fbpx
Таг: ден

таг: ден

Со серија настани се одбележува Меѓународниот ден на младите

Меѓународниот ден на младите, 12 август, денеска ќе биде одбележан со серија на настани. Со две панел дискусии што ќе се одржат во „Јавна соба“, со почеток од 18 часот, Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска ќе го одбележи овој датум. На првата панел дискусија на тема „Младински центри“, ќе говорат директорот на АМС, Дарко Каевски и Драган Атанасов...

Општина Гостивар ќе прогласи тридневна жалост

Советот на Општина Гостивар утре ќе одржи вонредна седница по повод страшната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во која загинаа 13 лица, а околу триесетина други беа повредени. „На утрешната седница, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост во знак на почит кон загинатите. Општина Гостивар, на семејствата на загинатите им изразува сочувство, а на преживеаните што поскоро целосно оздравување....

Во државата се случуваат сериозни повреди на човековите права, сметаат младите правници

„Во државата се случуваат сериозни повреди на основните човекови слободи и права. Дискриминацијата е присутна и евидентна кон припадниците на ромската етничка заедница, ЛГБТИ-заедницата, политичките неистомисленици и жените. Лицата лишени од слобода се соочуваат со нечовечки услови во затворите и во други институции“, се вели во соопштението на Македонското здружение на млади правници по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права...

Градската власт и годинава не го одбележа Денот на ослободување на Тетово 

Чествувањето на празникот 19 ноември, Денот на ослободувањето на Тетово од фашистичкиот окупатор, почна со интонирање на македонската химна пред Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово, каде бројни делегации, преставници на политички партии и повеќе здруженија положија букети цвеќиња. Говор пред пристутните одржа престедателот на Сојузот на борци на Тетово, Стојан Петрушевски. Тој искажа разочарување што на одбележувањето на...

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе треба да се вратат еден час назад. Порано ќе се стемнува, а од денот ќе има еден час помалку.

Големо велосипедско дефиле на скопските улици

Неколку илјади граѓани, велосипедисти, рекреативци и средношколци, денеска учествуваа во големото велосипедско дефиле што на скопските улици се возеше по повод 22 септември, Меѓународниот ден без автомобили и последниот ден од Европската недела на мобилност 2016. Велосипедистите стартуваа кај Порта „Македонија“ и пристигнаа во Градскиот парк, на Школка, каде што се одржа забава со настап на улични музичари. Меѓу учесниците беа и министерот...

Светскиот ден за борба против ракот се одбележува и во Македонија

Во Македонија денеска се одбележува Светскиот ден за борба против ракот, кој годинава се спроведува под слоганот „Ние можеме, јас можам“ и повикува на активно вклучување на поединците, заедницата и на надлежните институции за превенција и за намалување на последиците од појавата на карциномите. Кампањата се фокусира на информирање и на едукација за зголемена свесност за превенција од карцином, обезбедување соодветен...

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври, е неработен

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври 2015 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат Денот на македонската револуционерна борба.

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Понеделник, 12 октомври, е неработен ден, поради тоа што Денот на народното востание, 11 Октомври, се паѓа в недела, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на сите граѓани на Република Македонија им го честитаат Денот на народното востание.

Денеска е светски ден против пушењето

Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите секоја година на 31 мај го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушење, истакнувајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Според податоците од СЗО, во светот пушат 1,1 милијарда луѓе, од...

Се одбележува Светскиот ден на туберкулозата

Со тркалезна маса на која ќе се обратат поголем број експерти, Македонија денеска ќе се вклучи во одбележувањето на 24 март, Светскиот ден на туберкулозата. Настанот, како и минатите години, е организиран од Националниот координативен механизам со поддршка на Министерството за здравство, преку програмите поддржани од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, како и од Институтот за...

Ден на борба против корупцијата

Настан за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата денеска ќе организираат Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Настанот ќе почне во 11 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје. За време на настанот, голем број градоначалници ќе потпишат документи за антикорупциски...

На 13 декември ќе се одработува за „Ден на дрвото“

Тринаесетти декември (сабота) ќе биде работен ден, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Тој ден, се вели во соопштението, ќе се одработи неработниот ден што Владата на Република Македонија го прогласи на 3 декември (среда) поради одржувањето на акцијата „Ден на дрвото“.

Денеска, по 14. пат, Ден на дрвото

Денеска во рамките на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, што ќе се одржи под  мотото  „Стоп за катастрофите“, ќе бидат засадане повеќе од 5 милиони дрвца на површина од 1.107 хектари низ цела Македонија. „Македонски шуми“ ќе отстапи 24.000 повеќегодишни садници за пошумување во урбани средини, а на урбаните општини ќе им бидат дадени 83.000 декоративни садници...

СДСМ: Меѓуетничката толеранција, солидарноста и меѓусебното почитување се придонес за перспективна Македонија

По повод 28 ноември, Денот на албанското знаме, СДСМ укажува дека одбележувањето на ваквите настани треба да бидат во насока на градење мостови на толеранција и на доверба помеѓу етничките заедници во Република Македонија. Меѓуетничката толеранција, солидарноста и меѓусебното почитување се придонес за перспективна Република Македонија, држава на сите нејзини граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

Следната среда неработна поради Ден на дрвото

Следната среда, 3 декември, е неработен ден затоа што Владата на Република Македонија донесе одлука да се одржи Ден на дрвото, така што низ цела Македонија ќе бидат организирани акции за пошумување. Денот ќе се одработи во сабота на 13 декември.

Денеска е Светски ден на детето

Денот на детето се слави секој 20 ноември , а Светската организација за подобро детство ги потсетува државите, невладините организации и институциите дека сè уште постојат деца кои живеат во лоши услови кои имаат влијание врз нивниот раст и развој во животот. Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите...

Велес го прослави патронатот со отворање кружен тек

Деветти Ноември, денот на Општина Велес, беше одбележан со празнична програма која почна на самиот влез во Велес, од најстариот пат познат меѓу велешани како Штипско џаде. Денеска на оваа регионална сообраќајница во употреба беше пуштен новиот кружен тек со значително проширување на просторот и со зголемување на безбедноста. На настанот присуствуваа и пратениците во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски и...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...