беше откриен пред десетина дена. Инспектори од ДИЖС, заедно со колегите од Општината Ѓорче Петров и овластена лабораторија денеска на две места ќе земат примероци од отпадот, на локацијата каде што е создадена депонијата, но и...

Гори дивата депонија кај „Борис Трајковски“ во скопски Карпош [Галерија]

Гори депонијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ во скопски Карпош. Од Противпожарната бригада соопштуваат дека се запалени сува трева и ѓубре од депонија. Пожарот го гаснат три возила со седуммина пожарникари и се очекува набрзо да биде локализиран. Над населбата повеќе од еден час се гледа густиот црн чад. Веќе неколку години во текот на зимата овој простор се трупа со ѓубре,...

Гори депонијата во Штип, ја гаснат две противпожарни возила

Регионалниот центар за управување со кризи извести дека во Штип околу 13.30 часот започнал пожар на депонијата „Трештенска Скала“ во близина на градот. Пожарот е проширен надвор од депонијата и зафатена е ниска вегетација, а во моментот интервенираат шест пожарникари со две противпожарни возила од ТППЕ Штип. Од страна на ТППЕ Штип се повикани и останатите пожарникари да се вклучат во...

Ѓорѓиевски: Два пати годишно ја чистевме депонијата во Расадник, граѓаните повторно ја создаваат

Дивата депонија во Расадник, Кисела Вода, два пати е темелно исчистена во текот на изминатата година и повторно е создадена од несовесни граѓани, па затоа силно апелирам да покажеме колективна свест и грижа за животната средина во која живееме, напиша на својот профил на Фејсбук Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода. Изјавата следува откако на социјалните мрежи беа споделени фотографии...

На загадувањето од ОХИС му нема крај, линдан има и во реката Вардар пред Велес

Линдан има и во водите на реката Вардар пред Велес, покажале истражувањата на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ. Загадувањето на подземните води од малата и големата депонија во кругот на ОХИС, но и од онаа во Пеленица која нема никаква заштита, се очигледни. Професорот Стафилов вели дека влијанијата не се задржуваат само на водите, туку...

Ќе продолжи чистењето на линданот од ОХИС, 250 тони отпад се спакувани и чекаат извоз

По пауза од еден месец, оваа седмица ќе продолжи ископувањето на линдан од малата депонија на ОХИС. Во првиот дел од проектот за чистење на ова историско жариште од некогашната хемиска фабрика, коешто го финансираше УНИДО, исчистени беа над 600 тони отпад, од кои над 470 тони од опасната хемикалија и 126 тони контаминирана земја. Во вториот дел од проектот...

Со средства од буџетот ќе се изработи студија за решавање на проблемот со шестовалентниот хром во Јегуновце

Со буџетскиот ребаланс што вчера помина на владина седница, а Собранието на РСМ треба допрва да го усвои, се издвојуваат финансиски средства за трајно решавање на проблемот со индустриската депонија во Јегуновце, информираат од Министерството за финансии. На оваа локација во моментов се складирани 850.000 тони индустриски отпад од работењето на фабриката „Југохром“, а меѓу отпадните материи се наоѓа...

ДИЖС лани бил во Јегуновце, неправилности со прочистување на шестовалентниот хром не утврдил

Пред една година, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за последен пат бил во инспекциски надзор на пречистителната станица за отпадни води во фабриката „Југохром“ во Јегуновце. На барање на Мета.мк, од ДИЖС добивме информација дека на 24 март 2021 година бил извршен редовен инспекциски надзор, при што не биле утврдени неправилности во работењето при прочистувањето на шестовалентниот хром...

Канцерогениот шестовалентен хром од депонијата во Јегуновце го демне здравјето на граѓаните [фото]

Фабриката „Југохром“ од Јегуновце била отворена во далечната 1955 година, но уште од самиот почеток на нејзиното работење не се посветило доволно внимание на заштитата на животната средина, особено на загадувањето на подземните и површинските води во овој дел од Полошкиот регион. Отпадната хроматна кал и отпадната згура од производството на феролегури од „Југохром“ почнала да се носи во...

И по состанокот на градоначалниците, Свети Николе против изградба на регионалната депонија кај Мечкуевци

Градоначалниците од Источниот плански регион вчера ја одржаа првата седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпадот во Источен плански регион. Овој одбор ќе ја следи работата на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“, коешто до денешен ден не е дооформено. Со овој одбор ќе претседава градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов. Државниот секретар во Министерството за...

Вистиномер: Наместо стандардизирано депонирање на отпад, во полошко со децении се создаваат диви депонии

Во последниот Извештај на Европската комисија, во Поглавјето 27 – делот за управување со отпад, меѓу другото стои дека слабите административни капацитети, ниската примена и ограничената меѓусекторска соработка остануваат главна пречка за напредок во овој сектор. Воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад и понатаму се соочува со одложувања, а нестандардните и дивите депонии претставуваат важен проблем за...

Поради бел прав во почвата доцни чистењето на линданот во ОХИС

Бел прав во почвата е причината за доцнење на чистењето на малата депонија на линдан во ОХИС. Грчката компанија „Полиеко“ веќе ги започна подготвителните работи за поставување на шаторот над малата депонија, под кој треба да започне ископувањето на канцерогениот пестицид. Шаторот е со големина од 3.000 квадратни метри, а во моментов се копаат темелите за поставување на метална...

Како да се живее подобро за животната средина? – Упатства од „Гоу грин“

Животната средина и местата за живеење бараат постојано внимание од секој поединец, бидејќи загадувањето доаѓа од најразлични страни, може секој да го предизвикува, и за тоа треба сите да внимаваме како се однесувам, порачува организацијата „Гоу грин“. Таа акцентот го става на управувањето со отпадот и на законските мерки за тој важен сегмент на заедничкото живеење. Постапувањето со отпадот мора...

Порталб: Многу ветувања, но без вистинско решение за дивата депонија во Струга

Нема решение за дивата депонија во Струга. Со години депонијата, која се наоѓа на неколку километри од градот, е црна точка на градот. На локалните избори во 2017 година, Рамиз Мерко, актуелен градоначалник на Струга, вети дека ќе го реши овој проблем со изградба на регионална депонија за општините од југозападниот регион во земјата. Меѓутоа, реалноста е поинаква, регионалната...

Нови казни од 6.000 и 800 евра за горење на охридската депонија „Буково“

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ доби две нови казни заради горењето отпад на општинската депонија „Буково“. Државните инспектори за животна средина, при контролен инспекциски надзор минатата недела, констатирале дека депонијата сè уште чади и го загадува воздухот и изрекле нови, втори, санкции за правното лице во висина од 6.000 евра и 800 евра за одговорното лице. Од Инспекторатот информираат дека...

Инспекцијата подели казни за загадување на воздухот од депонијата во Росоман

Државниот инспекторат за животна средина подели казни за Јавното комунално претпријатие и одговорното лице во Росоман заради горење на локалната депонија. Инспекторите минатата недела направиле надзор на депонијата, која во овој период од годината многу често се опожарува и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Депонијата горела и во моментот кога инспекторите биле на терен, а надлежните...

Зајакнати инспекциски контроли за спречување пожари на депонијата кај Добрашинци

депонија
Државниот инспекторат за животна средина информира дека, на 7 јули спроведе вонреден инспекциски надзор на депонија, лоцирана во близина на селото Добрашинци што се користи за отстранување на отпадот од Струмица. Депонијата во моментот на надзорот не била опожарена, но граѓаните од околината се жалат дека таа често гори. Од Инспекторатот соопштуваат дека, областа зафатена со депонирање има површина од...

Порталб: Општина Тетово повторно издвои 32 илјади евра за чистење на реките и депонијата во ромското маало

Последниот договор на Општина Тетово од 32 илјади евра за чистење на коритото на реката Пена, не е реализиран во целост на терен, бидејќи депонијата околу реката во ромското маало не е исчистена. Тоа го покажа истражувањето на Порталб.мк пред три месеци. Сега, Општина Тетово потпиша уште еден договор со иста финансиска вредност и овој пат ветува дека ќе...

Општина Кисела вода ќе го расчистува просторот кај депонијата во село Драчево за да направи парк

Започнаа активностите за расчистување на депонијата во село Драчево, со цел просторот напролет да стане зелен парк, соопштија од Општина Кисела Вода. „По целосното расчистување на депонијата, која со години наназад создаваше грда слика и го загадуваше воздухот, на истото место, на површина од над 5.000 м2, Општина Кисела Вода ќе направи зелен парк со многу садници, патеки за прошетки...

Oпштина Тетово плати 32.000 евра за чистење на коритото на реката Пена, а тоа сѐ уште е полно со отпад

На крајот од декември минатата година општина Тетово плати 32 илјади евра за чистење на коритото на реката Пена. Иако од општината рекоа дека чистењето на коритото во делот на Тетово e завршено, камерата на новинарот на Порталб.мк како и жителите на ромската населба, го докажуваат спротивното, пишува Порталб.мк. Од општина Тетово потврдија дека работите за чистењето на делот на...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...