fbpx
Таг: денари

таг: денари

Ангеловска-Бежоска: Kурсот на денарот е стабилен, ширењето на шпекулации е на штета на граѓаните

Девизниот курс со години наназад е стабилен и ќе биде стабилен и во иднина. Гаранција за тоа е високото ниво на девизни резерви, но и многу други инструменти со коишто располага централната банка за коишто нема да се двоуми да ги употреби во одбрана на курсот, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за ТВ 24. Таа...

Благ пораст на цените на становите во екот на кризата од корона вирусот

Зголемување на цените на становите има во второто тримесечје од годинава кога се разгоре кризата од корона вирусот, а забележително е дека цените растат иако понудата на станови ја надминува побарувачката. Според податоците на Народната банка, во вториот квартал на 2020 година, цените на становите во Скопје бележат годишен раст од 1,4 отсто, што претставува мало забавување во споредба со...

Просечната плата се билда со „буџетскиот допинг“

Забревтано расте просечната плата во земјава која според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) во декември, минатата година изнесувала 26.836 денари, што е зголемување за 1.049 денари во однос претходниот месец кога просечната плата била 25.787 денари. Од ДЗС информираат дека пораст на платите во периодот ноември - декември 2019 година имало во секторите: стручни, научни и технички...

Владата очекува граѓаните да станат инспектори за враќање на ДДВ

Владата очекува граѓаните да се однесуваат како инспектори по 1 јули откако ќе стапи на сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Во образложението се вели дека намалувањето на даночната евазија е основната причина за донесување на овој закон. „Со донесувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките...

Пластифицирани пари од 10 и 50 денари ќе се пуштат во употреба, книжните се повлекуваат

Народна банка ќе пушти во оптек книжни пари изработени од полимер (пластифицирани), во апоени од 10 и 50 денари, информираат од таму. „Истовремено беше донесена и одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари кои што се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов. Согласно со оваа...

Се враќа довербата во денарот

За разлика од надолните движења на банкарските активности во првиот квартал од 2017 година, во вториот квартал од годината нивните промени се поповолни, се вели во извештајот за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од 2017 годинa на Народна банка. Во него се додава дека депозитите, иако минимално, се зголемиле на квартална основа. „Порастот на депозитите од нефинансиските субјекти, пред...

НБРМ: Зголемено кредитирање на домаќинствата, а намалено на претпријатијата

Кредитите на домаќинствата имаат месечен пораст од 0,8 проценти, а на годишно ниво 9,8 проценти покажуваат податоците на Народна банка. Притоа најголем дел од зголемувањето на кредитирањето се должи на порастот на денарските пласмани. Од одобрените кредити, потрошувачките имаат месечен пораст од 1,1 процент, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот пораст кај потрошувачките кредити е 12, а на станбените 13,7 проценти. Кредитите на...

Нова кривична пријава за ексдиректорот на Неврохирургија

СВР Скопје соопшти дека до Основното јавно обвинителство-Скопје поднел кривична пријава против А.Ч. (57), поранешен директор на Клиниката за неврохирургија во Kлиничкиoт центар „Мајка Тереза“. Го товари за противправно стекнување и прикривање имот. Според новата пријава, Александар Чапаровски, кој претходно во мај доби кривична пријава за примање поткуп, од 2007 до 2017 година, спротивно на обврската, не ја пријавил својата...

НБРМ: Штедењето во април намалено во однос на март поради неизвесноста

Штедењето во април е намалено во однос на минатиот месец, информира Народна банка. Оттаму велат дека намалување на депозитите има и кај населението и кај претпријатијата. „Во услови на зголемена неизвесност, поумерено е намалувањето кај депозитите на населението“, додаваат од Народна банка. Во однос на кредитната активност, првичните податоци за април покажуваат пораст на кредитите на месечна основа, повеќе на населението отколку на компаниите. „Во...

Граѓаните лани имале разнишана доверба во банките и во денарот

Граѓаните имале разнишна доверба во банките во вториот квартал од 2016 година, што било изразено преку повлекувањето на депозити, преку недоверба за стабилноста на домашната валута, како и преку засилена побарувачка на девизи, се вели во извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Македонија за 2016 година на Народна банка. Како резултат на тоа, банкарските депозити повеќе биле во странски валути отколку во денари, наспроти практиката...

Граѓаните во јуни повеќе штеделе во денари

Забавување на падот на вкупниот депозитен потенцијал и мало зголемување на штедењето на населението е забележано во јуни, информираат од Народна банка. Населението повеќе штедело во денари отколку во странска валута. - Ваквото однесување покажува значително подобрување на перцепциите на субјектите, а делумно може да е реакција на поместувањата во каматната политика на банките. Имено, во јуни за првпат по подолг временски период, се...

Народна банка: Штедењето во денари на долг рок е најисплатливо

Штедењето во денари на долг рок е најисплатливо, затоа што овие депозити нудат највисока каматна стапка, пишува на страницата на „Фејсбук“ на Народна банка. - Така, според последните расположливи податоци со март 2016 година просечната каматна стапка на долгорочните денарски депозити на населението (над 2 години без валутна клаузула) изнесува 3,7 проценти, додека каматната стапка на краткорочните депозити во евра...

Груевски: СДСМ лаже, едиствениот приход ми е од платата

Со сета морална и материјална одговорност тврдам дека единствениот приход кој го имам изминативе години е приходот од платата која што ја добивам. Единствениот начин на кој што заработувам е преку платата која што ја добивав. Не постојат никакви екстра приходи, сомнителни трансакции или приливи какви што сака да измисли СДСМ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено во име...

Шилегов: Груевски со плата од 1.400 евра за една година „заштедил“ 120.000 евра

Аболицираниот Никола Груевски тргал на страна секој месец по 10.000 евра или за една година официјално станал побогат за 118.629 евра, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој ги покажа анкетните листови на Груевски за 2014 и 2015 година, кои доскорешниот директор на Државната комисија за спречување на корупција не сакаше да им ги покаже на новинарите,...

Кичевската полиција запленила повеќе од 50 лажни банкноти, три лица се приведени

Екипа на кичевската полиција вчера попладне извршила претрес на возило, сопственост на фирма од Скопје, и привела три лица кај кои биле пронајдени повеќе од 50 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари, информира МВР. Претресот на возилото и на трите лица во него бил извршен по наредба на Основниот суд Кичево поради постоење основан сомнеж дека се превезуваат фалсификувани пари. Како...

Дома испечатиле лажни денари и се честеле во кафулиња

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Македонски Брод поднела кривична пријава против 20-годишниот М.С. и неговиот врсник А.Ј., кои се товарат за фалсификување пари. Според полициските информации, осомничените на 16 февруари, во домот на М.С. испечатиле 10 лажни банкноти во апоени од 1.000 денари и 58 банкноти од 500 денари. Истиот ден, осомничените со две лажни банкноти ги платиле пијалаците во...

Во Куманово пронајдени фалсификувани евра и денари

Кумановската полиција, по добиени информации, во средата оваа недела, во два одделни случаи пронашла фалсификувани евра и денари, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, во првиот случај, по издадена наредба од Основниот суд Куманово, полициски екипи извршиле претрес во домот на Б.Џ.(29) во селото Опае, Липковско, каде пронашле и одзеле 10 банкноти во апоени од 50...

Охриѓанка пуштила во промент лажни банкноти од 500 денари

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Е.М.(20), осомничена дека сторила четири казнени дела фалсификување пари. Според полицијата, осомничената во периодот од 28 април до 17 мај, оваа година, на подрачјето на Охрид пуштила во промет четири лажни банкноти во апоени од 500 денари, со идентичен сериски број. Таа лажните банкноти ги пуштила во промет во продавница во...

Ограбен стан во скопски Капиштец

Непознат сторител провалил во стан на 41-годишен скопјанец, во населбата Капиштец, од каде украл девизи, денари и златен накит, во вкупна вредност од 470.000 денари, односно околу 7.600 евра. Кражбата, според полициските информации, се случила во периодот меѓу 26 јули и 9 август. Крадецот во станот влегол со употреба на физичка сила и однел 100.000 денари, 700 евра, 200 австралиски...

Од куќа во Мородвис, крадец однел плен вреден повеќе од два милиони денари

Непознат сторител, меѓу средата и четвртокот оваа недела, провалил во куќа во кочанското село Мородвис и украл денари, девизи и француски монети, во вкупна вредност од 2,2 милиони денари или околу 37.000 евра. Според полициските информации, крадецот во куќата, сопственост на Н.С.(74), влегол откако насилно отворил еден од прозорците, а одзел 400.000 денари, 28.000 швајцарски франци, околу 1.000 евра и...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...