fbpx
Таг: Дебар

таг: Дебар

До 12 часот регистрирани 29 нови случаи на корона вирус, вкупно 114 заразени

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до денес до 12 часот изнесува 114. Најголем дел од новорегистрираните случаи се во Скопје, вкупно 22. Во Штип се регистрирани 3 нови случаи, 2 во Дебар и по 1 во Куманово и Охрид. Според...

Скопје е новото жариште на Ковид -19 во Македонија

До 21 часот денеска се регистрирани уште 6 лица позитивни на корона вирусот, информираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи. Бројката на регистрирани заболени во Македонија сега е 76, со тоа што денеска беа регистрирани рекорден број на случаи од почетокот на заразата во земјава, вкупно 28. Со тоа бројот на регистрирани заболени во Скопје (40) го...

Бројот на заболени е 48 лица, се подготвува план и за болницата „8 Септември“

До 16 часот денеска во нашата земја се регистрирани шест нови случаи на пациенти со корона вирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Вкупниот број на заболени сега е 48, а се подготвува план за ставање во функција на болницата „8 Септември“. - Во Штип за прв пат е дијагностициран вирусот кај девојче на возраст од четири години. Семејството се...

Четиригодишно девојче од Штип со корона вирус

До 16 часот денеска дијагностицирани се шест нови пациенти заболени со корона вирус. Едно од заболените лица е четиригодишно девојче од Штип, кое се инфицирало во градинка во Англија, информираат во Министерството за здравство (МЗ). - Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало...

Филипче: Бројот на заболени сега е 35, се прават анализи на уште 30 лица

До 12 часот денеска, вкупната бројка на заболени лица со корона вирус во земјава е 35, иформира на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Доцна синоќа биле изработени резултатите на четворица пациенти кои се позитивни, а биле во врска со четворицата лица од Дебар кај кои вчера беше дијагностициран вирусот. - Сите новодијагностицирани се со лесна клиничка слика, а стабилна...

Д-р Арбен Аголи: Позитивни сме, а немавме никакви симптоми освен благата малаксаност на мојот колега

Кога забележав дека мојот колега доктор, со кого работиме заедно во педијатриската ординација, чувствува малаксаност, побарав и инсистирав да направиме сите вработени тест за корона вирус. Тестовите се позитивни - вели за „Мета.мк“ д-р Арбен Аголи од Дебар, кој на својот фејсбук профил информира дека тој и неговите соработници се позитивни на корона вирусот. Го прашавме како се чувствува...

Двајца доктори и две медицински сестри од Дебар заразени со корона вирус

Бидејќи персоналот е позитивен на корона вирус, од утре амбулантата во Дебар е под карантин. Ова на својот профил на Фејсбук го објави д-р Арбен Аголи, доктор педијатар од Дебар. Информацијата ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче, кој на својот профил на Фејсбук напиша дека станува збор за двајца доктори и две медицински сестри. „Попладнево на корона вирус...

Дебар не остана без епидемиолог

Насловот „Дебар остана без епидемиолог, градоначалникот Дука бара итно да се зголеми медицинскиот персонал“ дезинформира, иако, извор на информацијата дека болницата во Дебар останала без епидемиолог, е градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, пишува „КриТинк“. Информацијата ја демантираше и Министерството за здравство, од каде што беше посочено дека во дебарска болница има епидемиолог и не недостасува персонал. Текстот е објавен на...

Вонредната состојба во Србија под нивото на мерките во Македонија

Има голема разлика помеѓу мерките што се преземаат во Србија во обид да се сузбие ширењето на новиот корона вирус COVID-19 и мерките што ги презема Северна Македонија, пишува „360 степени“. Во Белград, на пример, по воведувањето вонредна состојба, кафе-баровите и рестораните не се затвораат, туку ќе работат од 8 до 20 часот. На граѓаните на Србија никој не може...

Седуммина со симптоми се тестираат за корона вирусот, најголем дел повратници од странство

Седум нови пациенти од Тетово, Кичево, Штип, Куманово и од Охрид кои денеска се јавиле со симптоми на покачена телесна температура се тестирани за корона вирус и во текот на денот ќе ги соопштиме резултатите, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави примена на нови заклучоци и мерки кои биле договорени со директорите на скопските клиники, како и...

Шест нови заболени со корона вирус, се затвараат гранични премини, се забранува работата на кафулињата и обложувалниците

Шест нови пациенти се позитивни на корона вирус, со што вкупната бројка на заболени се искачи на 19 лица, сосе првата пациентка која веќе е излечена, информира вечерва на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Како реакција на ваквите случувања владата воведува построги мерки за заштита на населението што вклучува затворање на гранични премини, забрана за работа на кафетерии,...

Вкупниот број на заболени од корона вирусот во Македонија достигна 13, најголем дел се од Дебар

Денеска во земјава се регистрирани четворица нови заболени со корона вирусот со што вкупната бројка на регистрирани заболени во Македонија достигна 13, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Сите четворица се од регионот на Дебар и се поврзани со брачната двојка кај која вирусот беше откриен на 6 март по нивното враќање од Италија. На жената од брачната двојка...

Можно е воведување на карантин во Дебар и Центар Жупа, поради спречување на ширење на корона вирусот

Владата препорача дополнителни мерки за заштита од ширење на коронавирусот во општина Дебар и Центар Жупа. Министерството за здравство ќе објави соопштение за можноста од воведување карантин на територијата на општините Дебар и Центар Жупа. „Во однос на новонастанатата ситуација и локалната трансмисија со ширењето на болеста COVID-19 на територијата на општините Дебар и Центар Жупа, се задолжува Министерството за...

Сопружниците од Дебар со корона вирус од Италија се возеле со 40 патници кои се симнале и во Скопје и во Куманово

Имаме два нови случаи позитивни со корона вирусот, тоа се двајца сопружници на 62 и на 68 годишна возраст кои овде стигнале на 27 минатиот месец од Северна Италија, информира министерот за здравство Венко Филипче. - После влезот во земјава, од автобусот патници се симнале во Куманово, во Скопје и во Дебар. Сопружниците немале никакви симптоми, но на 2 март...

Гостивар има инвестирано најмногу за проблемот со кучињата скитници (инфографик)

„Порталб.мк“ го истражуваше третирањето на проблемот со кучињата скитници во Гостивар, Дебар и Тетово. Резултатите покажуваат дека најефикасни чекори има преземено општина Гостивар. Земајќи го во предвид бројот на жители и горливиот проблем со кучињата скитници, средствата предвидени за овој проблем од општина Дебар и Тетово се недоволни. Присуството на кучињата скитници во секое ќоше од градовите во Полошкиот регион,...

Во Охрид, Дебар и Гевгелија се трите најнетранспарентни судови во Македонија (инфографик)

Основните судови Охрид, Дебар и Гевгелија се судовите кои најмалку ги исполниле показателите за пристапност, совесност, интегритет и транспарентност. Ова го покажува истражувањето на ACTION SEE,со кое беше измерено нивото на отвореност на институциите во текот на 2016/17/18 година,  а се заснова на горенаведените индикатори. Во 2016 година, најзатворен, односно најнетранспарентен суд бил Охридскиот, кој исполнил само 24,78% од индикаторите. Во...

Лавина од снег го блокираше патот Маврово – Дебар

Поради лавина од снег сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива наизменично по една коловозна лента. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека лавината се наоѓа кај местото викано „Врбјанска раскрсница“ и оти се појавила околу 13.20 часот Ова е втор пат овој патен правец за кратко време да го блокира лавина. Пред извесно време лавина со снег имаше кај Бигорскиот...

ОЈО: Се уште нема осомничен за тројното убиство во Дебар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар издал наредба за обдукција на тричленото семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка кои беа убиени во Дебар. Обвинителот издал и наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место, информираат од ОЈО. „По наредба на јавниот обвинител беа земени парафински ракавици и беше извршен претрес во...

Во Дебар тројно убиство на сопружници и нивната малолетна ќерка

Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека врши увид во приватна куќа во Дебар каде што се пронајдени безживотни тела на три лица. Според првичните сознанија на обвинителството, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија. Сторителот засега е непознат. Надлежен јавен обвинител е...

Полицијата спречила криумчарење на 143 килограми марихуана

Во две одвоени акции, Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спречила криумчарење на околу 143 килограми марихуана, при што приведени се осум лица. Шестмина се македонски државјани, а другите двајца албански државјани, соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБМ), Лазо Велковски на денешната прес конференција во МВР. Во првиот случај, од Албанија преку Македонија во Грција требало да бидат...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....