fbpx
Таг: Ден на републиката

таг: Ден на републиката

Стотици документи и фотографии дел од патувачката изложба „120 години од Илинденското востание“

Огромен број посетители ја посетиле изложбата „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“ која на 1 август беше отворена пред Македониумот во Крушево во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, соопштија од Државниот архив. Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20 изложбени паноа. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот...

Илинден одбележан и во манастирот „Св. Прохор Пчински“ од Пендаровски и Вучиќ

Денот на републиката - 2 Август денеска беше одбележан и во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Македонскиот претседател Стево Пендаровски и неговиот српски колега Александар Вучиќ го разгледаа манастирскиот комплекс и одржаа билатерална средба, информираат од претседателскиот кабинет. Претседателот Пендаровски и...

Џафери: Европската идеја од пред 120 години е на дофат, време е за разум и одговорност

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето денешно обраќање од Мечкин Камен во Крушево по повод одбележувањето на Денот на републиката - 2 Август порача дека европската идеја од пред 120 години од Крушевскиот манифест за слобода, обединување и просперитет веќе е на дофат. Граѓаните и политичките фактори во земјава се пред уште една голема и одлучувачка одлука за...

И партиите го одбележаа Илинден, за Мицкоски денешната борба е за достоинство

Политичките партии денеска го одбележаа Денот на Републиката - 2 Август, при што нејзините претставници не пропуштија да испратат и дневнополитички пораки до граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Мечкин Камен во Крушево на граѓаните им го честиташе државниот празник Илинден, велејќи дека тој претставува темел на нашиот идентитет и борба за државност. „И денеска македонскиот народ, граѓаните во...

Пендаровски: Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска

Денес, на Илинден, сеќавајќи се на трите македонски републики – Крушевската од 1903-та, АСНОМ-ската од 1944 и независната од 1991 година, треба да бидеме свесни дека само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ...

Ковачевски: Одлуките на илинденците и асномците нè обврзуваат да изградиме европска држава

Денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и асномците, кои знаеле дека вреди секој чекор направен напред за македонска државност и затоа нивните одлуки нè обврзуваат да одиме напред, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната манифестација што се одржа на Скопското Кале, по повод одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката. Ковачевски...

Државниот врв со честитка по повод празникот 2 Август: Илинден живее во сите нас

Македонскиот државен врв денеска упати честитки по повод одбележувањето на државниот празник 2 Август - Денот на Републиката. Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатија честитки до граѓаните. Во честитката на претседателот Стево Пендаровски се вели дека на нашиот најсветол празник Илинден се потсетуваме на генерациите кои се изборија за двете наши републики...

Илинден – Денот на Републиката се одбележа со церемонии во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево

Почнувајќи од Скопје, преку Пелинце и Смилево, до Крушево - центарот на Илинденското востание, денеска во земјава се одбележуваа двата јубилеја - 118 години од Крушевската република (1903 година ) и 77 години од Првото заседание на АСНОМ (1944 година) - како двата клучни настани за воспоставувањето на македонската државност.   Џафери говореше пред Собранието Програмата во Скопје, во организација на Собранието...

Среда, 2 Август, е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 2 Август (среда), Денот на Републиката, е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Републиката.

Ердоган на прославата по повод денот на републиката најави враќање на смртната казна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека владата ќе побара од парламентот на Турција да го разгледа повторното воведување на смртната казна во земјата, со која би биле санкционирани организаторите на неуспешниот обид за воен удар во јули годинава. – Нашата влада до парламентот ќе достави предлог за воведување на смртната казна. Уверен сум дека парламентот ќе го одбори, а...

Југоносталгично дефиле во Кочани по повод некогашниот празник

Со знамиња со познатата црвена петокрака на југословенската федерација, низ Кочани помина колона автомобили, како дел од одбележувањето на 29 ноември, некогашниот ден на републиката. Кочани останува верен на југословенството, иако федерацијата одамна се распадна. На 72. роденден на СФР Југославија, припадниците на здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ се собраа пред седиштето на организацијата, каде ја интонираа југословенската химна...

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...