fbpx
Таг: Демир Капија

таг: Демир Капија

Започнува процесот на репрогласување на Демиркаписката клисура за споменик на природата

Клисурата во Демир Капија е дом на 149 видови на птици, или речиси половината од сите кои постојат на европското тло. Тоа е најдолгата клисура на реката Вардар, со должина од 19 километри и површина од 200 хектари. Како еден од најбогатите орнитолошки локалитети во Европа по застапеноста на ретки грабливи птици, во Демир Капија живеат белоглавиот мршојадец, египетскиот...

Настан во Демир Капија за нејзино прогласување за заштитено подрачје

Настанот „Од визија до реалност: „Демир Капија заштитено подрачје’“ кој ќе се одржи утре е првиот од низата културни настани преку кои јавноста ќе има можност да се запознае со иницијативата за прогласување на Демир Капија за заштитено подрачје. Со оваа иницијатива ќе се обезбеди активна заштита на демиркаписката клисура и долниот тек на реката Вардар со нејзините притоки. Информативниот...

Убиство и самоубиство во Демир Капија

Убиство и самоубиство се случиле утринава во Демир Капија. Според информациите на полицијата, станува збор за двајца соседи, односно 72-годишниот М.К., го убил својот 34-годишен сосед, а потоа извршил самоубиство. „Денеска во 06.50 часот во полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата...

Орев стар 150 години до станицата во Демир Капија го следи развојот на Македонските железници

Штом се симнеш од возот на железничката станица во Демир Капија, не можеш а да не ги забележиш високите крошни дрвја лоцирани пред самиот влез во станичниот објект, веднаш до неодамна изграденото детско игралиште. Дрвјата засадени пред железничката зграда одамна ја надминале нејзината висина, но малкумина знаат дека токму тие се стари исто колку што постојат Македонските железници во...

Клисурата Демир Капија шест децении е споменик на природата, но нема никаква заштита

Клисурата Демир Капија повеќе од шеесет години е споменик на природата, но во овој период ниту еднаш не бил донесен ниту план за управување, ниту, пак бил определен управувач. Граѓанската организација „Еко свест“ отпочнува иницијатива за репрогласување на овој локалитет како споменик на природата од трета категорија, исто како и Матка, според новиот закон за природа, за да можат...

МТСП: Вакцинирани 155 лица со попреченост и  55 вработени од Специјалниот завод Демир Капија​

Во Специјалниот завод Демир Капија беше извршена теренска вакцинација против Ковид-19 на лица со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените. Вакцинацијата ја изврши екипа на Здравствен дом Неготино, информираат од министерството за труд и социјална политика. Прва доза од вакцините против Ковид-19 добиле 155 корисници, од вкупно 171 корисник кои долгорочно престојуваат во установата. „По препорака од одговорниот лекар од...

Проработе патарината „Демир Капија“ на автопатот Скопје-Гевгелија, автомобилите ќе плаќаат 80 денари

Најновата наплатна станица „Демир Капија“ на автопатот Скопје-Гевгелија од 28 октомври е пуштена во употреба, потврдија за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Патарината на оваа наплатна станица чини 80 денари за автомобилите, мотоциклистите ќе плаќаат 50 денари, додека другите категории на возила ќе плаќаат од 130 до 340 денари. Патарината во Демир Капија е последната наплатна станица што...

Со новата наплатна кај Демир Капија, патарината Скопје – Гевгелија – Скопје ќе чини 720 денари

Новата патарина кај Демир Капија на автопатот на Коридор 10 ќе биде готова со изведба во наредните месец и половина. На оваа наплатна станица ќе се собира надоместокот за изминати километри на делницата од Градско до Демир Капија, а граѓаните за своите автомобили ќе плаќаат по 80 денари во еден правец. Висината на надоместокот за оваа патарина веќе е...

Специјалниот завод „Демир Капија“ ќе се затвори за една година

Планот на Министерството за труд и социјална политика е до 2021 година сите 189 лица со интелектуална попреченост кои сега живеат во специјалниот завод „Демир Капија“, да бидат сместени во групни домови. Процесот на деинституционализација треба да значително да го подобри живеењето на овие лица, кое е современа социјална услуга што овозможува корисниците да живеат во средина која личи...

Притвор од 30 дена за екс-градоначалникот на Демир Капија и соработниците

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, почнало истражна постапка против поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев и три други лица, за кои вчера извести Финансиска полиција. По барање на ОЈО ГОКК, судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на...

Екс-градоначалникот на Демир Капија подарил половина објект и Фондација на роднини

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев (61), во врска со малверзации со општински објект, како и против Т.П. (48), овластен проценител и П.М. (60) тогашен претседател на Совет на...

Поранешниот градоначалник на Демир Капија повикан на разговор во Финансиска полиција

Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина, јави „Алсат - М“. Според телевизијата, во периодот 2008-2009 година, објектот бил реновиран со 500.000 евра од ЕУ, а потоа бил продаден на роднина на градоначалникот Димитриев, за сума од 32.500 евра. Како што дознава „Алсат-М“, по продажбата, објектот бил...

Автопатот Демир Капија – Смоквица треба да обезбеди економски развој и безбедно патување

Со отворањето на 28,2 километри од автопатот Демир Капија – Смоквица го додадовме делот од Коридор 10 кој недостасуваше во земјата, рече генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон. Тој додаде дека овој автопат ќе го олесни движењето, ќе го поттикне економскиот развој и ќе обезбеди одржливо и побезбедно патување. Новата автопатска делница Демир...

Автопатот Демир Капија – Смоквица денеска ќе биде пуштен во употреба

По неколку одложувања, автопатот Демир Капија - Смоквица, денеска и официјално ќе биде отворен во 12 часот од страна на премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. На автопатот, наместо три, како што беше предвидено, ќе има две патарини - eдната кај Гевгелија, другата кај Демир Капија. Како што претходно информираше директорот на...

Пратеничката Лазарова од СДСМ повредена во верижна сообраќајка

Пратеничката Мери Лазарова од СДСМ, вчеравечер била причинител на верижна сообраќајка на патот Демир Капија - Удово, во која добила тешки повреди. Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, бил со неа, а во несреќата задобил лесни повреди, соопштуваат медиумите. Според официјалното соопштение, пак, од МВР, вчера околу 17.50 часот на патот Демир Капија – Удово, на место викано „Маркова чешма“, се...

Млад демиркапиец загина во сообраќајка во Демиркаписка Клисура

Во директен судир што се случил ноќеска на автопатот Скопје - Гевгелија, во Демиркаписка Клисура животот го загубил 24-годишен жител на Демир Капија. Како што соопшти полицијата, во 3.50 часот денеска се судриле автомобил „сеат леаон“ со неготински регистерски таблички, управуван од С.Ј.(24) од Демир Капија, и автомобил „мерцедес“ со скопски таблички, управувано од Ѓ.Ч. (65) од Скопје. Во судирот животот...

Алпинист од Чешка загина во Демиркаписката Клисура

Петр Шпеган, алпинист од Чешка, вчера го загубил животот откако, околу 12 часот, паднал од карпите кај тунелите кај Демир Капија, информираат од полицијата. Алпинистот паднал качувајќи се со јаже по карпите десно во кањонот, во тунелите на секторот Малчек Спалчек и починал на самото место.

Кривична пријава за жител на Корешница кој нудел поткуп за глас во Демир Капија

М.С. од село Корешница, Демир Капија, во Полициската станица Неготино пријавил дека С.Б. (43) од село Корешница му понудил пари за да гласа за еден од кандидатите за градоначалник на Демир Капија. Во Полициска станица Неготино во врска со настанот повикани биле неколку лица, а бил известен и јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и од Основно јавно обвинителство...

ВМРО-ДПМНЕ реагира за унапредување полицајци во Гевгелија и за автопатот Демир Капија – Смоквица

ВМРО-ДПМНЕ денеска на две прес-конференции го обвини владејачкиот СДСМ дека е во паника и за партиски интереси деградира и унапредува полицајци, како и дека намерно не го пуштил во употреба автопатот Демир Капија - Смоквица, иако бил готов. - СДС ги губи изборите и во Гевгелија. Затоа Спасовски е во паника и носи решенија спротивни на закон за да ги задоволи...

Автопатот Демир Капија – Смоквица ќе биде завршен до 28 февруари

Владата денеска го усвои предлогот за потпишување анекс на договорот за изградба на автопатска делница Демир Капија – Смоквица, со кој се продолжува времетраењето на договорот за изградба до 28 февруари 2018 година. Како што соопшти владината прес-служба, освен продолжувањето на рокот, анексот не предвидува дополнителни средства за градежните работи што треба да бидат изведени за завршување на автопатот. Градежните зафати...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...