fbpx
Таг: декларација

таг: декларација

Анѓушев и Љајиќ ќе ја олеснуваат трговијата помеѓу Македонија и Србија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев кој денеска е во официјална посета на Србија, одржа состанок со потпретседателот и министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ. Вицепремиерите, како што соопштуваат од кабинетот на Анѓушев, се договориле Владите до 30 јуни да ги потпишат и ратификуваат Меморандумот за соработка во областа на безбедност на храна и ветеринарнство и Меморандум за фитосанитарна соработка,...

Триесет општини ја потпишаа Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност

Уште седум градоначалници денеска ја потпишаа Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа, која беше составена на иницијатива на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Со потписите на градоначалниците на Аеродром, Боговиње, Врапчиште, Гази Баба, Желино, Ѓорче Петров и Карпош, бројот на потписниците на Декларацијата се зголеми на 30. Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ пред три недели достави писмо...

Рахој бара од каталонската влада да разјасни дали прогласила независност или не

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска на прес-конференција соопшти дека ќе бара од каталонската влада да разјасни дали Каталонија прогласила независност или не. Рахој рече дека се бара појаснување пред да биде преземена каква било акција, во согласност со членот 155 од уставот на Шпанија. Портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул, за „Радио Каталонија“ утрово изјавил дека доколку шпанската влада одлучи да...

Владата ги повика институциите да гарантираат слободни и фер избори

Во пресрет на локалните избори, Владата на својата 26. седница донела декларација за заложби за слободни и фер избори и усвоила упатства за постапување на министерствата и на инситуциите за време на изборен процес. „Со упатствата се утврдуваат и насоките за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државна управа и управни организации во врска со користењето на движните...

ССК потпиша договор за соработка со стопанската комора на Пекинг

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) потпиша договор за зајакнување на трговската и на економска соработка со Стопанската комора на Пекинг. ССК исто така потпиша декларација за воспоставување механизми на лидерите на носечките комори на земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во процесот 16 + 1 кој има цел да ја зголеми соработка на Кина со земјите од...

Реформаторите во Брисел ја презентираа декларацијата за eвропскa ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ во Брисел се сретнале со членови на Европскиот парламент од Европската народна партија (ЕПП), на кои им ја презентирале декларација „Европска ВМРО-ДПМНЕ за европска Република Македонија“ и декларацијата за демократизација и за модернизација на ВМРО ДПМНЕ. - Средбите што ги имавме во Брисел ја покажаа поддршката која ја имаме, не само меѓу...

Мемеди: Имплементацијата на точките од декларацијата оди добро

Донесување на законот за албански јазик, имплементација на точките од декларацијата на Албанците, разговорите што Македонија ги има со Грција, најавениот договор за добрососедство со Бугарија, биле темите на кои денеска било разговарано на средбата на албанските политички партии во Собранието. Иницијаторот на средбата за разгледување на точките од декларацијата помеѓу албанските партии, Весел Мемеди од НДП, денеска порача дека...

Едногласно усвоена предлог-декларацијата за забрзување на процесот за зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја усвои предлог-декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Комисијата бара предлог-декларацијата да биде ставена на дневен ред на посебна наредна седница. Во документот се наведува дека се потврдува натпартиската сплотеност околу заедничките напори за обезбедување позитивна клима за реализирање на стратешката определба за...

Димовски: Ќе гласаме за декларацијата, но не и за заклучоците за планот „3-6-9“

Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на седницата на Комисијата за европски прашања соопшти дека партијата ќе ја поддржи декларацијата за забрзување на реформските и на интегративните процеси, но не и заклучоците. Тој, исто така, побара во декларацијата да се вметне точка со која ќе се бара почитување на пресудата на Меѓународниот суд на...

Собранието треба да усвои декларација за забрзување на реформите од планот „3-6-9“

Комисијата за европски прашања на Собранието на денешната седница, на чиј дневен ред е реформскиот план на Владата „3-6-9“, треба да усвои декларација за забрзување на реформските и на интегративните процеси за зачленување на Македонија во Европската Унија и во НАТО. Целта на декларацијата, како што е наведено во образложението од Комисијата, е да ја „потврди консензуалната и надпартиска сплотеност...

Ахмети: Нема целата платформа да биде вклучена во владината програма

Декларацијата на албанските партии во Македонија нема да биде целосно имплементирана во новата програма на Владата од повеќе причини, кои се многу реални и искрени, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава дадена за неколку медиуми на албански јазик. Според Ахмети, најважно за Македонија е да стане членка на ЕУ и НАТО и да остане стабилна. - Што се однесува...

Усвоена Римската декларација за иднината на ЕУ

Шефовите на државите и на владите на земјите членки на Европската Унија во Рим ја усвоија Декларацијата за иднината на Унијата во која се нагласува дека ЕУ ќе остане неподелена. Освен тоа, во Декларацијата се вели дека ЕУ ќе напредува со различни брзини и сили во ист правец и дека ќе биде отворена за оние европски земји што ги почитуваат и вложуваат...

Османи: ДУИ го осудува обидот политичката криза да се префрли на меѓуетничка основа

ДУИ го осудува обидот, моменталната политичката криза да се префрли на меѓуетничка основа, изјави за „СДК“, портпаролот на партијата Бујар Османи, откако претседателот Ѓорге Иванов денеска не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да формира влада. - ДУИ го осудува обидот заедничката декларација на албанските партии во Македонија да се оквалификува како платформа на туѓа држава. Ова, како...

БЕСА: Не учествуваме на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација

Движењето Беса преку соопштение информираше дека не гледа никаква обврска да учествува на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација на албанските парти во Македонија. Од Беса велат дека средбата е само билатерален состанок помеѓу две албански партии во Македонија. „Движењето Беса стои на ставот дека и покрај тоа што некои политички експоненти – на инфантилен начин – ја...

Декларација на МАЕИ: Македонците во Албанија не се „Булгари“

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), политичкиот субјект на Македонците во Албанија, остро реагира на резолуцијата на Европскиот парламент и истакнува дека малцинството што живее во Албанија е македонско и дека тоа е официјално признаено во Мала Преспа, но, не и во регионот на Голо Брдо и Гора. МАЕИ денеска се огласи со Декларација, во која се истакнува дека...

Системите на УЈП блокирани, висат платите и даночните пријави

Системот на Управата за јавни приходи (УЈП) за поднесување годишни даночни пријави, но и системот преку кој се врши прием на декларации за плати не функционираат неколку дена, алармираат сметководителите. Поради овој проблем, тие не можат да го запазат рокот (25 јануари) за поднесување годишна даночна пријава, а не можат и да ги исплатат платите бидејќи декларацијата за плати најпрво...

Десет политички партии се обврзаа да го сменат Законот за абортус

Платформата за родова еднаквост ги повика сите политички партии да се обврзат дека по изборите ќе го сменат Законот за прекинување на бременоста од 2013 година. Декларацијата денеска ја потпишаа 10 политички партии: ВМРО - Народна партија, Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Достоинство, Левица, Либерална партија(ЛП), Либерално-демократска партија (ЛДП), Нова социјалдемократска партија (НСДП), Обединети за Македонија, Партија за целосна еманципација...

Величковски: Се надевам дека и СДСМ ќе прифати договор за изолација на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, го поздравува ставот на Левица, сите опозициски партии да потпишат декларација со која ќе се обврзат дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ во владата по изборите на 11 декември. Величковски вели оти се надева дека идејата ќе биде прифатена и од СДСМ. „Денеска од медиумите разбравме дека предлогот на Либералната партија, услов за соработка со други опозициски партии...

Зелените партии од Југоисточна Европа презентираа Декларација за зелена економија

Зелените партии на Македонија, Србија и на Бугарија одржаа меѓународна конференција на тема „Новинарите и креаторите на политиките ја подобруваат зелената економија“. Во фокусот на настанот беше зелената, односно циркуларната економија. - Зелената економија е еден нов аспект на економија, кој е еден чекор понатаму во еволутивниот развој на економијата. Тоа значи дека со користење минимални природни ресурси, се изведуваат економските...

МНР: Не патронизираме, туку работиме на добрососедски односи со Бугарија и Грција

Министерството на надворешни работи на Македонија се фокусира на зајакнување на добросеседските односи со Бугари и Грција преку реални проекти, а не преку патронизирање, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи, како реакција на декларацијата на Софија и Атина во која испратија индиректна порака до македонската влада да се придржува до европските принципи за владеење на правото и демократските...

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...