fbpx
Таг: Демократски сојуз

таг: Демократски сојуз

Заменик-министерот Зоран Димитровски поднесе оставка, премиерот уверува на стабилно мнозинство

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска си поднесе оставката на функцијата, откако вчера Демократскиот сојуз на седницата на Централниот совет донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на владата најавена од премиерот Димитар Ковачевски. Оваа политичка партија беше членка на владината коалиција предводена од СДСМ и во парламентот има еден пратеник. Ваквата одлука доаѓа откако претходно и партијата Алтернатива...

Попладнево собраниска седница за владина реконструкција, Алтернатива оди во опозиција

Македонското Собрание попладнево од 15 часот ќе ја одржи седницата за разрешување на досегашни министри и заменици од актуелниот владин состав. На 104-тата седница е предвидено да се разрешат министерот за здравство Беким Сали, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи. Се очекува на собраниската седница премиерот Димитар Ковачевски да...

Внесувањето на етничката припадност во личните карти блокирано во Собранието, партиите тактизираат

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со мислење дека не гледаат проблем етничката припадност на граѓаните во иднина да биде впишана во личните карти. Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа проблем во личните карти да стои и етничката определба. Мицкоски додаде дека навистина не гледа што е тука спорно, ако во графата националност, стои неговата етничка припадност дека е...

Павле Трајанов предлага со дронови да се откриваат загадувачите на воздухот

Демократскиот сојуз предлага со дронови да се детектираат загадувачите на воздух во Скопје и во другите градови со голема концентрација на штетни честички во воздухот, како Тетово, Куманово и Битола. Од партијата на Павле Трајанов велат дека малиот број на "еколошки инспектори" не можат да се справат со загадувачите на воздух, посебно тие што користат искористено моторно масло или масло...

Трајанов назначен за национален координатор за намалување на ризици од несреќи

Владата денеска го именуваше лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за национален координатор за намалување на ризици од катастрофи. „На денешната седница за национален координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, владата го именува Павле Трајанов“, соопштија од Владата. Демократскиот сојуз на последните локални избори, одражни на 15 октомври годинава, настапи во коалиција со...

Демократскиот сојуз бара забрзување на реформите во правосудството

Реформите во правосудниот систем треба да се забрзаат како битен предуслов за воспоставување на нов систем на вредности и владеење на правото, порача денеска Демократскиот сојуз. Од партијата предлагаат редефинирање на улогата на Републичкиот судски совет за да се зголеми неговата самостојност, но и да се конкретизира одговорноста на Советот во целина и на членовите доколку вршат влијание и директно...

ДС: ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна и силна опозиција

Демократскиот сојуз денеска го оцени вториот круг од локалните избори како фер  и демократски. „Граѓаните без притисоци, закани и клиентелизам, слободно се изјаснуваа за кандидатите за градоначалници и за советници. Граѓаните ги поддржаа промените, реформите и евроатланските процеси, клучни за иднината и за перспективите на Република Македонија. Изборите и победата на коалицијата предводена од СДСМ се чисти како солза. Затоа повикуваме...

ДС: Граѓанската определба за НАТО и за ЕУ ќе биде валидизирана и на локалните избори

Демократскиот сојуз денеска повтори дека спроведувањето реформи и промени е важен услов за деблокада на евроатланските процеси. „На 15 октомври ќе се гласа и за локалната власт, но и за тоа во кој правец ќе се движи Македонија. Демократскиот сојуз смета дека национален, државен и стратешки интерес е Македонија што побргу да добие покана за полноправно членство во НАТО и...

Трајанов: Македонија треба да се воздржи од реципрочни мерки кон Србија

Повлекувањето на персоналот од амбасадата на Србија во Македонија е сценарио за дестабилизација на Балканот од пошироки размери, каде се испреплетуваат геостратешките интереси на повеќе центри на моќ, сметаат од Демократскиот сојуз. Од партијата на поранешниот пратеник и министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, велат дека со овој непромислен, избрзан и неавтентичен акт на Србија, главната цел е да се...

ДС: Без демократизација на партиите нема демократизација на државата

Покрај системските промени во правосудството, медиумите и во тајните служби, неопходни се реформи и во поставеноста и во дејствувањето на политичките партии, стои во соопштението на Демократскиот сојуз и се додава дека без демократизација на партиите, нема демократизација на државата. „Гломазните партии и црпењето кадри од членовите (лепачи на плакати и сл.) на партијата на власт во изминатите 11 години...

ДС: Нема услови за локални избори – да се одржат следната година

Демократскиот сојуз повика локалните избори да се одржат следната година бидејќи, како што оценуваат од партијата, нема услови тие да се одржат во октомври. „Изборот на владата беше блокиран од ВМРО-ДПМНЕ преку бесцелните дискусии во Собранието и спречување на неговото конституирање, како и од недавањето мандат за составување влада на партиите што имаа мнозинство во парламентот. Поради потребата од сериозни реформи во изборната регулатива,...

ДС бара ДУИ, Беса и АА да водат сметка за пошироките државни интереси

Демократскиот сојуз смета дека парламентарните партии ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, не само декларативно туку и практично мораат да придонесат кон формирање на влада со силен демократски и реформски капацитет, како и тоа да водат сметка за пошироките државни интереси. „Инсистирањето (уцените) на што е можно поголем број на министерски места во Владата и во извршната власт во целина,...

ДС: Упадот во Собранието е подготвено сценарио со учество на раководители од МВР

Демократскиот сојуз бара политичка и правна одговорност за инспираторите, организаторите и за директните учесници во вчерашните насилства во Собранието, во кои беа нападнати пратеници и новинари. Од партијата на поранешниот пратеник Павле Трајанов велат дека насилниот упад е однапред подготвено сценарио со директно учество на високи раководители од Минитерството за внатрешни работи. „Демократскиот сојуз инсистира на кадровски промени во МВР и...

ДС: ВМРО-ДПМНЕ врши државен удар во Собранието

Пучистите мирно да се повлечат и да овозможат мирен и демократски трансфер на власта, порача денеска Демократскиот сојуз и додаде дека само одговорноста и разумот се гаранција дека Македонија ќе опстои како суверена, самостојна и унитарна држава и ќе почне да се стабилизира. Демократскиот сојуз смета дека во Македонија е извршен државен удар, кој и понатаму трае и сè друго...

ДС бара широк демократски фронт за мирен трансфер на власта

Демократскиот сојуз денеска соопшти оти смета дека треба да профункционира широк народен демократски фронт, кој ќе овозможи мирен трансфер на власта и ќе се „справи со новопечените богаташи, нарко-босови и олигарси, кои ја срушија државата и надежта на младите генерации“. Од партијата на поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Павле Трајанов, велат дека високиот степен на криминализација ги разори...

ДС: Туск дојде во земјата на апсурдите

Претседателот на Европскиот Совет, господинот Доналд Туск, пристигна во Македонија, земја на апсурдите, каде владејачката партија и по парламентарните избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година, со 51 пратеник и натаму владее и организира блокада на Собранието, како и протести, со единствена цел, да спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта, оцени денеска Демократскиот сојуз. ДС оценува...

ДС предлага деблокирање на Собранието во три седници

Демократскиот сојуз (ДС) предлага да се одржат три седници на Собранието на Република Македонија, со кои ќе се деблокира работата на законодавниот дом и ќе се изберат нов спикер и нова влада. Според предлогот на партијата на поранешниот пратеник Павле Трајанов, прво 20 пратеници треба да поднесат барање за одржување вонредна седница на Собранието со единствена точка на дневниот ред - избор...

ДС: Мнозинството одлучува за составот на собраниските комисии кога нема консензус

Во Собранието на Република Македонија составот на работните тела е одраз на бројот на пратеници, при што парламентарното мнозинство ги носи одлуките, честопати без поддршка од опозициските партии, велат од Демократскиот сојуз. „При изборот на составот на комисиите, доколку не може да се постигне консензус, тогаш партиите што имаат мнозинство одлучуваат. Во спротивно, доколку опозицијата инсистира на мнозинство во комисиите...

ДС предлага на референдум да се одлучува за прашања од национален интерес

Демократскиот сојуз (ДС) смета дека во интерес на внатрешната стабилност и мир е неопходно да се формира реформска влада од партиите што имаат парламентарно мнозинство, велат од партијата. Според ДС, четирите елементи што ја карактеризираат државата (народ, јазик, теториторија и суверено владеење со територијата), со ништо не се загрозени однатре, ниту, пак, постои надворешна закана по нив, а за промена на...

ДС бара да се свика Собранието, трансфер на власта и оставка од Иванов

Демократскиот сојуз денеска оцени дека Македонија се вовлекува во најтешка криза од нејзиното осамостојување, со можни последици за нејзината стабилност и за нормалното одвивање на животот на граѓаните. - Откако Никола Груевски не успеа да формира влада, почна манипулативна кампања преку емоциите на граѓаните, тврдејќи дека се загрозени унитарноста, името на државата и идентитетот на Македонскиот народ, дека Македонија ќе...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...