fbpx
Таг: демократија

таг: демократија

Серија отворени предавања за студенти за демократија, вештачка интелигенција и критичка дискусија

Младинскиот образовен форум (МОФ) месецов организира серија отворени предавања за студенти во рамки на програмата за Академска дебата. Првото предавање се одржа во средата, а беше на тема „Што ни носи иднината на демократијата? Дилеми и предизвици - Воведување на задолжително гласање и стекнување на избирачко право со 16 години“, на кое предавач беше доцент д-р Марко Кртолица. Второто предавање на...

Во САД не владее диктатура и режим

САД не се режим и диктатура, како што се тврди во постот, а тоа е евидентно и од Уставот и од севкупното уредување на Соединетите Американски Држави. Демократијата како форма на организација и политичко водство ја зема предвид волјата на граѓаните, нивните интереси и аспирации. Сите елементи на демократијата, вклучително и почитувањето на човековите права се централна компонента на американската надворешна и внатрешна...

Македонската демократија меѓу „хибриден режим“ и „нецелосна демократија“

Едно место напредок, на 72 место од 167 земји, но сепак на дното од списокот земји со „нецелосна демократија“. Вака е рангирана Северна Македонија во најновиот „Индекс на демократијата“ за 2022 година, што секоја година го објавува британската компанија за деловни истражувања, The Economist Intelligence Unit (EIU) , пишува „Вистиномер“ во својот напис. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   И натаму главен...

Не е сеедно кој ја дава наградата

Некритичкиот однос на индивидуи, институции и невладини организации кон доделувањето разни награди поврзани со Руската Федерација, на што се надодава и посебно неаналитичкиот, па дури и дезинформациски пристап на медиумите при споделувањето на информациите за истите, може да има долготрајни и многу сериозни последици врз перцепцијата на граѓаните на руската агресија врз Украина, меѓутоа и многу погенерално, на вредносните...

Сојузот на средношколци подготви предлог за законско уредување на средношколската демократија

Лука Павиќевиќ
Сојузот на средношколци (ССРСМ) подготви предлог закон, според кој средношколското раководење и демократија ќе бидат токму во рацете на секој еден средношколец во државата. Според Сојузот, овој закон го регулира и демократизира ученичкото организирање за првпат во историјата на државата. Од ССРСМ истакнуваат дека Законот за средното образование кој е донесен во 1995 година е менуван и дополнуван вкупно 32...

Младите бараат модел што ќе ги мотивира да излезат на гласање, а за тоа е потребна демократска комуникација

Младите сакаат изборен модел кој ќе ги рефлектира нивните потреби и интереси и ќе ги мотивира да излезат на гласање, како и да гласаат за кандидат чиј успех ќе се мери според сработеното. Ова се ставовите на учесниците на дебатата  „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“ што неодамна се одржа во Собранието на Република Северна Македонија. На дебатата...

Фридом Хаус: Македонија со иста оценка како лани, во Западен Балкан владеат хибридни режими

Според најновиот извештај на невладината организација Фридом Хаус насловен „Држави во транзиција - од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“ во кој е анализирана состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција, Северна Македонија останува во категоријата „хибриден режим“ со истата генерална оценка како лани од 3,82, на скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на...

„Во потрага по хуманоста“ на Аи Веивеи во „Албертина Модерна“ музејот во Виена

Во музејот „Албертина Модерна“ во Виена на 16 март се отвори најсеопфатната ретроспективна изложба на познатиот кинески уметник и дисидент Аи Веивеи организирана досега. Изложбата „In Search of Humanity“ (Во потрага по хуманоста) ги носи на едно место неговите уметнички дела што се наоѓаат во различни колекции, заедно со неговите документарни филмови, и тоа во периодот кога Европа се...

Економист: Македонија од хибриден режим напредуваше во земја со нецелосна демократија

Угледното списание Економист во нивниот Индекс на демократија за 2021 година ја рангираше Северна Македонија во групата на „демократски земји со недостатоци“ или „нецелосна демократија“, што претставува искачување за едно скалило погоре во однос на досегашното рангирање на земјава како „хибриден режим“. Инаку, нашата земја со години наназад спаѓаше во категоријата „хибриден режим“. Економист ја рангирал состојбата со демократијата во...

Контраспин: Како Апасиев спинува за прашањето за современите дисиденти

Лидерот на Левица спинува во корист на Русија и Кина, безмалку претставувајќи ги како небаре демократски земји на ниво на Соединетите Американски Држави од гледна точка на степенот на демократија, притоа манипулирајќи со една единствена карактеристика на современите дисиденти, нивната популарност кај светската јавност, претставувајќи ја како пресудна за опстанокот на САД, на нејзината демократија и либерализмот воопшто, пишува...

Е-општество.мк: Напредокот со отворањето на податоците е под очекувањата

Објавувањето на отворени податоци во земјава доживува квалитетен прогрес во однос на почетоците пред осум години, но за жал не може да се каже дека е тоа очекуваното, бараното темпо. Иако бројките се многу повисоки отколку на почетокот, тоа не е сѐ, потенцира д-р Ирена Бојаџиевска. „Позитивни примери има, како „Отворени финансии“ на Министерството за финансии, но кога сѐ ќе...

Конференцијата „е-Општество.мк“ почнува на 30 ноември, во фокус демократијата во дигиталната ера

Фондацијата Метаморфозис годинава по 17-ти пат ќе ја организира годишната меѓународна конференција „е-Општество.мк“ во периодот од 30 ноември до 3 декември 2021 година. Годинешново издание е на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“. На конференцијата „е-Општество.мк“ ќе се сретнат експерти, активисти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко за да ги споделат своите...

Гледајќи напред и гледајќи назад – Искуство од регионалната соработка и вмрежување на граѓанските организации во Западен Балкан

Вмрежувањето на регионалните граѓански организации на Балканот стана сè поголем предизвик за повеќето организации вклучени во регионални иницијативи кои ги поттикнуваат човековите права, демократијата, доброто владеење, владеењето на правото, помирувањето или социоекономскиот развој. Може да се забележат најмалку три причини за оваа незавидна ситуација со која се соочуваат и формалните и неформалните регионални мрежи на граѓанските организации од 2020...

„Слушни ме“ – кампања што ги вади на површина потребите на младите во општините

Кога воздухот е исполнет со најавата за претстојните локални избори што беше пуштена во етерот пред некое време, неизбежно е да се поттикнуваат теми, иницијативи и настани поврзани со изборите. Изборите претставуваат симбол на демократските општества, во кои граѓаните имаат право на глас да го одредат својот предводник за одреден период кој следи. Локалните избори се одвиваат на локално ниво,...

Претседателот Пендаровски: Да ја вратиме довербата на граѓаните во државата преку јакнење на демократските институции и владеењето на правото

Да ја вратиме довербата на граѓаните во државата преку јакнење на демократските институции и владеењето на правото. Да им овозможиме на младите тука да го градат својот свет и да ги почитуваме различните од нас, како претпоставка за општество на рамноправни граѓани. Слободата се раѓа како идеа, се стекнува со борба, а се одржува преку напорите на секоја генерација,...

Борел: Во Русија отидов со добра волја, но земјата се оддалечува од Европа и демократијата

Во блог-пост на неговиот официјален блог, Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и заменик-претседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, пишува дека Русија со својата политика и однесување воопшто не покажале интерес за почитување на демократските вредности. Образлагајќи ги случувањата и мотивите за неговата посета на Москва, Борел смета дека Кремљ воопшто не се залага за обврските за почитување...

Светското движење за демократија со серија видеа го одбележува Светскиот ден на младите за демократија

Светското движење за демократија го одбележува Светскиот ден на младите за демократијата и како што велат оттаму идејата е да се одвои момент и да се истакнат достигнувањата на младинските активистите, како и да се препознаат нивните способности кога ќе им се пружи можност. „Оваа година бараме од луѓето и организациите да одговорат на прашањето „Што се случува кога демократијата...

НЕД: Продолжува борбата против расната сегрегација и дискриминација во САД

Бруталното убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник во Минеаполис предизвика гнев и без, какви што не се забележани во Соединетите американски држави повеќе од педесет години, уште од убиството на Мартин Лутер Кинг Џуниор, се вели во соопштението на Националниот фонд за демократија (НЕД) по повод последните случувања во САД. „Нашата демократија е ставена на тест...

Општините ќе ја јакнат локалната демократија со над еден милион франци

Во рамките на проектот за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) потпиша договор за соработка со 18 општини Центар, Куманово, Брвеница, Желино, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци, Могила, Ѓорче Петров, Тетово, Крушево, Вевчани, Зрновци, Чашка, Богданци, Битола и Берово. Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците од овие општини добиваат обуки и...

ИДСЦС: Граѓаните сметаат дека пратениците ги застапуваат личните и интересите на партијата

Над две третини (72 проценти) од испитаните граѓани сметаат дека пратениците во Собранието секогаш ги застапуваат интересите на нивните политички партии и своите лични интереси (78 проценти), покажува теренска анкета на Институтот за демократија спроведена на 1.000 испитаници за перцепциите на граѓаните и јавноста за работата на Собранието во периодот од јуни 2018 до април 2019 година. „Високи 62 проценти...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...