fbpx
Таг: дефект

таг: дефект

Поради дефект, без вода останаа повеќе скопски населби

Поради дефект во Општина Центар оставени се без вода дел од Крњево, Керамидница, ТЦ Ист Гејт, Бул.Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил и Пожарна, додека намален притисок вода има во Маџари и Хиподром. Од ЈП водовод и канализација известуваат дека екипите се излезени на терен со целосна механизација и системски работат на отстранување на дефекот. Моментално нема точно предвидено...

Сите институции во зградата на поранешна „Нова Македонија“ три дена дена немаат струја

Поради посериозен дефект во електричната мрежа, зградата на поранешна „Нова Македонија“ веќе три дена нема струја, потврди ЕВН. Во оваа зграда се сместени повеќе министерства, еден инспекторат, една комисија, една управа, како и неколку државни агенции. Од ЕВН велат дека тие се надлежни за мрежата до броилото, а во зградата имало „внатрешен дефект“ за што немаат надлежност, но сепак помагаат...

Приземјени сите летови во САД поради дефект на системот за контрола на лет

Сите домашни летови во САД беа приземјени неколку часа поради дефект со системот за контрола на летот, јавија светските медиуми. Американската Федерална управа за авијација соопшти дека настанал проблем со системот што ги предупредува пилотите за потенцијални опасности за време на летовите, критичен систем за воздухопловната безбедност. „Гардијан“ јави дека биле одложени повеќе од 2.500 летови во, кон или надвор од...

Вработените во РЕК Битола го санираа дефектот, блок 1 ставен во функција

Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција, информираа во Електрани на Северна Македонија. Оттаму појаснуваат дека постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем. „Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен“, велат...

Општина Карпош ќе излезе на терен, кејот на Вардар ќе биде повторно осветлен

На кејот на Вардар во скопската општина Карпош е регистриран дефект на уличното осветлување и поради тоа велосипедската и пешачката патека се неосветлени на потегот од мостот „Обединети Нации“ до мостот кај хотелот „Александар Палас“, информираа денеска за Мета.мк од Општина Карпош. „Екипи на општина Карпош во текот на денот ќе излезат на терен да го санираат дефектот“, велат од...

Драчево и околните села од вчера се без вода за пиење поради пукната цевка

Драчево, Усје, Батинци, Долно Лисиче, Студеничани и Моране од вчера се без вода за пиење поради пукната водоводна цевка на булеварот „Борис Трајковски“. Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје велат дека настанал дефект на цевка со профил Ф600, поради што дошло до прекин на водата за приградските населби од овој дел на Скопје. „При санацијата на дефектот, беа откриени уште неколку...

Вистиномер: Не е точно дека новиот водовод во Тетово носи повеќе штета, отколку корист

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на изјавата на тетовскиот градоначалник за новиот водовод во Тетово: Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, пред медиумите даде невистината изјава во која вели дека проектот за Лешнички водовод е катастрофален и носи повеќе штета, отколку корист. Ми приложија од ЈКП дека се осум проблематични точки на целиот довод на цевката од Лешница до...

Снабдувањето со струја нормализирано во југозападниот дел од земјава

Неколку часа откако југозападниот дел на земјава се соочи со прекин во снабдувањето со електрична енергија, МЕПСО успеа да ги санира дефектите на двата далноводи кои испорачуваат струја на Дебар, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и околните населени места. Од МЕПСО велат дека причина за прекин во снабдувањето со електрична енергија биле обилните врнежи од снег, коишто предизвикале дефект на далноводите....

ЕСМ: Неофицијално, причина за пожарот во РЕК Битола е висок напон

РЕК Битола фото: ЕСм
Стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на колеги од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола кој беше оштетен во пожарот минатиот петок, соопшти АД ЕСМ. Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот...

ЕСМ: РЕК Битола 1 исклучен поради скината цевка, се очекува денеска да проработи

АД ЕСМ соопшти дека првиот блок на РЕК Битола денеска бил плански исклучен поради скината цевка, а со очекува повторно да биде ставен во функција вечерва по отстранувањето на проблемот. Инаку, Блок 2 на РЕК Битола е во ремонт, а Блок 3 е исто така вон функција, поради минатонеделниот пожар на неговиот трансформатор. Сепак, се очекува до крајот на неделава...

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре без вода

Голем број населби во северниот дел на Скопје утре ќе бидат без вода, поради интервенција за отстранување дефект, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје. Поради интервенција на затворач Ф500мм на крстосницата на ул.Цветан Димов и ул.Џон Кенеди, водата ќе биде сопрена утре во 8 часот. Поради тоа без вода, сè до успешното отстранување на дефектот, без вода ќе бидат цела...

Саниран дефектот поради кој половина Скопје остана без вода

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информира дека дефектот на булевар Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цевка од ф1400мм, е саниран а граѓаните имаат нормализирано водоснабдување. Од таму додаваат дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, непрекинато работеле на отстранување на овој дефект и во рекордно време го отстраниле истиот. „Ваквите дефекти се навистина многу ретки,...

Голем дефект на водоводната мрежа во Скопје: Половина град ќе остане без вода

ЈП „Водовод и канализација“, Скопје информира дека како разултат на голем дефект на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, голем дел од корисниците од град Скопје ќе имаат прекинато водоснадување или намален притисок. „Имено станува збор за дефект на ф500мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1400мм, а со тоа голем дел од град Скопје ќе...

Железница мака мачи со сервисирањето на кинеските возови, возниот ред едвај се одржува

И покрај тоа што летово не сообраќаа брзиот воз Скопје-Приштина-Скопје и експресните возови за Белград и Солун, Железници на РСМ-Транспорт едвај го одржува актуелниот возен ред со само 15 предвидени поаѓања на возови дневно од скопската железничка станица. Изминатово лето 40 дена не сообраќаше патничкиот воз меѓу Скопје и Кочани поради поправка на расипаната локомотива што го влечеше овој...

Половина од кинеските возови се неисправни и четврта година се без технички прием

Не само еден, туку половина од шесте нови кинески гарнитури веќе се неисправни. Оваа информација ја објави вицепремиерот Кочо Анѓушев во вчерашното интервју за телевизија „Сител“. Новите возови веќе четврта година по ред сообраќаат без извршен технички прием, поради тоа што од кинескиот производител се доставени со помалку седишта за патниците од она што било предвидено во тендерската документација...

Експресниот кинески воз за Битола „времено“ е укинат веќе цела година, прескапа била поправката

Експресниот воз „Хераклеа“ на релацијата Скопје - Битола е укинат веќе една година, без најави за негово повторно враќање во сообраќај. И покрај бројните реакции на граѓаните за повторно воведување на овој воз, од Железници на РСМ - Транспорт велат дека еден од новите кинески возови е расипан и неупотреблив за сообраќај. - Поради високата цена за поправка како и...

Печката на Дрисла е исклучена, црниот чад е од дефектот на филтерот, велат од Инспекторатот

Црниот чад што излегува од оџаците на депонијата Дрисла е поради дефект на филтерот, велат за „Мета“ од Државниот инспекторат за животна средина. „Се работи за дефект на филтерот. Дефектот не е голем, туку се појавила пукнатина по што од Дрисла пријавиле до инспекторатот. Дрисла го има делот што треба да се замени и најдоцна за 15 дена ќе биде...

Двокатните панорамски автобуси на ЈСП биле демонтирани за да се поправат другите

За да ги одржува затворените двокатни автобуси, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје било принудено да вади делови од панорамските автобуси.  Од претпријатието велат дека мора така да се постапува поради тоа што не е обезбедено сервисирање за автобусите, известува „Порталб“. Портпаролката на ЈСП Скопје, Деспина Трајковска, вели дека поголемиот број од новите градски автобуси кои се пуштаат во сообраќај постојано...

Поради дефект, центарот на Скопје утрово без парно

Поради санација на дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топланата „Исток“ што води кон строгиот центар на градот, корисниците во овој реон утрово се без греење, соопштија од „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Екипите на одделот за дистрибуција со топлина на БЕГ се на терен и забрзано работат на саниција на дефектот, велат од компанијата. Според проценките, се очекува...

Охридска болница: Тврдењата на Шахпаска се лага, немаше дефект на санитетските возила

Транспортот на новороденчиња, итната медицинска помош при Здравствениот дом Охрид го врши со санитетски возила кои ги исполнуваат сите светските и европски стандарди, во кои, меѓу другото, спаѓаат и приклучоци за инкубатор и друга медицинска опрема, стои во демантот на охридската болница на наводите од вчерашната прес-конференција на пратеничката во Собранието и претседател на комисијата за здравство на СДСМ,...

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...