fbpx
Таг: делегации

таг: делегации

Владина делегација положи свежо цвеќе во чест на бранителите

Владина делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска, пред „Споменикот на бранителите“ во паркот „Жена борец“ во Скопје, оддадоа почит и положија свежо цвеќе во чест на бранителите, кои учествуваа во вооружените борби на тетовското Кале, во воениот конфликт што се случи од 2001 година. На одбележувањето...

Oдбележана 19 годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Владино-државни делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддадоа почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски. Со државнички церемонии беше одбележана 19 годишнината од авионската несреќа, во која животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. „Владата е определена кон прогресивни политики што ги водат...

Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Државниот врв денеска ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа, како и екипажот на авионот, кој се урна кај Мостар, Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година. Делегација на Република Северна Македонија, составена од претставници на Владата, Кабинетот на претседателот и на Собранието положи венци свежо...

Делегации на Владата и на претседателот ја одбележаа 20-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај Љуботенски Бачила

Делегации на Владата на Република Северна Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија положија свежо цвеќе на неколку локации по повод 20 години од загинувањето на осумте припадници на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила. Делегациите од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија положија цвеќе пред спомен-обележјата во Општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во...

Илинден – Денот на Републиката се одбележа со церемонии во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево

Почнувајќи од Скопје, преку Пелинце и Смилево, до Крушево - центарот на Илинденското востание, денеска во земјава се одбележуваа двата јубилеја - 118 години од Крушевската република (1903 година ) и 77 години од Првото заседание на АСНОМ (1944 година) - како двата клучни настани за воспоставувањето на македонската државност.   Џафери говореше пред Собранието Програмата во Скопје, во организација на Собранието...

Положено цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел по повод Денот на победата над фашизмот

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерката за образование и наука, Мила Царовска, по повод 9 Мај - Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел. Покрај владината делегација, свежо цвеќе...

Делегации положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 118 години од неговото загинување

фото: влада
Делегации од кабинетот на Претседателот на РСМ, од Владата и од Собранието, како и од други институции, здруженија и граѓани, денеска положија цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, по повод 118 години од неговото загинување. Делегацијата од претседателскиот кабинет беше предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, а владината делегација од министерот за внатрешни работи Оливер...

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот

Денеска се одбележува 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. На 13 ноември, пред 73 години борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22. гренадирска германска дивизија, составена од 47. и 65. полк и делови...

Заев: На идните генерации треба да им дадеме причини за да го слават нашиот патриотизам

Нашиот патриотизам идните генерации ќе го слават само ако им дадеме повеќе причини за тоа, истакна премиерот Зоран Заев во својот говор на централниот настан од одбележувањето на 11 Октомври - Денот на народното востание, кој се одржа пред Споменикот на ослободителите на Скопје, во дворот на Владата. - Празнувањето на големите датуми и оддавањето чест на сите наши претходници...

Македонија го празнува 11 Октомври – Денот на антифашистичкото востание

Македонија денеска одбележува 76 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Востанието почна на 11 октомври 1941 година со нападот на Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок, а следниот ден, на 12 октомври, оружјето го кренаа и партизаните од Кумановскиот одред. Со тоа Македонија се приклучи на антифашистичката коалиција, а по четиригодишната Светска војна, со одлуките...

Политичката и мигрантската криза во фокусот на утрешната средба меѓу Иванов и Туск

„Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов и на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе бидaт заканата од илегална миграција со која се соочува Европа и политичката криза во Македонија по изборите во декември 2016 година“, информираат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, кој утре ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе престојува во...

Нова рунда преговори за Сирија во Казахстан, бунтовниците најавија бојкот

Во Астана, главниот град на Казахстан, денеска почнува новата рунда мировни преговори за Сирија, кои, како што јавуваат странските агенции, ќе бидат бојкотирани од сириските бунтовнички фракции. Портпаролот на сириската вооружена опозација, Осама Абу Заид, изјавил дека одлуката за бојкот е донесена бидејќи не се почитуваат ветувањата за прекин на огнот во Сирија, кој на иницијатива на Русија и на...

Вучиќ ја обвини Приштина за неуспехот на дијалогот и ги повика Србите да останат мирни

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја обвини делегацијата на Косово за неуспехот на последната рунда од дијалогот во Брисел и по тој повод побара реакција од високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Вучиќ ги повика Србите на Косово да останат мирни, да веруваат во својата држава и да не го напуштаат Косово,...

Денеска се одбележува 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Денеска Репубилика Македонија го одбележува 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба. По повод празникот делегации на Собранието и на Владата на Република Македонија денеска ќе положат венци свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО во паркот Жена-борец во Скопје. Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, напладне во свечената сала на Собранието на Република Македонија ќе...

Делегации положија цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот

Денеска, на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции положија цвеќиња пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што се случи во 1963 година. Цвеќиња во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија делегација на Градот Скопје, делегација на Владата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, делегација на Советот на Град Скопје, делегација од...

Скопје ја одбележува 53-годишнината од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 53-годишнината од катастрофалниот земјотрес, кој се случи на 26 јули 1963 година, а во кој животите ги загубија 1.070 луѓе и 3.000 беа повредени. По повод одбележувањето на годишнината, делегација на Собранието на Република Македонија, составена од пратениците Драган Данев, Владанка Авировиќ и Софија Куновска во 10 часот ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата во Бутел. Во исто...

Медиумите се на денешната преговарачка агенда на работните групи

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, денеска во 11.30 часот, во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, ќе разговараат за реформи во медиумите. Средбата доаѓа по вчерашната посета на германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл. Тој се сретна со лидерите на СДСМ, ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух...

Македонија ги слави двата Илиндена

Република Македонија денеска (2 август) ги слави двата најзначајни историски датума, одбележувајќи 112 години од почетокот на Илинденското востание во 1903 година и од Првото заседание на АСНОМ, во 1944 година. Централната манифестација за одбележување на празникот ќе се одржи во Крушево на Мечкин Камен, каде е предвидено полагање свежо цвеќе на споменикот на бранителите на Крушевската Република и обраќање...

Положени цвеќиња на Партизанските гробишта „Бутел“

Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и од претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“. На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Градскиот одбор на Сојузот...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...